Пјер Ролан (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пјер Ролан
Лични податоци
Цело име Пјер Ролан
Роден 10 октомври 1986 (1986-10-10) (воз. 29 г.)
Жијан, Франција
Висина 1,84 м[1]
Маса 71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Канондејл
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување / Универзален возач
Аматерски клубови
2005
2006
Супер Спорт 35
Кредит Агрикол (стажант)
Професионални клубови
2007–2008
2009–2015
2016-
Кредит Агрикол
Ббокс Буиг Телеком
Канондејл
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2011)
2 индивидуални етапи (2011, 2012)

Етапни трки

Сиркут де ла Сарт (2013)
Вуелта а Кастилја и Леон (2015)
Последна промена
19 јули 2016

Пјер Ролан (француски: Pierre Rolland; р. 10 октомври 1986 во Жијан) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Канондејл.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ролан вози за победа на Алп д’Ез, 19. етапа на Тур де Франс 2011

Ролан станал професионалец во 2007 за Кредит Агрикол по возењето за екипата како стажист во доцната 2006. Во неговата прва сезона како професионалец, тој освоил етапи на Ла Тропикал Амиса Бонго и Тур ду Лимузин. Во 2008 тој го освоил планинскиот пласман на Критериум ду Дофине Либере.[2] На Летните олимписки игри 2008, Ролан се натпреварувал на друмската трка, но не успеал да заврши. Во 2010 тој освоил етапа на Сиркут де Лорен и завршил осми на Критериум ду Дофине.

Во текот на Тур де Франс 2011, Ролан добил признание за неговата силна работа во одбрана на жолтата маичка на Тома Веклер. По 14. етапа на Трката, Ленс Армстронг го нарече Ролан, како „рокѕвезда“.[3] Ролан ја освои 19. етапа на врвот на Алп д’Ез, победувајќи го олимписки златен победник Самуел Санчез и трикратниот победник на Тур де Франс Алберто Контадор.[4] Победата му ја донело и белата маичка, која успешно ја одбранил на 20. етапа. Го завршил Тур 10. во крајниот пласман, негов најдобар пласман во кариерата.

На Тур де Франс 2012, Ролан ја освоил етапата 11, етапа која завршувала на нагорнина во Ла Тусујар/Ле Сибел.[5] Завршил на Тур на осмото место во генералниот пласман, негов најдобар плсман и највисоко место на некој Французин таа година.

На Џиро д’Италија 2014, Ролан завршил четврти во генералниот пласман, негов најдобар пласман на некоја голема трка.[6] Исто така, завршил на 11. место на Тур де Франс.

Во 2015 година, првиот успех на Ролан бил победата на Вуелта а Кастилја и Леон, која ја освоил по победите на третата и последната етапа.[7]

На 27 август 2015 година било објавено дека Ролан ќе се приклучи на Канондејл за сезоната 2016.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 2 Тур ду Лимузин
2. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
2008
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Критериум ду Дофине Либере
2009
3. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
2010
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Критериум Интернасионал
2. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 4
8. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
2011
10. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 19[9]
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2012
1. Етапа 3 Етоал де Бесеже
8. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 11
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4
3. Париз-Камемберт
10. Краен пласман Џиро дел Трентино
2014
4. Краен пласман Џиро д’Италија
2015
1. Jersey white.svg Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 3
10. Краен пласман Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 19
2016
10. Краен пласман Критериум ди Дофине

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро  —  —  —  —  — 4  —  —
Jersey yellow.svg Тур 21 58 10 8 24 11 10
Jersey red.svg Вуелта  — СО  —  —  —  — 50

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Пјер Ролан“. 
  2. [1]
  3. http://www.cyclingnews.com/news/voeckler-a-tour-de-france-contender-says-armstrong
  4. [2]
  5. „Вигинс и Фрум до првите две места“. BBC Sport. BBC. 12 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/18819093. конс. 18 јули 2012 г. 
  6. Питер Косинс. „Mezgec wins first Grand Tour stage“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 1 јуни 2014 (конс. 2 јуни 2014 г).
  7. Кастилја и Леон: Ролан ја обезбеди титулата на трката“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 20 април 2015 (конс. 20 април 2015 г).
  8. Пјер Ролан потпиша за Канондејл-Гармин“, „Cyclingnews.com“, 27 август 2015 (конс. 27 август 2015 г).
  9. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-19/results

Надворешни врски[уреди | уреди извор]