Гејс ван Хуке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гејс ван Хуке
Ван Хуке на Европското велодромско првенство 2015
Лични податоци
Цело имеГејс ван Хуке
Роден12 ноември 1991 (1991-11-12) (28 г.)
Гент,  Белгија
Висина1,86 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубССС Тим
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Професионални клубови
2012–2016

2017-2018
2019-
Топспорт Вландерен-Меркатор
Лото НЛ-Џамбо
ССС Тим
Последна промена
26 мај 2019

Гејс ван Хуке (холандски: Gijs van Hoecke; р. 12 ноември 1991 во Гент) — белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ССС Тим.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, кога имал 19 години, бил избран да учествува на Светското велодромско првенство, каде го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум. Една година подоцна, на Светското велодромско првенство во Мелбурн, завршил деветти во истата дисциплина и станал светски првак во медисон.

На Летните олимписки игри 2012, настапил во екипната потера за белгиската репрезентација.[2] Ван Хуке бил испратен дома од овие Олимписки игри, бидејќи се опијанил по завршувањето на натпреварувањето.[3]

Гејс го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство 2013. Во текот на истата година ја освоил својата прва шестдневна трка во Амстердам.

Во 2014 година, Гејс ван Хуке ја освоил друмската трка Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[4]

Во август 2018 година било објавено дека ќе се приклучи на ССС Тим за 2019 година, возејќи како помошник за неговиот тренинг-партнер, Грег ван Авермет.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2008
2. Светско јуниорско првенство - медисон
Национални јуниорски првенства
2. Омниум
2. Екипна потера
2. Кило
2. Индивидуална потера
2009
1. Национално јуниорско првенство - омниум
2. Светско јуниорско првенство - медисон
2010
2. Европско првенство под 23 години - омниум
2011
3. Светско првенство - омниум
2012
1. Светско првенство - медисон
Европски првенства под 23 години
2. Медисон
3. Екипна потера
2. Шест дена Гент
2013
1. Шест дена Амстердам
3. Европско првенство - медисон
3. Шест дена Гент
2015
2. Шест дена Гент

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2009
1. Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниори)
5. Краен пласман Трка Минстерланд
2011
1. Краен пласман Трка околу покраината Антверпен
2. Париз-Тур (младинци)
2012
3. Трка околу Зеланд
2013
2. ГП Клод Крикелион
2014
1. Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг
2015
1. Jersey green.svg Борбен пласман Енеко Тур
8. Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг
10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
10. Трка околу Лимбург
2016
6. Краен пласман Трка околу Данска
8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ferri, Marco. „CCC Team, Riccardo Zoidl prende il posto di Denifl e completa il roster“, „SpazioCiclismo“, Gravatar, 24 декември 2018 (посет. 2 јануари 2019 г). (на (италијански))
  2. „Гејс ван Хуке“. BBC Sport. конс. 13 септември 2012. 
  3. „Enjoying London life a bit too much? Belgian cyclist sent home after drunken night out“. Daily Mail. Associated Newspaper ltd. 9 август 2012. конс. 30 ноември 2012. 
  4. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. конс. 3 мај 2018. 
  5. „Navarro signs with Katusha-Alpecin“. cyclingnews.com. 28 август 2018. конс. 1 септември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]