Матијас Франк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Матијас Франк
Лични податоци
Цело имеМатијас Франк
Роден9 декември 1986 (1986-12-09) (33 г.)
Роглисвил,  Швајцарија
Висина1,74 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р-Ла Мондијал
ДисциплинаДрумски велосипедист
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
Тим Херман
Професионални клубови
2008
2009–2013
2014–2016
2017-
Геролштајнер
БМЦ Рејсинг Тим
ИАМ Сајклинг
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2016)
Последна промена
2 јануари 2019

Матијас Франк (германски: Mathias Frank; р. 9 декември 1986 во Роглисвил) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р-Ла Мондијал.[1] Се смета за силен искачувач, завршувајќи осми во генералниот пласма на Тур де Франс 2015 и освоил етапа од бегство на Вуелта а Еспања 2016.

Кариера[уреди | уреди извор]

2008-2013[уреди | уреди извор]

Матијас Франка ја започнал својата професионална кариера со германската екипа Геролштајнер. Првата професионална победа ја имал на ГП Триберг-Шварцвалд. Меѓутоа, германската екипа се распаднала истата сезона, што значело дека Франк морал да најде друга екипа. Завршил во БМЦ Рејсинг Тим. Возел пет години за БМЦ и освоил три трки, постигнувајќи и добри резултати на Тур де Свис.

ИАМ Сајклинг (2014-2016)[уреди | уреди извор]

По пет години со екипата БМЦ Рејсинг Тим[2], Франк ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 за да му се приклучи на новата швајцарска екипа ИАМ Сајклинг.[3] Возел за екипата три години, додека не се распаднала на крајот на 2016 година. Франк завршил втор на Тур де Свис 2014 и четврти на Тур де Романди 2014. Следната година, Франк се насочил на генералниот пласман на Тур де Франс. Бил во бегство на етапата 17 кога завршил петти, напредувајќи до осмото место во генералниот пласман. На етапата 19, Франк се нашол и едно место погоре во генералниот пласман, меѓутоа на етапата 20 до Алп д’Иез, повторно паднал на осмото место, на кое завршил и на крајот на трката. Следната година, Франк имал лоша среќа на Тур де Франс, кога паднал на етапата 14. Поради тоа се насочил на Вуелта а Еспања. Успеал да отиде во неколку бегства пред да ја освои етапата 17.

АГ2Р Ла Мондијал (2017-денес)[уреди | уреди извор]

Франк потпишал двегодишен договор со француската екипа Аг2р-Ла Мондијал и го сменил својот фокус како поддршка на Ромен Барде на Тур де Франс. Франк завршил седми на Тур де Свис, како подготовка за Тур де Франс. Франк му помогнал на Барде да стигне до подиум. Следната година, Франк бил изоставен од составот на екипата за Тур, меѓутоа бидејќи Александар Жење имал слаба форма, Франк бил повикан и му помогнал на Барде да стигне до шестото место.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Етапа 4 Тур де Аеропортс
2. Национален друмски првак под 23 години
2007
1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
1. Етапа 5
1. Етапа 4 ГП Тел
2009
1. Краен пласман ГП Тел
6. Краен пласман Трка околу Ирска
2010
1. Jersey white.svg Планински пласман Тур де Свис
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман Тур де Свис
2011
6. Краен пласман Тур де Свис
2012
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
1. Jersey red.svg Пласман за швајцарски возач Тур де Свис
10. Краен пласман Трка околу Јута
2013
Трка околу Австрија
1. Етапа 4
1. Етапа 5
2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 2
3. Гран при де Валони
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Тур де Свис
2014
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 3
2. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 2
2. Краен пласман Тур де Свис
4. Краен пласман Тур де Романди
7. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2015
3. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
8. Краен пласман Тур де Франс
2016
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
7. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
8. Краен пласман Тур де Романди
2017
7. Краен пласман Тур де Свис
1. Jersey red.svg Пласман најдобар швајцарски возач
7. Букл де л’Олн
2018
4. Национално друмско првенство
5. Тре Вали Варезине
9. Џиро дела Тоскана
10. Краен пласман Трка околу Калифорнија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро СО 83
Jersey yellow.svg Тур СО СО 8 СО 30 55
Jersey red.svg Вуелта СО 94 37

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official presentation of the 2019 AG2R La Mondiale pro cycling team“, „АГ2Р-Ла Мондијал“, Groupe AG2R La Mondiale, 11 декември 2018 (посет. 1 јануари 2019 г).
  2. „БМЦ Рејсинг Тим (BMC) – USA“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 3 јануари 2013. 
  3. Шаванел и Франк помеѓу трансферите во ИАМ Сајклинг“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 август 2013 (посет. 23 август 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]