Ајмар Зубелдија
Зубелдија на Тур де Франс 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Ајмар Зубелдија Агире | ||
Роден | 1 април 1977 Усурбил, Шпанија | ||
Висина | 1,79 м[1] | ||
Маса | 68 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
1998–2008 2009 2010–2011 2012–2017 | Еускалтел-Еускади Астана Тим РадиоШек РадиоШек-Нисан | ||
Значајни победи | |||
|
Ајмар Зубелдија Агире (шпански: Haimar Zubeldia Agirre; р. 1 април 1977 во Усурбил, Баскија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1998-2017 година.[2] Во текот на кариерата, Зубелдија забележал пет завршници меѓу најдобрите десет на Тур де Франс и една на Вуелта а Еспања.
Кариера
[уреди | уреди извор]Зубелдија станал професионалец во 1998. Тој е постојан возач на UCI ProTour особено на големите трки и етапните трки. Неговата екипа го смета како силен искачувач и специјалист за хронометри.[3]
Првиот успех го имал во 2000, кога завршил 2. на Критериум ду Дофине Либере во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач. Завршил 4. на истата трка во 2002.
На Тур де Франс, највисокиот пласман на Зубелдија бил 5. во 2003 и повторно во 2007. На Тур 2003 имал неколку прекрасни завршници против Ленс Армстронг и Јан Улрих во планините и хронометарот. По овие силни настапни, тој завршил 15. и 8. на Тур де Франс во 2005 и 2006 соодветно. Завршил 16. на Тур де Франс 2011. Зубелдија се покажал силно на Вуелта а Еспања, каде завршил 10. двапати во 2000 и 2002.
И покрај високите пласмани, Зубелдија нема освоено ниедна трка во тој период; по неговата победа во 2000 на Вициклета Васка, поминало 10 години додека не победил повторно, до победата на Тур де л’Ен во 2010.[4]
Во 2014 година, Зубелдија станал шпански возач со најмногу настапи на Тур де Франс, рекорд претходно држен од петкратниот победник Мигел Индураин и Хосе Висенте Гарсија. Во својата кариера, Зубелдија имал 29 настапи на големите трки - 16 на Тур де Франс, 12 на Вуелта а Еспања и 1 на Џиро д’Италија. Од нив завршил на 26 трки.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2000
- 1. Краен пласман Еускал Бициклета
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2001
- 7. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2002
- 4. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 11. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2003
- 5. Краен пласман Тур де Франс
- 3. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 2004
- 3. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 5. Краен пласман Еускал Бициклета
- 2005
- 7. Класика де Сан Себастијан
- 15. Краен пласман Тур де Франс
- 2006
- 8. Краен пласман Тур де Франс
- 8. Краен пласман Еускал Бициклета
- 10. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 2007
- 5. Краен пласман Тур де Франс
- 2008
- 9. Класика де Сан Себастијан
- 2009
- 1. Етапа 4 Тур де Франс
- 3. Краен пласман Волта а Каталуња
- 8. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 2010
- 1. Краен пласман Тур де л’Ен
- 1. Пролог
- 4. Класика де Сан Себастијан
- 4. Гран при Монтреал
- 2011
- 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 16. Краен пласман Тур де Франс
- 2012
- 6. Краен пласман Тур де Франс
- 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 10. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 10. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2014
- 7. Класика де Сан Себастијан
- 8. Краен пласман Тур де Франс
- 2015
- 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2017
- 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | 49 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | 73 | 39 | 5 | СО | 15 | 8 | 4 | 44 | 25 | — | 15 | 6 | 36 | 8 | 62 | 24 | 52 |
Вуелта | 10 | 43 | 11 | — | 40 | — | 34 | 44 | — | 14 | — | 25 | — | СО | СО | 23 | 19 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Ајмар Зубелдија“.
- ↑ „Zubeldia announces end to 20-year career“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 17 јули 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
- ↑ „Биографија на Ајмар Зубелдија“. Тим Радиошек. Livestrong. Архивирано од изворникот на 2012-08-15. Посетено на 2012-07-10.
- ↑ „Ајмар Зубелдија победи на Тур де л'Ен“. Velonews. Competitor. 15 август 2010. Архивирано од изворникот на 2012-09-26. Посетено на 30 септември 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ајмар Зубелдија“ на Ризницата ? |
- Матична страница (шпански)
- „Достигнувања на Ајмар Зубелдија“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Ајмар Зубелдија“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Ајмар Зубелдија“. ProCycling.
- Достигнува на Cycling Base Архивирано на 30 октомври 2013 г.