Алан Дејвис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алан Дејвис
Лични податоци
Цело имеАлан Хауард Дејвис
Роден27 јули 1980 (1980-07-27) (38 г.)
Ипсвич, Квинсленд, Австралија
Висина1,72 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПензиониран
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Професионални клубови
2001–2002
2003-2006
2007
2008
2008-2009
2010-2011
2012–2013
Мапеи-Квик Степ
ONCE
Дискавери Канал
Мицубиши-Џартази
Квик Степ
Астана
ГринЕЏ
Значајни победи
Етапни трки
Тур Даун Андер (2009)
Последна промена
23 јануари 2016

Алан Хауард Дејвис (англиски: Allan Howard Davis; р. 27 јули 1980) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал од 2002 до 2013 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Дејвис бил познат по неговите спринтерски вештини, започнувајќи со трки на десетгодишна возраст, а професионалец станал во 2002 година. Исто така, брат е на велосипедистот, Скот Дејвис и бил носител на стипендија на Австралискиот институт за спорт.[1]

Во 2004 и 2005 година учествувал на Тур де Франс, завршувајќи петти во бодовниот пласман за зелената маичка на Тур де Франс 2005 зад победникот, Тор Хушовд од Норвешка и сонародниците Стјуарт О’Грејди (2.) и Роби Мекјуан (3.).

Во 2006 година, Дејвис бил еден од петте возачи на екипата ONCE кои биле вклучени во случајот на допинг „Операција Пуерто“. Меѓутоа, на 26 јули 2006 година, бил прогласен за чист од страна на шпанските власти.[2]

Го имал своето деби со Квик Степ-Давитамон на 3 септември 2008 година на Меморијал Рик ван Стенберген, откако постигнал договор со Патрик Лефевр за следните две сезони и бил ослободен од претходната екипа Мицубиши-Џартази.

Сезоната 2009 му започнала одлично со три етапни победи и крајна победа на Тур Даун Андер 2009.

Дејвис се преместил со неговиот брат Скот во Астана за сезоната 2010.[3] Останал со екипата до крајот на 2011 година, кога се преселил во новата екипа ГринЕЏ.[4]

Дејвис го освоил златниот медал на друмската трка на Комонвелтските игри 2010.

Орика-ГринЕЏ одлучила да не го обнови договорот на Дејвис за 2014 година. Откако се обидел да пронајде нова екипа, Дејвис го објавил своето повлекување од трките во февруари 2014 година.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2000
7. Светско друмско првенство под 23 години
9. Национално друмско првенство
2001
6. Светско друмско првенство под 23 години
2002
1. Етапа 1 Џиро дел Капо
2. ГП Истра
3. Национално друмско првенство под 23 години
2003
1. Трофео Манакор
1. Етапа 4 Сиркут Сиклист де ла Сарт
2. Национално друмско првенство
2004
1. Џиро дел Пиемонт
1. Трофео Алкудија
1. Трофео Манакор
1. Етапа 5 Трка околу Германија
1. Етапа 3 Трка околу Полска
2005
Вуелта а Мурсија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Енеко Тур
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 5 Вуелта а Арагон
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Тур Даун Андер
3. Париз-Тур
3. HEW Класик
2006
Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 5
3. Bronze medal blank.svg Комонвелтски игри - друмска трка
2007
Трка околу Езеро Ќингхаи
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 9
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3 Волта а Каталуња
2. Милано-Сан Ремо
2008
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
2. Краен пласман Заливски класик
1. Етапа 4
3. Ватенфал Класик
4. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 2
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2009
1. Jersey orange.svg Краен пласман Тур Даун Андер
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
2. Париз-Брисел
2. Гран при де Валони
4. Милано-Сан Ремо
4. Ватенфал Класик
2010
1. Gold medal blank.svg Комонвелтски игри - друмска трка
1. Сина маичка Бодовен пласман Трка околу Полска
3. Bronze medal blank.svg Светско друмско првенство
5. Ватенфал Класик
2011
9. Краен пласман Тур Даун Андер
10. Кансер Кансил Хелплајн Класик
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Заливски класик
6. Светско друмско првенство

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Australian Team for 2010 Commonwealth Games: Research : Australian Sports Commission". Ausport.gov.au. 18 октомври 2010. конс. 17 ноември 2012. 
  2. [1] Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  3. "Davis Brothers Sign With Astana". Cyclingnews.com. конс. 17 ноември 2012. 
  4. Davis joins GreenEdge, with London Games in sights“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 20 септември 2011 (посет. 1 јануари 2012 г).
  5. "Davis retires from cycling". Сyclingnews.com. 14 февруари 2014. конс. 30 јуни 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]