Лука Паолини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лука Паолини
Паолини на Омлоп Хет Ниувсблад 2013
Лични податоци
Цело име Лука Паолини
Прекар Ил Џерва (Il Gerva)
Роден 17 јануари 1977 (1977-01-17) (41 г.)
Милано, Италија
Висина 1,74 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Професионални клубови
2002
2003–2005
2006–2007
2008–2010
2011–2015
Мапеи-Квик Степ
Квик Степ-Давитамон
Ликвигас
Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо
Катјуша
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2006)

Еднодневни трки и класици

Гент-Вевелгем (2015)
Џиро дел Пиемонт (2002)
Брабант Пејл (2004)
Омлоп Хет Ниувсблад (2013)
Последна промена
24 јануари 2016

Лука Паолини (италијански: Luca Paolini; р. 17 јануари 1977 во Милано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин. Ја започнал неговата спортска кариера во почетокот на 2000-тите со придружувањето на Мапеи-Квик Степ (2000-2002), екипата предводена од Патрик Лефевр. Во рамките на Мапеи-Квик Степ и потоа во екипата Квикстеп (2003-2005), Лука Паолини забележал голем број на победи. Меѓу нив се, првите места на Гран Премио ди Лугано, Џиро дел Пиемонт и Гран Премио Бруно Бегели. Станувајќи помошник на познатиот Паоло Бетини, тој исто така освоил етапи на Трката околу Британија и Тур де Валони.

Кариера[уреди | уреди извор]

Паолини во розевата маичка на Џиро д’Италија 2013

Сезоните 2006-2007 и 2008-2010, Лука Паолини ги поминал во две италијански велосипедски екипи - Ликвигас и Аква & Сапоне, соодветно. Како нивен член, тој победил на некои етапи на Вуелта а Еспања и Три дена Де Пане, ги освоил еднодневните трки ГП Сита ди Камаиоре, Трофео Лаквалија, Копа Плаки, како и Копа Барноки. Во меѓувреме, неговите големи победи го привлекле вниманието од институциите задолжени за антидопинг. Бидејќи неговото име се појавило во снимените телефонски разговори со Иван Басо и неговата сестра Елиса, тој бил обвинет за нелегално користење на лекови[1]. Во септември 2006, домот на Паолини бил пребаруван во истрагата за допинг, која била наречена Operazione Athena[2] – меѓутоа не нашле докази, кои би довеле до покренување на обвинение, па така Ликвигас одбиле барањето да го суспендираат[3].

Во 2011, потпишал со руската екипа Тим Катјуша, каде бил помошник на Филипо Поцато, како на класиците, така и на големите трки. Меѓутоа, поради слабите резултати на Поцато и повредите во 2011, тој се приклучил кон другите совозачи и поставил одредени свои цели во групата. Есента 2011, завршил трет на Џиро дел Пиемонт, земајќи го неговиот прв подиум за Тим Катјуша[4].

Во 2013 година, Паолини го освоил Омлоп Хет Ниувсблад откако се одвоил од водечката група со возачот на Омега Парма-Квик Степ Стејн Ванденберг. Двоецот опстанал пред групата, а Паолини победил во спринтот откако Ванденбург презел долги смени во последните километри.[5] На Милано-Сан Ремо, Паолини завршил во водечката група на петтото место, откако возачот на МТН Кубека Гералд Чолек ја освоил трката.[6]

Во 2015 година, Паолини го освоил ветровитото и тешко издание на Гент-Вевелгем, каде само 39 возачи од вкупно 160 ја завршиле трката. Паолини нападнал од малата група на бегалци на пет километри пред целта и ја искористил неорганизираната потера за соло-победа.[7] Во мај било објавено дека договорот на Паолини со Катјуша бил продолжен за една година, до крајот на 2016 година.[8] На Тур де Франс, Паолини се покажал позитивен за кокан и бил исфрлен од трката по седмата етапа.[9]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1999
2. Џиро дел Мендрисиото
2000
1. Етапа 1 Тур де л’Авенир
1. Етапа 3 Тур де Норманди
Планински пласман Трка околу Данска
2001
1. ГП ди Лугано
2002
1. Џиро дел Пиемонт
2003
1. ГП Бруно Бегели
2. Копа Сабатини
3. Милано-Сан Ремо
3. Брабант Пејл
2004
1. Брабант Пејл
3. ГП Чита ди Камаиоре
3. Светско друмско првенство
2005
Трка околу Британија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 3 Тур де Валони
2. HEW Класик
2006
1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
1. ГП Чита ди Камаиоре
3. Милано-Сан Ремо
3. Копа Берноки
2007
1. Етапа 1 Три дена де Пане
3. Џиро дела Ромања
3. Трка околу Фландрија
2008
1. Трофео Лаигвелја
1. Копа Плаки
2. Џиро дел Пиемонт
3. Париз-Брисел
6. Гент-Вевелгем
2009
1. Копа Берноки
2. Меморијал Чимури
3. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
3. Џиро дел Венето
4. Џиро ди Ломбардија
2010
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Бодовен пласман
3. Копа Агостони
2011
3. Џиро дел Пиемонт
2. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
10. ГП Бруно Бегели
2012
2. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
2. Џиро дел Пиемонт
4. Гран при Квебек
7. Трка околу Фландрија
9. Олимписка друмска трка
2013
1. Омлоп Хет Ниувсблад
1. Етапа 3 Џиро д’Италија
5. Милано-Сан Ремо
8. Е3 Харелбеке
2015
1. Гент-Вевелгем

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 59 111 111
Jersey yellow.svg Тур 69 101 108 136 СО
Jersey red.svg Вуелта СО СО СО 135 107

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Т-Мобајл: „Направи го правилно или не прави го воопшто““. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2006/sep06/sep29news. посет. 29 април 2012 г. 
  2. „Операцијата Атина не е готова за Паолини“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2007/may07/may01news4. посет. 2 јануари 2008 г. 
  3. „Ликвигас го враќа Паолини по пребарувањето во неговиот дом“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2006/sep06/sep29news. посет. 2 јануари 2008 г. 
  4. „97. Џиро дел Пиемонт - Гран Пиемонт“. Dailypeloton.com. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=19440. посет. 28 април 2012 г. 
  5. Едвард Пикеринг. „Het Nieuwsblad analysis: Two against eight – how Omega Pharma won, then lost the race“, „Cycle Sports“, IPC Media, 23 февруари 2013 (посет. 26 март 2013 г).
  6. Рајан, Бери (17 март 2013). „Sagan rues missed opportunity at Milan-San Remo“. Cycling News. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/sagan-rues-missed-opportunity-at-milan-san-remo. посет. 18 март 2013 г. 
  7. Најџел Вин. „Лука Паолини го освои изданието за паметење на Гент-Вевелгем“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 29 март 2015 (посет. 29 март 2015 г).
  8. Емил Акселгард. „Paolini re-signs with Katusha for another season“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 25 мај 2015 (посет. 26 мај 2015 г).
  9. Paolini informed of cocaine positive at Tour de France“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 10 јули 2015 (посет. 10 јули 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]