Џиро д’Италија 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џиро д’Италиа 2012)
Џиро д’Италија 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 15 од 28
Детали за трката
Датум(и) 5–27 мај
Етапи 21
Растојание 3.502,1 км
Време 91ч 39' 02" (24 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Рајдер Хесједал (КАН) (Гармин-Баракуда)
Втор  Хоаким Родригес (ШПА) (Катјуша)
Трет  Томас де Гент (БЕЛ) (Вакансолел-ДКМ)

Бодовен  Хоаким Родригес (ШПА) (Катјуша)
Планински  Матео Работини (ИТА) (Фарнезе Вини-Селе Италија)
Младински  Ригоберто Уран (КОЛ) (Тим Скај)
Екипен Лампре-ИСД
Екипни бодови Гармин-Баракуда
2011
2013

Џиро д’Италија 2012 било 95. издание на Џиро д’Италија. Оваа година започнала во данскиот град Хернинг,[1] а завршила во Милано. Целосната рута на Џиро д’Италија 2012 била објавена во средината на октомври. По првпат од изданието во 2007 немало да има планински хронометар. Бојата на маичката за планинскиот пласман била променета за овогодишното издание од зелена во сина. Потегот дошол, како знак на добра волја за спонзорот Банка Медиоланум, која ја продолжила соработката со Џиро во делот на планинскиот пласман во наредните четири години.[2]

Трката била освоена од канадскиот велосипедист Рајдер Хесједал од Гармин-Баракуда,[3] станувајќи прв возач од неговата држава, кој освоил Гранд Тур трка; тој исто така станал само втор возач, кој ја презел водечката маичка од друг возач на последниот ден, по Франческо Мозер во 1984.[4] Хесједал го освоил генералниот пласман со 16 секунди пред неговиот соперник Хоаким Родригес од Шпанија, претставувајќи ја Катјуша – најблиска разлика помеѓу победникот и вицешампион откога Еди Меркс го победил Џанбатиста Барончели за 12 секунди во изданието од 1974[5] – кој исто така освоил две етапи и бодовниот пласман,[6] победувајќи го спринтерот од Тим Скај Марк Кевендиш за еден бод. Третото место му припаднало на возачот на Вакансолел-ДКМ Томас де Гент од Белгија, откако се покажал особено силен на последните две етапи на трки; ја освоил кралската етапа на трката, завршувајќи на највисоката точка на рутата, на Пасо дело Стелвио и исто така завршил во првите пет на хронометарот.[7] Со тоа, тој добил значително време да се помести од деветтото на третото место на овие етапи, станувајќи првиот белгиски возач, кој зазел подиум на Гранд Тур по Јохан Брујнел, кој завршил трет на Вуелта а Еспања 1995.[8]

Во другите пласмани на трката, возачот на Тим Скај Ригоберто Уран од Колумбија, завршил како најдобар возач со возраст 25 или помалку во пласманот за млад возач,[9] завршувајќи како седми во крајниот пласман; планинскиот пласман бил освоен од Италијанецот Матео Работини од екипата Фарнезе Вини-Селе Италија, постигнувајќи речиси двојно повеќе бодови од најблискиот конкурент во пласманот. Работини бил единствениот Италијанец, кој се искачил на подиум, бидејќи по првпат од 1995,[10] ниеден италијански возач на завршил во првите тројца во генералниот пласман, па така возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони – шампионот од минатата година – успеал да го заземе само четвртото место.

Фаворити пред почетокот[уреди | уреди извор]

Победникот од 2011 Алберто Контадор добил двегодишна суспензија на 6 февруари за допинг во текот на Тур де Франс 2010 и затоа нема да учествува на Џиро. Иван Басо, победник на Џиро во 2006 и 2010, објавил на 13 ноември 2011, дека ќе цели кон трета розова маичка.[11] Во интервју, холандскиот специјалист за искачување Роберт Гесинк изјавил дека сака да вози на Џиро 2012, како подготовка за Тур де Франс.[12]

Јохан Брујнел, менаџер на новата споена екипа помеѓу Леопард-Трек и Тим Радиошек, изјавил дека ќе биде тешко за трикратниот вицешампион Енди Шлек и неговиот брат Френк Шлек за победа на Тур де Франс 2012, поради недостигот на поминати километри. Затоа, можно е еден од браќата да цели кон Џиро д’Италија.[13] На 19 ноември 2011, Френк првично објавил дека браќата Шлек нема да настапат на Џиро и дека ќе се насочат кон Тур де Франс, и покрај многуте хронометри.[14] На крај, на 29 април 2012, било објавено дека Френк Шлек ќе го замени повредениот Јакоб Фуглсанг, како екипен водач на трката.[15]

На 17 април, Микеле Скарпони, победник на изданието во 2011 по суспензијата на Контадор, објавил дека сака да го освои Џиро преку етапите, а не со суспензија на друг возач.[16] Скарпони ќе соработува со неговиот колега и победникот на Џиро д’Италија 2004, Дамијано Кунего. Кунего ќе цели кон висок пласман на Џиро и ќе го избегне Тур де Франс 2012, поради големиот број на хронометри.[17]

Други возачи кои се сметаат како главни кандидати за освојувачи на генералниот пласман се Џон Гадре од Аг2р Ла Мондијал (трет во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011), победникот на пласманот за млад возач во 2011 Роман Кројцигер од Астана, Хоаким Родригес од Катјуша (четврти во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011) и венецуелскиот специјалист за искачување Хосе Рухано од екипата Андрони Џокатоли.

Екипи[уреди | уреди извор]

Екипна презентација на Џиро д’Италија 2012 во Хернинг.

Сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да учествуваат. Дополнителни четири континентални екипи биле повикани во јануари 2012,[18] Целосниот список на екипи, кои учествуваат е:

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

Првите три етапи биле најавени на 5 октомври 2011, додека преостанатите биле објавени на 16 октомври.[19][20] На 18 април 2012, било објавено дека текот на етапата 12, Серавеца до Сестри Леванте ќе биде изменет, поради лизгање на земјиштето на крајбрежниот пат низ Синке Тере, кој останал неупотреблив од 25 октомври минатата година. Новото растојание на етапата ќе биде 155 километри.[21]

Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник
1 5 мај Данска Хернинг 8,7 км поединечен хронометар  Тејлор Фини (САД)
2 6 мај Данска Хернинг до Хернинг 206 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
3 7 мај Данска Хорсенс до Хорсенс 190 км рамна етапа  Метју Гос (АВС)
8 мај ден за одмор
4 9 мај Верона 32,2 км екипен хронометар Гармин-Баракуда
5 10 мај Модена до Фано 199 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
6 11 мај Урбино до Порто Сант’Елпидио 207 км умерено планинска  Мигел Анхел Рубијано (КОЛ)
7 12 мај Реканати до Рока ди Камбио 202 км умерено планинска  Паоло Тиралонго (ИТА)
8 13 мај Сулмона до Лаго Лачено 229 км умерено планинска  Доменико Поцовиво (ИТА)
9 14 мај Сан Џорџо дел Санио до Фрозиноне 171 км рамна етапа  Франсиско Вентосо (ШПА)
10 15 мај Чивитавекија до Асизи 187 км умерено планинска  Хоаким Родригес (ШПА)
11 16 мај Асизи до Монтечатини Терме 243 км рамна етапа  Роберто Ферари (ИТА)
12 17 мај Серавеца до Сестри Леванте 155 км умерено планинска  Ларс Бак (ДАН)
13 18 мај Савона до Червере 121 км рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
14 19 мај Чераско до Червинија 205 км планинска етапа  Андреј Амадор (КРИ)
15 20 мај Бусто Арзицио до Леко-Пијан деи Резинели 172 км планинска етапа  Матео Работини (ИТА)
21 мај ден за одмор
16 22 мај Лимоне сул Гарда до Фалцес-Пфалцен 174 км умерено планинска  Јон Изагире (ШПА)
17 23 мај Фалцес-Пфалцен до Кортина Дампецо 187 км планинска етапа  Хоаким Родригес (ШПА)
18 24 мај Сан Вито ди Кадоре до Веделаго 139 км рамна етапа  Андреја Гвардини (ИТА)
19 25 мај Тревизо до Алпе ди Пампеаго 197 км планинска етапа  Роман Кројцигер (ЧЕШ)
20 26 мај Калдес-Вал ди Соле до Пасо дело Стелвио 218 км планинска етапа  Томас де Гент (БЕЛ)
21 27 мај Милано 28,2 км[22] поединечен хронометар  Марко Пиноти (ИТА)

Пласмани[уреди | уреди извор]

На Џиро д’Италија 2012 биле наградувани четири различни маички. За генералниот пласман се пресметувале завршните времиња на секој возач по секоја етапа и одредени бонус секунди на првите тројца возачи на крајот на етапата на сите етапи, освен хронометрите и оние кои завршувале на планини. Во овој пласман се носела розовата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Џиро д’Италија и победникот бил сметан како победник на целокупната трка.[23]

Дополнително, постоел и бодовниот пласман, на кој се доделувала црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови, доколку завршеле во првите 15 возачи на крајот на етапата. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата немала никаков ефект во бројот на бодовите - секоја етапа имала еднаков расположлив број на бодови. Победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку за секое место понатаму, сè до последниот еден бод за 15. место. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средните спринтови.[23]

Исто така, постоел и планински пласман, водството во овој пласман било одбележано со сината маичка. Маичката била зелена откако започнала да се доделува, но со промената на спонзорот, бојата на маичката се променила во сина. Во планинскиот пласман, бодовите се добивале со доаѓањето меѓу првите возачи на некое искачување. Секое искачување било различно категоризирано; имало вкупно четири категории на искачувања. Чима Копи, највисоката точка на трката, носел повеќе бодови од другите искачувања од прва категорија.[23]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, одбележана со белата боја. Овој пласман се пресметува како генералниот пласман, но учествуваат само возачи кои биле родени по 1 јануари 1986.[23]

Исто така, постоеле и два пласмани за екипите. Во Трофејот Брза Екипа, се пресметувале времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време; Трофејот Супер Екипа бил екипниот бодовен пласман, со најдобрите 20 најдобро пласирани возачи на секоја етапа по бројот на бодови (20 за првото место, 19 за второто, итн., сè до последниот еден бод за 20.) за нивната екипа.[23]

Колоните во следната табела се однесуваат на маичките, кои се доделувани по завршувањето на етапата.

Етапа Победник Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Трофеј Брза Екипа Трофеј Супер Екипа
1 Тејлор Фини Тејлор Фини Тејлор Фини недоделена Тејлор Фини Гармин-Баракуда Гармин-Баракуда
2 Марк Кевендиш Марк Кевендиш Алфредо Балони
3 Метју Гос Метју Гос
4 Гармин-Баракуда Рамунас Навардаускас Рамунас Навардаускас
5 Марк Кевендиш
6 Мигел Анхел Рубијано Адријано Малори Мигел Анхел Рубијано Адријано Малори
7 Паоло Тиралонго Рајдер Хесједал Питер Стетина
8 Доменико Поцовиво Дамијано Карузо Ликвигас-Канондејл
9 Франсиско Вентосо
10 Хоаким Родригес Хоаким Родригес
11 Роберто Ферари Марк Кевендиш
12 Ларс Бак Михал Голаш Мовистар Тим
13 Марк Кевендиш
14 Андреј Амадор Рајдер Хесједал Ригоберто Уран
15 Матео Работини Хоаким Родригес Матео Работини Серхио Енао
16 Јон Изагире
17 Хоаким Родригес Ригоберто Уран
18 Андреја Гвардини
19 Роман Кројцигер
20 Томас де Гент Хоаким Родригес Лампре-ИСД
21 Марко Пиноти Рајдер Хесједал
На крај Рајдер Хесједал Хоаким Родригес Матео Работини Ригоберто Уран Лампре-ИСД Гармин-Баракуда

Поредок[уреди | уреди извор]

Легенда
  A pink jersey   Го означува предводникот во генералникот пласман   A blue jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  A red jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач

Трофеј Брза Екипа[уреди | уреди извор]

Место Екипа Време
1 Лампре-ИСД 274ч 19′ 46″
2 Мовистар Тим + 10' 53″
3 Тим Скај + 37' 07″
4 Астана + 43' 12″
5 Гармин-Баракуда + 51' 52"
6 Ликвигас-Канондејл + 54' 09″
7 Еускалтел-Еускади + 56' 27″
8 Колнаго-ЦСФ Бардијани + 1ч 10' 25″
9 Аг2р-Ла Мондијал + 1ч 22' 12″
10 Катјуша + 1ч 30' 51″

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Обновено: Џиро д'Италија 2012 ќе започне во Данска“. cyclingnews.com. 2010-07-21. Посетено на 2011-07-21.
  2. „Сина планинска маичка на Џиро 2012“. 17 април 2012. Посетено на 23 април 2012.
  3. Бел, Тери (27 мај 2012). „Рајдер Хесједал станал првиот канадски победник на Гранд Тур“. The Montreal Gazette. Alan Allnutt; Postmedia Network. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 29 мај 2012.
  4. Кели, Малколм (27 мај 2012). „Рајдер Хесједал го освоил престижниот Џиро“. CBC Sports. Canadian Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот 2012-05-30. Посетено на 29 мај 2012.
  5. Парфит, Бен (27 мај 2012). „Хесједал победил на една од најтесните трки на Џиро со само 16 секунди предност“. The Independent. Independent Print Limited. Посетено на 29 мај 2012.
  6. Вин, Најџел (27 мај 2012). „Хесједал победник во генералниот пласман на Џиро д'Италија 2012, Пиноти победи на завршниот хронометар“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 29 мај 2012.
  7. „Де Гент пресреќен со резултатот на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. 28 мај 2012. Посетено на 29 мај 2012.
  8. Аткинс, Бен (28 мај 2012). „„Јас сум сè уште истиот Томас де Гент, но со различни амбиции". VeloNation. VeloNation LLC. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 29 мај 2012.
  9. „Team end Giro on a high“. Тим Скај. BSkyB. 27 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 29 мај 2012.
  10. „Рајдер Хесједал победи на Џиро д'Италија“. ESPN.com. ESPN. 27 мај 2012. Посетено на 29 мај 2012.
  11. „Фокусот на Басо на Тур 2011 бил промашување“. cyclingnews.com. 13 ноември 2011. Посетено на 14 ноември 2011.
  12. „Giro lonkt voor Robert Gesink“. telegraaf.nl. 22 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-11-26. Посетено на 24 ноември 2011.
  13. „Брујнел за рутата на Тур де Франс и браќата Шлек“. 19 октомври 2011. Посетено на 14 ноември 2011.
  14. „Нема Џиро за браќата Шлек“. 19 ноември 2011. Посетено на 24 ноември 2011.
  15. „Френк Шлек на чело на РадиоШек-Леопард-Трек на Џиро 2012“. Cyclingnews.com. Посетено на 2012-04-29.
  16. „Скарпони го поврди учеството на Џиро д'Италиа“. 17 април 2012. Посетено на 23 април 2012.
  17. „Кунего на класиците со Џиро на ум“. 14 април 2012. Посетено на 23 април 2012.
  18. „Поделени дополнителните покани за Џиро 2012“. Cyclingnews.com. 2011-10-05. Посетено на 2012-01-10.
  19. „Почеток на Џиро 2012: првпат во Скандинавија“. gazzetta.it. 2011-10-05. Посетено на 2011-10-05.
  20. 2012 Крајот на Џиро д’Италија во Милано
  21. „Синке Тере нема да се вози на Џиро д'Италија“. cyclingnews.com. 18 април 2012. Посетено на 23 април 2012.
  22. „Патеката за хронометарот на Џиро скратена“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 мај 2012. Посетено на 27 мај 2012.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 Лаура Вајсло (13 мај 2008). „Објаснети пласманите на Џиро д'Италиа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 август 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]