Михаел Албасини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Михаел Албасини
Албасини на Трката околу Австрија 2009
Лични податоци
Цело име Михаел Албасини
Прекар Алба
Роден 20 декември 1980 (1980-12-20) (воз. 37 г.)
Мендрисио,  Швајцарија
Висина 1,72 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мичелтон-Скот
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2001 Фаса Бортоло (стажант)
Професионални клубови
2003–2004
2005–2008
2009–2011
2012–
Фонак
Ликвигас-Бјанки
Тим Колумбија-Хај Роад
ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 ТТТ (2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Волта а Каталуња (2012)
Трка околу Австрија (2009)
Трка околу Британија (2010)

Еднодневни трки и класици

Тре Вали Варезине (2014)
ГП Кантон Аргау (2011, 2013)
Последна промена
7 февруари 2018

Михаел Албасини (германски: Michael Albasini; р. 20 декември 1980) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мичелтон-Скот.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Албасини ја започнал неговата кариера во 2003 со Фонак, а се преселил во Ликвигас-Бјанки на почетокот на 2005, додека од сезоната 2009 возел за Тим Колумбија-Хај Роад. За оваа сезона потпишал со новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ.[2]

Во 2012 година, Албасини постигнал огромен успех на трката од Светската турнеја Волта а Каталуња. Трката со шест етапи не содржела хронометри и Албасини го преземал водството преку победа на првата етапа пред Антони Делаплас од Сор-Сожасен, добивајќи 42 секунди во генералниот пласман.[3] На следната етапа, тој бил дел од некоја група од околу 20 возачи кои стигнале на целта со Бредли Вигинс по денот низ планините, а каде ги поминал неговите ривали, освојувајќи својата втора победа по ред.[4] Ја одржал неговата предност на следните планински етапи, освојувајќи го генералниот пласман со 1 минута и 30 секунди пред второпласираниот Самуел Санчез од Еускалтел-Еускади.[5]

Во 2015 година, Албасини го освоил престижниот пласман на подиумот на Флеш Валон, стигнувајќи до третото место на Мур де Хуј зад Алехандро Валверде и Жилијан Алафилип.[6] Подоцна ја освоил втората етапа на Тур де Романди, бивајќи подобар во спринтот од група од 49 возачи, кои го преживеале искачувањето и спустот на Кол де ла Ви де Алп.[7] Го повторил подвигот наредниот ден во Порентри, освојувајќи ја етапата за неколку должини на тркалото пред Жилијан Алафилип.[8] Морал да го напушти Тур де Франс на петтата етапа поради скршена рака при пад.[9]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1998
1. MaillotSuiza.PNG Друмски првак под 19 години
2001
4. Краен пласман Стер Електротур
2002
1. Европска Унија Друмски првак под 23 години
7. Џиро дел Лаго Маџоре
2004
5. Мајстершафт фон Цирих
9. Париз-Бурж
2005
Тур де Свис
1. Етапа 5
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
7. Краен пласман Три дена Де Пане
10. Џиро дела Ромања
2006
3. Гран при Фурмие
Тур де Свис
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2007
5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4
2008
2. ГП Мигел Индураин
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 3
3. Краен пласман Медитеранска трка
6. Тур ду Хаут Вар
7. Флеш Валон
8. Гран Премио ди Лугано
2009
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
1. Етапа 4 Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 5 Тур де Свис
9. Флеш Валон
2010
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Полска
10. Флеш Валон
2011
1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
1. ГП Кантон Аргау
1. Jersey red.svg Планински пласман Трка околу Баскија
3. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Оман
2012
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 8 Тур де Свис
2. Флеш Валон
2. Национално друмско првенство
4. ГП Кантон Аргау
2013
1. ГП Кантон Аргау
1. Етапа 4 Париз-Ница
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
2014
Тур де Романди
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Тре Вали Варезине
6. Џиро ди Ломбардија
7. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
7. Флеш Валон
2015
Тур де Романди
1. Етапа 2
1. Етапа 3
3. Флеш Валон
2016
Тур де Романди
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 5
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Флеш Валон
2017
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Етапа 1 Тур де Романди
1. Копа Уго Угостони
2. Вуелта а Ла Риоха
3. Амстел Голд Рејс
4. ГП Бруно Бегели
4. ГП Кантон Аргау
5. Флеш Валон
7. Светско друмско првенство
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Тре Вали Варезине

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 87 123
Jersey yellow.svg Тур 145 115 58 110 86 70 СО 132 98
Jersey red.svg Вуелта 122

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Орика-ГринЕЏ (OGE) – AUS“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=NDA3Mw&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. посет. 9 јануари 2013 г. 
  2. Обри, Џејн. „Албасини му се придружи на ГринЕЏ по „лесната одлука““, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2011 (посет. 1 јануари 2012 г).
  3. Аткинс, Бен. „Михаел Албасини сам до победа на Волта а Каталуња“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 март 2012 (посет. 14 јануари 2013 г).
  4. Албасини победи втора етапа по ред на Каталуња“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 март 2012 (посет. 14 јануари 2013 г).
  5. Албасини победи во Каталуња“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 25 март 2012 (посет. 14 јануари 2013 г).
  6. Валверде победи на Флеш Валон 2015“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 22 април 2015 (посет. 22 април 2015 г).
  7. Тур де Романди: Албасини победи на втората етапа“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 април 2015 (посет. 29 април 2015 г).
  8. Спенсер Паулисон. „Take two: Albasini wins second Romandie stage, wearing yellow“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 30 април 2015 (посет. 30 април 2015 г).
  9. Albasini abandons, fractures for heroic Matthews“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 8 јули 2015 (посет. 8 јули 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]