Роберт Кишерловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роберт Кишерловски
Кишерловски на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Роберт Кишерловски
Роден 9 август 1986 (1986-08-09) (воз. 30 г.)
Чачак, СФРЈ СФР Југославија
Висина 1,79 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Катјуша-Алпесин
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Професионални клубови
2005–2008
2009
2009
2010
2011-2012
2013–2014
2015-2016
2017-
КРКА-Адрија Мобил
Амика Чипс-Кнауф
Фуџи-Сервето
Ликвигас-Доимо
Астана
РадиоШек-Леопард
Тинкоф-Саксо
Катјуша-Алпесин
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotCroacia.PNG Национален друмски првак (2013)
Последна промена
9 јануари 2017

Роберт Кишерловски (хрватски: Robert Kišerlovski; р. 9 август 1986) — хрватски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин. Станал професионален велосипедист во 2005 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

На Париз-Ница 2011, Кишерловски доживеал пад на лизгав спуст и паднал под паркиран камион, останал заглавен под него неколку минути и завршил со осум шавови.[1]

На етапата 14 на Тур де Франс 2012, Кишерловски поминал најлошо, кога трката била саботирана со фрлени клинци на патеката. Кишерловски паднал, ја скршил својата клучна коска и бил приморан да ја напушти трката.[2]

Кишерловски ја напуштил Астана на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на РадиоШек-Леопард на двегодишен договор од сезоната 2013.[3] Во септември 2014 година било објавено дека ќе биде дел од Тим Тинкоф-Саксо на почетокот на 2015, потпишувајќи двегодишен договор возејќи како помошник за Алберто Контадор.[4]

Негов брат е велосипедистот Емануел Кишерловски.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
8. Краен пласман Трка околу Словенија
2006
2. ГП Крањ
4. Краен пласман Трка околу Словенија
2007
1. Гран Премио Палио дел Ресиото
4. Краен пласман Трка околу Хрватска
2008
3. Краен пласман Трка околу Словенија
5. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
6. Трофео Зсшди
8. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
2009
4. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
10. ГП Нобили Рубинетери - Борџоманеро
2010
1. Џиро дел’Апенино
10. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 4 (ТТТ)
2011
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
7. Краен пласман Џиро ди Сардења
7. Класика Сарда
2012
3. Хрватско национално друмско првенство
5. Флеш Валон
7. Краен пласман Волта а Каталуња
9. Краен пласман Париз-Ница
9. ГП Кантон Аргау
10. Краен пласман Трка околу Баскија
2013
1. MaillotCroacia.PNG Национално друмско првенство
2014
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
10. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Краен пласман Џиро д’Италија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]