Волта а Каталуња 2012 било 92. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња. Започнала на 19 март во Калеља и завршила на 25 март во Барселона и се состоела од седум етапи. Таа била петти настан од сезоната 2012 во светската турнеја.
Трката била освоена од Швајцарецот Михаел Албасини од ГринЕЏ,[2] по освојувањето на првите две етапи на трката и одржувајќи ја неговата предност сè до крајот на трката. Албасини го освоил генералниот пласман со 90 секунди пред Самуел Санчес од екипата Еускалтел-Еускади. Третото место го освоил возачот на Лото-БелисолЈурген ван ден Брук, откако тринаесет возачи ја завршиле трката со дефицит од 92 секунди зад Албасини; Ван ден Брук го освоил најмалиот кумулативен резултат на етапните места, па поради тоа бил на највисокото место од групата возачи.[1] Во другите пласмани на трката, Томаш Марчињски од Вакансолел-ДКМ ја освоил белата маичка со најголемиот број бодови освоени од спринтовите,[1] додека возачот на Тим Саксо БанкКрис Анкер Соренсен го освоил планинскиот пласман,[1], а екипата Гармин-Баракуда завршила на чело на екипниот пласман.[1]
Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат екипа. На пет други екипи им доделени посебни покани за трката,[3] и така се создава групата од 23 екипи.
Првично одредено да се вози 210,9 километри од Ла Вал д‘ен Бас до Порт Аине,[8] етапата била скратена на 154,2 км поради снег на врвовите од екстра категорија, Порт дел Канто и завршницата во Порт Аине. Па така, обата врва биле повлечени од етапата и крајот на етапата бил преместен во Кантури. Но, подоцна било објавено дека етапата нема да се важи во генералниот пласман по одлуката за кратење на етапата.
↑На Волта а Каталуња била одземена една етапа, иако првично биле најавени седум етапи со 1.206,1 километар, поради кратењето - а подоцна и поништувањето на резултатите - на етапата 3.