Волта а Каталуња 2014
| Светска турнеја на UCI 2014, трка 5 од 28 | |||
| Детали за трката | |||
|---|---|---|---|
| Датум(и) | 24–30 март 2014 | ||
| Етапи | 7 | ||
| Растојание | 1.117,9 км | ||
| Време | 29ч 41' 34"[1] (24.440 км/ч) | ||
| Добитници на наградите | |||
| Победник | (Катјуша) | ||
| Втор | (Тинкоф-Саксо) | ||
| Трет | (Ванти-Груп Гобер) | ||
| Планински | (Белкин Про Сајклинг) | ||
| Спринтерски | (Канондејл) | ||
| Екипен | Гармин-Шарп | ||
Волта а Каталуња 2014 — 94. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња. Започнала на 24 март во Калеља, а завршила на 30 март Барселона, одржувајќи вкупно седум етапи. Претставувала петта трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена по вторпат од Шпанецот Хоаким Родригес од Катјуша,[2] кој го презел водството по освојувањето на третата етапа и го одржал до крајот на трката во Барселона, освојувајќи по првпат етапна трка во изминатите две години.[3] Родригес го освоил генералниот пласман за четири секунди пред второпласираниот и сонародникот Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо),[4] додека возачот на Ванти-Груп Гобер Тиџеј ван Гардерен го заокружил подиумот, три секунди зад Контадор,[5] и седум зад Родригес; Ван Гардерен ја освоил кралската етапа на трката на четвртиот ден.[6]
Во другите пласмани на трката, Стеф Клемент, од екипата Белкин Про Сајклинг,[5] бил освојувач на црвената маичка за планинскиот пласман; исто така освоил и етапа носејќи ја маичката, победувајќи на претпоследната етапа.[7] Возачот на Канондејл Михел Кох ги освоил двата спринтерски пласмани; заедно со нормалниот спринтерски пласман,[5] Кох бил победник и на специјалниот спринтерски пласман,[5] именуван во чест на Мигел Поблет, со доделување бодови на специфични места на патеката. Втора година по ред, Гармин-Шарп го освоиле екипниот пласман.[5]
Распоред
[уреди | уреди извор]| Етапа | Датум | Движење | Растојание | Вид | Победник | |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 24 март | Калеља до Калеља | 169,7 км | рамна етапа | ||
| 2 | 25 март | Матаро до Жирона | 168 км | рамна етапа | ||
| 3 | 26 март | Бањолес до Ла Молина | 162,9 км | планинска етапа | ||
| 4 | 27 март | Алп до Валтер 2000-Сеткасес | 166,4 км | планинска етапа | ||
| 5 | 28 март | Лјанарс до Валс | 218,2 км | среднопланинска етапа | ||
| 6 | 29 март | Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру | 172 км | рамна етапа | ||
| 7 | 30 март | Барселона до Барселона | 120,7 км | среднопланинска етапа | ||
Екипи
[уреди | уреди извор]Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. На четири други екипи им биле доделени специјални покани, со тоа создавајќи ја главната група од 22 екипи.
Екипи кои настапиле на трката се:[8]
Етапи
[уреди | уреди извор]Етапа 1
[уреди | уреди извор]Резултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
[уреди | уреди извор]Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
[уреди | уреди извор]Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
[уреди | уреди извор]- 27 март 2014 — Алп до Валтер 2000-Сеткасес, 166,4 км[12]
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
[уреди | уреди извор]Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6
[уреди | уреди извор]- 29 март 2014 — Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру, 172 км[14]
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Етапа 7
[уреди | уреди извор]Резултат од етапа 7
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
[уреди | уреди извор]На Волта а Каталуња 2014 се доделувале четири маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови и на крајот на етапите, предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се смета за најважен на Волта а Каталуња 2014 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.
Дополнително, постои и спринтерски пласман, кој се наградува со белата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите 3 места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат и бонус секунди за генералниот пласман. Воедно постои и специјален спринтерски пласман, во кој се сметаат бодовите кои се нудат на посебно одредена точка во текот на етапата; пласманот бил именуван во чест на поранешниот велосипедист Мигел Поблет, кој починал во 2013. Исто така, постои и планински пласман, каде се доделува црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.
Постои и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време.
| Етапа | Победник | Генерален пласман |
Планински пласман |
Спринтерски пласман |
Специјален спринтерски пласман |
Екипен пласман |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Лука Мезгец | Лука Мезгец | Ромен Лемаршан | Борис Вале | Ромен Лемаршан | Омега Парма-Квик Степ |
| 2 | Лука Мезгец | Михел Кох | Лото-Белисол | |||
| 3 | Хоаким Родригес | Хоаким Родригес | Џек Бобриџ | Михел Кох | Аг2р-Ла Мондијал | |
| 4 | Тиџеј ван Гардерен | Стеф Клемент | Гармин-Шарп | |||
| 5 | Лука Мезгец | |||||
| 6 | Стеф Клемент | |||||
| 7 | Ливе Вестра | |||||
| На крај | Хоаким Родригес | Стеф Клемент | Михел Кох | Михел Кох | Гармин-Шарп | |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „94ª Volta a Catalunya: General Individual“. Edosof (шпански). AS&A. 30 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-30. Посетено на 30 март 2014.
- ↑ „Родригес го запечати вториот триумф на Волта а Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
- ↑ „Хоаким Родригес ја запечати победата додека Ливе Вестра сам ја освои последната етапа“. Sky Sports. BSkyB. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
- ↑ „Алберто завршил втор во генералниот пласман на Каталуња“. Тинкоф-Саксо. Tinkoff Sport. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
- 1 2 3 4 5 Фотерингем, Аласдер (30 март 2014). „Родригес триумфирал на домашен терен на Волта а Каталуња“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 30 март 2014.
- ↑ „Тиџеј ван Гардерен ја освои кралската етапа на Волта а Каталуња“. Cycling Weekly. IPC Media. 27 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
- ↑ „Клемент победи на етапа на Волта а Каталуња во планинската маичка“. Белкин Про Сајклинг. Rabo Wielerploegen. 29 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-02. Посетено на 30 март 2014.
- ↑ „Volta Ciclista a Catalunya 2014 start list“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-22. Посетено на 24 март 2014.
- ↑ „Етапа 1: Калеља до Калеља“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 24 март 2014.
- ↑ „Етапа 2: Матаро до Жирона“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 24 март 2014.
- ↑ „Етапа 3: Бањолес до Ла Молина“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 24 март 2014.
- ↑ „Етапа 4: Алп до Сеткасес“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 24 март 2014.
- ↑ „Етапа 5: Лјанарс до Валс“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.[мртва врска]
- ↑ „Етапа 6: Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 24 март 2014.
- ↑ „Етапа 7: Барселона до Барселона“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 24 март 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||