Реин Тарамае

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реин Тарамае
Лични податоци
Цело име Реин Тарамае
Прекар Вадер (од „reinuvader“ - лисица)
Роден 24 април 1987 (1987-04-24) (воз. 28 г.)
Тарту, Естонија
Висина 1,84 м[1]
Маса 67 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Катјуша
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Возач за генерален пласман
Аматерски клубови
2007 Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2008–2014
2015
2016-
Кофидис
Астана
Катјуша
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Тур де л’Ен (2009)
Вуелта а Бургос (2015)
Арктичка трка на Норвешка (2015)

Еднодневни трки и класици

MaillotEstonia.PNG Национален друмски првак (2009, 2013)
MaillotEstonia.PNG Национален хронометарски првак (2009, 2011, 2012)
Вуелта Сиклиста а Мурсија (2015)
Последна промена
3 јануари 2016

Реин Тарамае (естонски: Rein Taaramäe; р. 24 април 1987 во Тарту) — естонски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тарамае станал професионалец во 2008 година со Кофидис, откако возел за тимот како практикант на крајот од 2007 година и победил на етапа на Трката околу Ардените рано во сезоната. Во 2008 година освоил две етапи на ГП Португал и етапа на Тур де л'Авенир. На Летните олимписки игри 2008, Тарамае ги завршил друмската трка и хронометарот.

Реин Тарамае на Тур де л’Eн

Во 2009 година завршил трет на Тур де Романди и осми на Тур де Свис. Тарамае ги освоил националните друмски и хронометарски првенства во 2009 година.[2] Тој го освоил и Тур де л’Ен откако победил на последната етапа на Кол ди Гран Коломбје.[3] Во 2010 година завршил седми на Париз-Ница и трет на Волта а Каталуња.

Во 2011 година, Реин завршил 11. во генералниот пласман на Тур де Франс. На етапата 14 на Вуелта а Еспања 2011 Тарамае и другиот член на бегството Давид де ла Фуенте биле последните двајца возачи од бегството со 17 возачи, но на 2 километри пред Де ла Фуенте отпаднал со цел да му помогне на колегата Хуан Хосе Кобо при искачување, со што му дозволил Тарамае сам да дојде до неговата прва етапна победа на некоја голема трка. На крајот се повлекол пред трката да заврши во Мадрид.

Во август 2014 година, генералниот менаџер на Астана, Александар Винокуров, објавил дека Тарамае потпишал едногодишен договор со екипата за сезоната 2015.[4][5]

Сезоната 2015 започнала добро за Реин со победа на Вуелта Сиклиста а Мурсија. Надежите биле високи, особено со настапот на големите трки, како Тур де Франс. На Тур де Франс 2015, Тарамае требало да му помага на Винченцо Нибали во планините. На крајот, Тарамае бил приморан да ја напушти единаесеттата етапа поради болест. По разочарувачкиот Тур, Тарамае победил на Вуелта а Бургос и Арктичката трка на Норвешка во август. Истовремено се појавиле гласини дека Тарамае ја напушта Астана и на крајот на август, Тарамае потпишал едногодишен договор со Катјуша.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
3. Краен пласман Курс де По
2006
1. MaillotEstonia.PNG Хронометарски првак под 23 години
1. ГП Уест-Франција под 23 години
2007
1. Етапа 4 Сиркут де Ардени
1. Silver medal europe.svg Европски хронометарски првак под 23 години
2. Национално хронометарско првенство
2008
Гран при ду Португал
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
2009
1. MaillotEstonia.PNG Национален хронометарски првак
1. MaillotEstonia.PNG Национален друмски првак
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 5
1. Jersey red.svg Планински пласман Вуелта ал Паис Васко
3. Краен пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Тур де Свис
2010
3. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Париз-Ница
2. Пласман за млад возач
9. Краен пласман Рут ду Суд
2011
3. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. ГП Тарту
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. MaillotEstonia.PNG Национално хронометарско првенство
Ја носел белата маичка Jersey white.svg на етапата 18 Тур де Франс
2012
1. MaillotEstonia.PNG Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
8. Краен пласман Тур ду Поату Шарент
2013
1. MaillotEstonia.PNG Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
3. Шоле-По де Лоара
2014
1. Тур ду Дуа
2. Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 3
6. Краен пласман Тур ду Лимузен
8. Краен пласман Етоал де Бесеже
2015
1. Вуелта Сиклиста а Мурсија
1. Jersey violet.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Jersey blue.svg Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
6. Краен пласман Волта ао Алгарве

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур СО 12 36 102 88 СО
Jersey gold.svg Вуелта 74 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]