Давиде Аполонио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Давиде Аполонио
Лични податоци
Цело име Давиде Аполонио
Прекар Апо Џет
Роден 2 јуни 1989 (1989-06-02) (воз. 28 г.)
Исернија, Италија
Висина 1,70 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Суспендиран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2009 Сервело ТестТим (стажант)
Професионални клубови
2010
2011–2012
2013–2014
2015
Сервело ТестТим
Тим Скај
Аг2р-Ла Мондијал
Андрони Џокатоли
Значајни победи
Трка околу Луксембург
1 етапа
Бодовен пласман
Последна промена
6 јуни 2017

Давиде Аполонио (италијански: Davide Appollonio; р. 2 јуни 1989) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа Андрони Џокатоли-Сидермек. Моментално е суспендиран поради допинг.

Му се приклучил на Тим Скај за сезоната 2011,[1] остварувајќи ја првата победа за екипата на третата етапа на Трката околу Луксембург и потоа освојувањето на бодовниот пласман следниот ден. Аполонио го напуштил Тим Скај на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Аг2р-Ла Мондијал на двегодишен договор од сезоната 2013.[2] Во октомври 2014 година објавил дека во сезоната 2015 ќе вози за Андрони Џокатоли-Сидермек, прв пат во некоја италијанска екипа во неговата кариера.[3]

На 30 јуни 2015 година му била пронајдена трага од ЕПО, две недели по завршувањето на Џиро д’Италија и бил привремено суспендиран.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
1. ГП Претола
1. Фиренца-Емполи
1. Копа Ланчото Балерини
1. Џиро Колине Капанореси
2010
1. Етапа 4 Тур ду Лимусен
2. ГП де Фурмие
2. Тур де Вандеја
2011
Трка околу Луксембург
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Тур ду Поату-Шарент
2013
5. Париз-Бурж
2014
2. Рома Максима
6. Шелдепрејс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро СО 168 СО 123
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Richardson, Simon. „Hunt signs for Team Sky along with Appollonio“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 27 октомври 2010 (конс. 6 јануари 2012 г).
  2. Аполонио и Бетанкур потпишаа за Аг2р-Ла Мондијал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 август 2012 (конс. 2 август 2012 г).
  3. „Кратки вести: Анди Шлек ќе се пензионира?“. 7 октомври 2014. http://www.cyclingnews.com/news/news-shorts-andy-schleck-to-retire. конс. 18 октомври 2014 г. 
  4. Appollonio provisionally suspended for EPO“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 30 јуни 2015 (конс. 30 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]