Стевен Краусвајк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стевен Краусвајк
Краусвајк на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело имеСтевен Краусвајк
Прекар„Закачалка“ (De Kleerhanger)[1]
Роден7 јуни 1987(1987-06-07)(36 г.)
Нуенен,  Холандија
Висина1,78 м[2]
Маса63 кг[3]
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогаспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2006
2007–2009
Ван Влит-ЕБХ Адвокатен
Рабобанк КТ
Професионални клубови
2010– Рабобанк
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 ТТТ етапа (2019)
Последна промена
2 мај 2020

Стевен Краусвајк (холандски: Steven Kruijswijk; р. 7 јуни 1987 во Нуенен) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[4] Краусвајк е најмногу познат по неговата вештина за качување на брда, со која има повеќе успеси.

Има завршени меѓу првите пет на сите три големи трки и бил близу победа на Џиро д’Италија во 2016 година, но ги упропастил неговите шанси, кога удрил во снежен брег на претпоследната планинска етапа. На подиум за првпат се качил на некоја голема трка со третото место на Тур де Франс 2019, завршувајќи 1:31 зад победникот Еган Бернал.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Краусвајк започнал да вози за развојната екипа на Рабобанк. Во 2009 го освоил холандското друмско првенство под 23 години.

Рабобанк (2010-)[уреди | уреди извор]

2011–2015[уреди | уреди извор]

Две години подоцна во 2011, Краусвајк завршил осми во генералниот пласман на Џиро д’Италија. Потоа, ја освоил шестата етапа на Тур де Свис и исто така завршил трет во генералниот пласман.

Во 2014 година, Краусвајк ја освоил Арктичката трка на Норвешка, негова прва победа во кариерата.

Краусвајк (лево) ја носи сината маичка на Џиро д’Италија 2015

Во 2015 година, Краусвајк ја предводел екипата на Џиро д’Италија. Иако изгубил време во првата недела, Краусвајк возел силно во вториот дел на трката, завршувајќи втор зад Микел Ланда на етапата 16, која била кралска етапа на трката, и на крајот завршил на седмото место, 10 минути и 53 секунди зад Алберто Контадор.[6] Краусвајк ја носел сината маичка како предводник во планинскиот пласман на етапите 16–18 и завршил трет во тој пласман зад Џовани Висконти.[7]

2016[уреди | уреди извор]

Краусвајк ја носи розовата маичка на Џиро д’Италија 2016

Во 2016 година, Краусвајк повторно возел на Џиро д’Италија, која започнала со три етапи во Холандија. На кралската етапа на трката, етапата 14, Краусвајк завршил втор зад Естебан Чавес (Орика-БајкЕксчејнџ) преземајќи го водството со 41 секунда од Винченцо Нибали (Астана).[8] На петнаесеттата етапа, планински хронометар, Краусвајк повторно завршил втор, овој пад зад Александар Фолифоров со што го зголемил своето водство на 2 минути и 12 секунди пред Чавес, додека Нибали имал механички проблеми и паднал на третото место, 2 минути и 51 секунда зад Краусвајк.[9] На шеснаесеттата етапа, Краусвајк повторно завршил втор, зад Алехандро Валверде (Мовистар Тим) и го зголемил своето водство пред Чавес на 3 минути.[10]

Меѓутоа, на етапата 19, Краусвајк паднал при спуст додека следел напад на Нибали и Чавес, завршувајќи во снег од страната на патот. Иако можел да продолжи, Краусвајк ја завршил етапата со скоро пет минути зад Нибали и четири минути зад Чавес, така паѓајќи на третото место.[11] Бил во болница по етапата, кога било потврдено дека имал скршено ребро во падот.[12] Сепак, ја започнал дваесеттата етапа, каде загубил дополнително време и паднал зад Валверде на четвртото место во генералниот пласман.[13] Ја завршил трката на четвртото место.[14] Во јули, Краусвајк потпишал двегодишно продолжување на договорот со екипата.[15]

2017[уреди | уреди извор]

Краусвајк на Џиро д’Италија 2017

Краусвајк целел кон победа на 100. издание на Џиро д’Италија во 2017 година, откако пропуштил да ја освои трката во 2016 година. Негов најдобар резултат пред Џиро било седмото место на Волта а Каталуња. Никогаш не ја достигнал формата од претходната година на Џиро и Краусвајк ја напуштил трката во последните денови поради болест. Брзо се опоравил на Тур де Свис и стигнал на подиум со третото место на крајот на трката. Сакал да се врати на Вуелта а Еспања, каде бил предводник на екипата за Лото НЛ-Џамбо. Но, Краусвајк никогаш не ја достигнал формата од претходната година и влегол меѓу првите 10 во завршните денови. Со седмото место на целта до Алто де л’Англиру, Краусвајк завршил на деветтото место на крајот на трката.

2018[уреди | уреди извор]

Краусвајк на Тур де Франс 2018

За сезоната 2018, целта на Краусвајк била Тур де Франс, каде ја предводел екипата заедно со Примож Роглич. На неговата последна подготвителна трка за Тур, Краусвајк завршил осми на Тур де Свис. Кога пристигнал на Тур де Франс, Краусвајк имал добар почеток и загубил време само на екипниот хронометар на третата етапа. Кога трката стигнала на Алпите, Краусвајк нападнал на етапата 12 и се нашол во бегство. Напаѓал сам на 80 километри до целта, но бил достигнат на само 5 километри до целта во Алп д’Иез. Стигнал до две третини од искачувањето кога групата на жолтата маичка го достигнала, но и покрај тоа успеал да заврши во првите десет на етапата. За храбриот потег, Краусвајк ја добил наградата за борбеност на етапата 12, а овој подвиг му донел и добра позиција во генералниот пласман. Краусвајк на крајот завршил на импресивното петто место.

По неговиот силен настап на Тур де Франс, било одлучено дека Краусвајк ќе вози на Класика де Сан Себастијан како еден од предводниците на екипата. Краусвајк ја завршил трката на деветтото место со колегите Роберт Гесинк и Антван Толхук, кои ги освоиле осмото и десеттото место, соодветно. На неговата втора голема трка во годината, Вуелта а Еспања, Краусвајк ја добил улогата на предводник на екипата заедно со Џорџ Бенет. Со силен настап во првата недела било одлучено дека екипата ќе вози целосно за подиум на Краусвајк. Влегол меѓу првите пет на етапата 14 по напад на последното искачување на етапата. Возејќи го еден од неговите најдобри хронометри, завршил четврти на завршниот хронометар, напредувајќи до третото место во генералниот пласман. Меѓутоа, следниот ден, Краусвајк имал лош ден на стрмното искачување Балкон де Бискаја и паднал на петтото место во пласманот. На претпоследната етапа, Краусвајк уште еднаш се нашол меѓу првите тројца, кога завршил трет на етапата 19. Кога тројца од неговите противници за подиум се одвоиле на второто последно искачување на етапата, Краусвајк се двоумел и го изгубил подиумот на завршното искачување. Завршил на четвртото место на Вуелта.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Пролог Тур д’Алзас
2009
1. Холандија Национално друмско првенство под 23 години
2010
18. Краен пласман Џиро д’Италија
2011
3. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 6
8. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
10. Краен пласман Трка околу Алберта
2014
1. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
7. Краен пласман Тур де Лангкави
2015
5. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Џиро д’Италија
7. Краен пласман Трка околу Британија
10. Класик Волта Лимбург
2016
4. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Краен пласман Тур де Јоркшир
2017
3. Краен пласман Тур де Свис
5. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
2018
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
5. Краен пласман Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 12 на Тур де Франс
6. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Краен пласман Тур де Свис
9. Класика де Сан Себастијан
2019
3. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 2 (TTT)
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Волта а Каталуња
6. Краен пласман Тур де Романди

Распоред на резултатите на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Џиро 18 8 26 СО 7 4 СО
Тур 33 15 21 5 3
Вуелта 41 СО 9 4 СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Париз-Ница 76 21 38 СО
Тирено-Адријатико 21
Волта а Каталуња 71 14 СО СО 15 39 7 8 5
Трка околу Баскија СО
Тур де Романди 41 21 6 6
Критериум ди Дофине СО
Тур де Свис 3 8 44 27 3 8

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Рајан, Бери (26 мај 2016). „Giro d'Italia: Kruijswijk faces final offensive in the Alps - Preview“. cyclingnews.com. Посетено на 14 мај 2017.
  2. „Team Jumbo-Visma - Steven Kruijswijk“. Посетено на 15 јули 2019.
  3. „Steven Kruijswijk“. ProCyclingStats. Посетено на 15 јули 2019.
  4. „Team Jumbo-Visma 2020 roster presented in Amsterdam“. Бјанки. F.I.V. Edoardo Bianchi S.p.A. 20 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  5. Худ, Ендру (27 јули 2019). „Patience pays off for Jumbo-Visma as Kruijswijk hits podium“. VeloNews. Pocket Outdoor Media, LLC. Посетено на 26 декември 2019.
  6. http://www.procyclingstats.com/race.php/Giro_d_Italia_2015?id=Giro_d_Italia_2015
  7. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_d_Italia_2015_Mountains_Classification
  8. „Kruijswijk moves into Giro d'Italia pink as Chaves wins stage 14 and rivals lose time“. 21 мај 2016.
  9. http://www.skysports.com/cycling/news/15264/10291101/giro-ditalia-steven-kruijswijk-extends-lead-on-stage-15-time-trial
  10. „Valverde victorious as Nibali nosedives in stage 16“. 24 мај 2016.
  11. „Giro d'Italia: Kruijswijk angry and defeated after crash costs him the pink jersey“.
  12. „With broken rib, Kruijswijk's Giro in doubt“. 27 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-25. Посетено на 2017-01-19.
  13. „Vincenzo Nibali all but wins the Giro d'Italia with dominant ride on stage 20“. 28 мај 2016.
  14. http://www.skysports.com/cycling/news/15264/10299398/steven-kruijswijk-admits-he-will-look-back-on-giro-ditalia-with-regret
  15. „Kruijswijk extends with LottoNL-Jumbo for two more years“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]