Волта а Каталуња 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волта а Каталуња 2018 Cycling (road) pictogram.svg
Volta a Catalunya 2018 (1).jpg
Детали за трката
Издание98. Волта а Каталуња
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2018 2.UWT
Етапи7
Датуми19 – 25 март 2018
Растојание1.136,6 км
ДржаваESP Шпанија
ПоаѓалиштеКалелја
ОдредиштеБарселона
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај113
Просечна брзина39,995 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникESP Алехандро Валверде (Мовистар) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранCOL Наиро Кинтана (Мовистар) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранFRA Пјер Латур (АГ2Р-Ла Мондијал) Wikidata-logo S.svg
ПланинскиESP Алехандро Валверде (Мовистар) Wikidata-logo S.svg
СпринтерскиESP Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) Wikidata-logo S.svg
МладинскиFRA Пјер Латур (АГ2Р-Ла Мондијал) Wikidata-logo S.svg
ЕкипенESP Мовистар Wikidata-logo S.svg
◀ 20172019 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Волта а Каталуња 2018 (позната и како Трка околу Каталонија 2018) — 98. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња, која се одржала помеѓу 19 и 25 март како деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Втора година по ред и трет пат во кариерата, трката била освоена од возачот на Мовистар Тим, Алехандро Валверде.[3] Валверде ги освоил втората и четвртата етапа на трката, преземајќи го водството на трката - и планинскиот пласман исто така - по победата на втората етапа. Завршил 29 секунди пред најблискиот соперник,[4] колегата Наиро Кинтана, откако сонародникот на Кинтана, Еган Бернал (Тим Скај) отпаднал од трката на завршниот ден. Подиумот бил заокружен од возачот на АГ2Р-Ла Мондијал, Пјер Латур, кој доцнел уште 18 секунди зад Валверде; повлекувањето на Бернал исто така му овозможило на Латур да го освои пласманот за млад возач.[4] Спринтерскиот пласман бил освоен од Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА),[4] додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, откако имале и трет возач, Марк Солер, меѓу најдобрите пет.[4]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што се заокружила групата од 25 екипи.[6][7] Две од професионалните континентални екипи, Бургос БХ и Еускади Баск Кантри-Муријас, го имале својот прв настап на трка од Светската турнеја.

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. BEL Лото-Судал
  2. AUS Мичелтон-Скот
  3. USA Трек-Сегафредо
  4. NED Лото НЛ-Џамбо
  5. FRA АГ2Р-Ла Мондијал
  6. FRA Групама-ФДЖ
  7. BRN Бахреин-Мерида
  8. UAE ОАЕ Емирати
  9. GER Санвеб
  10. BEL Квик-Степ Флорс
  11. USA EF Education First-Drapac
  12. GER Бора-хансгрое
  13. KAZ Астана
  14. SUI Катјуша-Алпесин
  15. RSA Дименжн Дата
  16. GBR Тим Скај
  17. USA БМЦ Рејсинг Тим
  18. ESP Мовистар
Професионални континентални екипи (7)
  1. ESP Бургос БХ
  2. ESP Euskadi-Murias
  3. ESP Каха Рурал-Сегурос РГА
  4. FRA Кофидис
  5. FRA Фортунео-Самсик
  6. COL Манзана Постобон
  7. ISR Израелска велосипедска академија
Wikidata-logo S.svg

Рута[уреди | уреди извор]

Целата рута на Волта а Каталуња била објавена на 12 март 2018 година.[8]

Третата етапа, првично предвидена да биде во должина од 199,2 километри, била скратена поради лошите временски услови.[9] Поради тоа, етапата била скратена на 153,2 километри.

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 Wikidata-logo S.svg19 мартКалелјаКалелја
среднопланинска етапа
152,3COL Алваро Одег Wikidata-logo S.svgCOL Алваро Одег Wikidata-logo S.svg
2 Wikidata-logo S.svg20 мартМатаро – Валс
среднопланинска етапа
175,6ESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svgESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svg
3 Wikidata-logo S.svg21 мартСант Кугат дел Валес – Кампродон
планинска етапа
153,2BEL Томас де Гент Wikidata-logo S.svgBEL Томас де Гент Wikidata-logo S.svg
4 Wikidata-logo S.svg22 мартЉанарс – Ла Молина
планинска етапа
170,8ESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svgESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svg
5 Wikidata-logo S.svg23 мартЉивија – Виелја е Михаран
среднопланинска етапа
212,9COL Харлинсон Пантано Wikidata-logo S.svgESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svg
6 Wikidata-logo S.svg24 мартЛа Побла де Сегур – Торефарера
ридеста етапа
117GER Максимилијан Шахман Wikidata-logo S.svgESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svg
7 Wikidata-logo S.svg25 мартБарселонаБарселона
среднопланинска етапа
154,8GBR Сајмон Јејтс Wikidata-logo S.svgESP Алехандро Валверде Wikidata-logo S.svg

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. COL Алваро Одег Квик-Степ Флорс3ч 39' 31
2. IRL Сем Бенет Бора-хансгрое+ 0
3. AUS Џеј Мекарти Бора-хансгрое+ 0
4. DEN Михаел Меркев Квик-Степ Флорс+ 0
5. ITA Роберто Ферари ОАЕ Емирати+ 0
6. ITA Николо Бонифацио Бахреин-Мерида+ 0
7. FRA Насер Бухани Кофидис+ 0
8. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 0
9. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 0
10. AUS Зак Демпстер Израелска велосипедска академија+ 0
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. COL Алваро Одег бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачКвик-Степ Флорс3ч 39' 21
2. IRL Сем Бенет Бора-хансгрое+ 4
3. UKR Андриј Гривко Астана+ 5
4. AUS Џеј Мекарти Бора-хансгрое+ 6
5. DEN Михаел Меркев Квик-Степ Флорс+ 10
6. ITA Роберто Ферари ОАЕ Емирати+ 10
7. ITA Николо Бонифацио Бахреин-Мерида+ 10
8. FRA Насер Бухани Кофидис+ 10
9. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 10
10. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 10
Извор: ProCyclingStats


Етапа 2[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде Мовистар4ч 41' 50
2. RSA Дарил Импи Мичелтон-Скот+ 0
3. AUS Џеј Мекарти Бора-хансгрое+ 0
4. COL Еган Бернал Тим Скај+ 0
5. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 0
6. ITA Енрико Гаспарото Бахреин-Мерида+ 0
7. ESP Хосе Хоакин Рохас Мовистар+ 0
8. GBR Тео Гејган Харт Тим Скај+ 0
9. LAT Томс Скујињш Трек-Сегафредо+ 0
10. USA Алекс Хаус EF Education First-Drapac+ 0
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманМовистар8ч 21' 09
2. AUS Џеј Мекарти Бора-хансгрое+ 4
3. RSA Дарил Импи Мичелтон-Скот+ 6
4. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 11
5. SLO Матеј Мохорич бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачБахреин-Мерида+ 12
6. LUX Боб Јунгелс Квик-Степ Флорс+ 12
7. ESP Едуард Прадес Euskadi-Murias+ 12
8. ITA Енрико Гаспарото Бахреин-Мерида+ 12
9. ESP Жорди Симон Бургос БХ+ 12
10. COL Еган Бернал Тим Скај+ 12
Извор: ProCyclingStats


Етапа 3[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. BEL Томас де Гент Лото-Судал4ч 13' 48
2. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 20
3. FRA Тибо Пино Групама-ФДЖ+ 20
4. SUI Матијас Франк АГ2Р-Ла Мондијал+ 20
5. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 20
6. ITA Џовани Висконти Бахреин-Мерида+ 20
7. GER Максимилијан Шахман Квик-Степ Флорс+ 20
8. COL Еган Бернал Тим Скај+ 20
9. SLO Матеј Мохорич бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачБахреин-Мерида+ 20
10. LUX Боб Јунгелс Квик-Степ Флорс+ 20
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. BEL Томас де Гент бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманЛото-Судал12ч 34' 54
2. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 23
3. AUS Џеј Мекарти Бора-хансгрое+ 27
4. RSA Дарил Импи Мичелтон-Скот+ 29
5. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 29
6. FRA Тибо Пино Групама-ФДЖ+ 31
7. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 34
8. SLO Матеј Мохорич бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачБахреин-Мерида+ 35
9. LUX Боб Јунгелс Квик-Степ Флорс+ 35
10. ESP Едуард Прадес Euskadi-Murias+ 35
Извор: ProCyclingStats


Етапа 4[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде Мовистар4ч 25' 54
2. COL Еган Бернал Тим Скај+ 0
3. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 6
4. FRA Пјер Латур АГ2Р-Ла Мондијал+ 23
5. FRA Тибо Пино Групама-ФДЖ+ 53
6. ESP Марк Солер Мовистар+ 53
7. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 53
8. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 55
9. GBR Хју Карти EF Education First-Drapac+ 59
10. COL Даниел Мартинес EF Education First-Drapac+ 1' 03
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманМовистар17ч 00' 58
2. COL Еган Бернал бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачТим Скај+ 19
3. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 26
4. FRA Пјер Латур АГ2Р-Ла Мондијал+ 48
5. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 1' 12
6. FRA Тибо Пино Групама-ФДЖ+ 1' 14
7. ESP Марк Солер Мовистар+ 1' 18
8. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 1' 20
9. GBR Хју Карти EF Education First-Drapac+ 1' 24
10. NED Стевен Краусвејк Лото НЛ-Џамбо+ 1' 28
Извор: ProCyclingStats


Етапа 5[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. COL Харлинсон Пантано Трек-Сегафредо5ч 20' 53
2. NOR Вегард Стаке Ленген ОАЕ Емирати+ 0
3. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 10
4. ITA Џовани Висконти Бахреин-Мерида+ 10
5. SUI Данило Вис БМЦ Рејсинг Тим+ 10
6. RUS Сергеј Чернецки Астана+ 12
7. ESP Хосе Хоакин Рохас Мовистар+ 14
8. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманМовистар+ 14
9. FRA Доријан Годон Кофидис+ 14
10. BEL Бјорг Ламбрехт Лото-Судал+ 14
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманМовистар22ч 22' 05
2. COL Еган Бернал бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачТим Скај+ 16
3. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 26
4. FRA Пјер Латур АГ2Р-Ла Мондијал+ 48
5. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 1' 12
6. ESP Марк Солер Мовистар+ 1' 18
7. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 1' 20
8. GBR Хју Карти EF Education First-Drapac+ 1' 24
9. COL Даниел Мартинес EF Education First-Drapac+ 1' 26
10. DEN Јеспер Хансен Астана+ 1' 28
Извор: ProCyclingStats


Етапа 6[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. GER Максимилијан Шахман Квик-Степ Флорс2ч 34' 25
2. ESP Диего Рубио Бургос БХ+ 0
3. IRL Сем Бенет Бора-хансгрое+ 18
4. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 18
5. ITA Роберто Ферари ОАЕ Емирати+ 18
6. ESP Енрике Санс Euskadi-Murias+ 18
7. COL Еган Бернал бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачТим Скај+ 18
8. SUI Данило Вис БМЦ Рејсинг Тим+ 18
9. ESP Хосе Хоакин Рохас Мовистар+ 18
10. FRA Беноа Жарје Фортунео-Самсик+ 18
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманМовистар24ч 56' 48
2. COL Еган Бернал бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачТим Скај+ 16
3. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 26
4. FRA Пјер Латур АГ2Р-Ла Мондијал+ 48
5. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 1' 12
6. ESP Марк Солер Мовистар+ 1' 18
7. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 1' 20
8. GBR Хју Карти EF Education First-Drapac+ 1' 24
9. COL Даниел Мартинес EF Education First-Drapac+ 1' 26
10. DEN Јеспер Хансен Астана+ 1' 28
Извор: ProCyclingStats


Етапа 7[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот3ч 28' 04
2. ESP Марк Солер Мовистар+ 13
3. FRA Пјер Латур АГ2Р-Ла Мондијал+ 18
4. COL Харлинсон Пантано Трек-Сегафредо+ 18
5. AUS Џеј Мекарти Бора-хансгрое+ 18
6. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 18
7. NED Стевен Краусвејк Лото НЛ-Џамбо+ 18
8. FRA Варан Баргиј Фортунео-Самсик+ 18
9. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманМовистар+ 18
10. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 18
Извор: ProCyclingStats

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ESP Алехандро Валверде бело-зелена маичка за предводникот на генералниот пласманбела и црвена маичка за предводникот на планинскиот пласманМовистар28ч 25' 07
2. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 29
3. FRA Пјер Латур бела и сина маичка за предводникот на пласманот за млад возачАГ2Р-Ла Мондијал+ 47
4. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 47
5. ESP Марк Солер Мовистар+ 1' 10
6. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 1' 23
7. COL Даниел Мартинес EF Education First-Drapac+ 1' 29
8. NED Стевен Краусвејк Лото НЛ-Џамбо+ 1' 31
9. DEN Јеспер Хансен Астана+ 1' 31
10. FRA Тибо Пино Групама-ФДЖ+ 1' 34
Извор: ProCyclingStats


Поредок[уреди | уреди извор]

На Волта а Каталуња 2018 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови (3, 2 и 1 секунда) и на крајот на етапите (10, 6 и 4 секунди, соодветно за првите тројца велосипедисти), предводникот ја добил бело-зелената маичка.[10] Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2018 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.

Бодови за планинскиот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
Бодови за специјална 30 25 20 16 12 10 8 6 4 3 2 1
Бодови за категорија 1 16 12 10 8 6 4 3 2 1 0
Бодови за категорија 2 10 7 5 3 2 1 0
Бодови за категорија 3 6 4 2 1 0

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со портокаловата маичка.[10] Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нуделе и бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала бело-црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачувања.[10] Двојно повеќе бодови било предвидено да се доделат на врвовите Валтер 2000-Сеткасес (специјална категорија) и Ла Молина (прва категорија),[10] меѓутоа Валтер 2000-Сеткасес било отстрането поради лошо време.[9]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележана со бело-сина маичка.[10] Само возачите родени по 1 јануари 1993 година смееле да се натпреваруваат во овој пласман; најдобриот млад возач во генералниот пласман бил предводник на пласманот за млад возач.[10] Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа се додавале заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.[10]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey green lines volta.svg
Планински пласман
Jersey red lines volta.svg
Спринтерски пласман
Jersey orange lines volta.svg
Пласман за млад возач
Jersey blue lines volta.svg
Екипен пласман
1 Алваро Одег Алваро Одег Вилмар Паредес Том Боли Алваро Одег Бора-Хансгрое
2 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Пјер Латур Матеј Мохорич Бахреин-Мерида
3 Томас де Гент Томас де Гент Томас де Гент Љуис Мас Лото-Судал
4 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алехандро Валверде Еган Бернал Мовистар Тим
5 Харлинсон Пантано
6 Максимилијан Шахман
7 Сајмон Јејтс Пјер Латур
На крај Алехандро Валверде Алехандро Валверде Љуис Мас Пјер Латур Мовистар Тим

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "UCI announces 2018 road calendar". Cycling News. конс. 20 октомври 2017. 
  2. "2018 UCI WorldTour calendar unveiled". Velon. конс. 20 октомври 2016. 
  3. Volta a Catalunya: Simon Yates wins final stage, Valverde takes overall“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 март 2018 (посет. 25 март 2018 г).
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 "Etapa 7, Diumenge 25 de març del 2018: Barcelona (Montjuïc) / Barcelona (Montjuïc) (154,800 Km.)" [Stage 7, Sunday 25 March 2018: Barcelona (Montjuïc) / Barcelona (Montjuïc) (154.800 Km.)] (Portable Document Format). Edosof.com ((шпански)). Edosof Timing Systems. 25 март 2018. конс. 25 март 2018. 
  5. "UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127" (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  6. La "Volta" anuncia els set equips convidats per a l'edició 2018“, „Волта а Каталуња“, Volta Ciclista a Catalunya Associació Esportiva, 4 јануари 2018 (посет. 18 март 2018 г). (на каталонски)
  7. Libro de ruta 2018, стр. 13.
  8. La 98a "Volta" es presenta renovada i amb un cartell de figures mundials“, „Волта а Каталуња“, Volta Ciclista a Catalunya Associació Esportiva, 12 март 2018 (посет. 18 март 2018 г). (на каталонски)
  9. 9,0 9,1 Фотерингем, Аласдер. „Key summit finish canceled in Volta a Catalunya over possible avalanches“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 20 март 2018 (посет. 20 март 2018 г).
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 Libro de ruta 2018, стр. 90–97.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]