Илјо Кејсе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илјо Кејсе
Кејсе на Трката околу Германија 2018
Лични податоци
Цело имеИлјо Кејсе
ПрекарВеселиот скокач
Роден21 декември 1982 (1982-12-21) (36 г.)
Гент,  Белгија
Висина1,83
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубДекојнинк-Квик Степ
ДисциплинаВелодромски и друмски велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
2004 Јонг Вландерен 2016
Професионални клубови
2005–2008
2009
2010-
Чоколад Жак-Т Интерим
Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи
Квик Степ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2015)
Последна промена
26 јануари 2019

Илјо Кејсе (холандски: Iljo Keisse; р. 21 декември 1982 во Гент) — белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој настапува за UCI World Tour екипата Декојнинк-Квик Степ.[1] Кејсе настапува и на велодромски и на друмски трки, специјализирајќи се во возење на трки во траење од шест дена. Седум пати ја има освоено трката Шест дена Гент, а на подиум се има качено 12 пати.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Кејсе е роден во Гент. Заедно со неговиот колега Метју Гилмор, освоил три трки од шест дена во 2005/2006: Гренобл, Гент и Хаселт. По неговата победа на Шест дена Гент 2008, обата примероца А и Б се покажале позитивни на катин и диуретик, кој бил користен за прикривање на присуствово на допинг средства. Бил отпуштен од неговата екипа, Топспорт Вландерен-Меркатор, на 11 јануари 2009 година.[3] Се приклучил на екипата Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи во мај 2009 година.[4]

На 2 ноември 2009 година, Кејсе бил прогласен за невин, откако истражувачите пронашле дека позитивните резултати не биле резултат на намерен допинг и најверојатно потекнале од контаминација на додаток во исхраната.[5] На 7 јули 2010 година, Арбитражниот суд за спорт ја потврдил жалбата од Светската антидопинг агенција и му одредил суспензија на Кејсе. Му биле признати 11 месеци суспензија, со што можел да се врати на трките во август 2011 година.[6] Во ноември, одлуката на судот била одбиена од белгискиот Апелациски суд, дозволувајќи му на Кејсе да настапи на Шест дена Гент 2010.[7] Кејсе останал под суспензија во Белгија до 27 јануари 2012 година, но повторно потпишал со Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[8]

На 28 април 2012 година, Кејсе ја освоил седмата етапа на Трката околу Турција во драматична завршница: по падот во последната кривина морал да го намести ланецот пред да спринта на целта пред групата. Првите возачи го добиле истото време како неговото.[9] Ова била првата професионална победа во неговата кариера и негова последна во изминатите две години. Негова следна победа била на класикот Шатору во август 2014 година.[10]

Уште една победа остварил во 2015 година, на Ронде ван Зеланд; ја освоил трката од групата на тројца возачи на Етикс-Квик Степ кои претходно се одвоиле.[11] На Џиро д’Италија, Кејсе ја освоил последната етапа во Милано, изместувајќи ги плановите на спринтерите. Се одвоил со возачот на Орика-ГринЕЏ Лук Дарбриџ и го претекнал за победа.[12] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Друмски[уреди | уреди извор]

2006
6. Краен пласман Трка околу Британија
9. Краен пласман Тур де Валони
2007
3. Курне-Брисел-Курне
2008
4. ГП Брик Шоте
2011
10. Класик Дач Фуд Вали
2012
1. Етапа 7 Трка околу Турција
2013
3. Минстерланд Џиро
2014
1. Класик Шатору
2. ГП Брик Шоте
2015
1. Ронде ван Зеланд
1. Етапа 21 Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
1. Профронде Дерне
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 5 Вуелта а Еспања
2017
1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
1. Текстилпрејс Вихте
3. Ле Самин
3. Хале-Ингоигем
10. Дварс дор Вест-Вландерен

Велодромски[уреди | уреди извор]

2005
1. Шест дена Фјоренцуола д’Арда (со Метју Гилмор)
1. Шест дена Гренобл (со Метју Гилмор)
1. Шест дена Гент (со Метју Гилмор)
1. Европско медисон првенство (со Метју Гилмор)
2006
1. Шест дена Хаселт (со Метју Гилмор)
1. Европско дерни првенство
2007
1. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко)
1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко)
1. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко)
2. Европско дерни првенство
2. Светско првенствов во бодовна трка
2. Шест дена Мастрихт (со Марко Вила)
2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули)
2008
1. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лејф Лампатер)
1. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
3. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко)
Летни олимписки игри
4. Медисон (со Кени де Кетеле)
8. Бодовна трка
2012
1. Шест дена Гент (со Глен О’Ши)
2013
1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
1. Шест дена Цирих (со Силван Дилје)
Национални велодромски првенства
1. MaillotBélgica.PNG медисон (со Јаспер де Бујст)
1. MaillotBélgica.PNG Скреч
2014
1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
1. Шест дена Цирих (со Марк Кевендиш)
2. Шест дена Гент (со Марк Кевендиш)
2015
1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
1. Шест дена Гент (со Михаел Меркев)
1. Револушн Коло 2 (со Енди Тенант)
1. Револушн Коло 3 (со Вим Струтинга)
1. Бодовна трка
1. Елиминациска екипа
3. Шест дена Лондон (со Гејс ван Хуке)
2016
2. Краен пласман Лига на прваци Револушн
3. Шест дена Гент (со Елија Вивијани)
2017
1. Шест дена Бремен (со Марсел Калц)
2018
1. Шест дена Гент (со Елија Вивијани)
2019
1. Шест дена Бремен (со Јаспер де Бујст)

Распоред на резултатите на „Шест дена“[уреди | уреди извор]

Година Шест дена Амстердам[14] Шест дена Бремен[15] Шест дена Гент[16] Шест дена Гренобл[17] Шест дена Ротердам[18] Шест дена Цирих[19]
2004 10. 2. 3. нема нема
2005 3. 3. 1. 1. 4. нема
2006 4. 4. нема 2. 2.
2007 1. 3. 1. 1. 2.
2008 3. 1. 1. 3.
2009 4. 2. 3.
2010 2. 1. 1. 4.
2011 1. 1. 1.
2012 2. 3. 1. 1. 4.
2013 2. 3. 1. 1.
2014 2. 1. 1.
2015 1. нема 1. нема
2016 3.
2017 1.
2018 1.
2019 1.

СО = се откажал; — = не учествувал; нема = немало трка или трката била откажана

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 159 139 145 144
Jersey yellow.svg Тур 139
Jersey red.svg Вуелта 148

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Омега Парма-Квик-Степ Сајклинг Тим (OPQ) - БЕЛ“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 4 јануари 2014. 
  2. Кејсе победи на Гент по петти пат“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 ноември 2012 (посет. 25 ноември 2012 г).
  3. Велодромскиот велосипедист Илјо Кејсе отпуштен за допинг скандал SI.com, 11 јануари 2009
  4. http://www.keisse-gilmore.be/news.html
  5. Бен Аткинс (2 ноември 2008). „Keisse acquitted and cleared for Gent Six“. VeloNation. конс. 6 декември 2009. 
  6. http://www.velonation.com/News/ID/4796/Quick-Steps-Iljo-Keisse-has-two-year-ban-reinstated-by-CAS-following-WADA-appeal.aspx
  7. http://www.cyclingnews.com/news/keisse-free-to-race-gent-six-day-after-doping-suspension-suspended
  8. Кејсе во Омега Парма-Квик Степ во 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 декември 2011 (посет. 5 јануари 2012 г).
  9. „Кејсе ја освои драматичната седма етапа на Трката околу Турција“. cyclingnews.com. 28 април 2012. 
  10. „Châteauroux Classic de l'Indre Trophée Fenioux - Classic“. ProCyclingStats. конс. 21 март 2015. 
  11. Iljo Keisse leads Etixx-Quick-Step sweep at Ronde van Zeeland Seaports“, „Velonews“, 21 март 2015 (посет. 21 март 2015 г).
  12. Алберто Контадор победи на Џиро д’Италија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 31 мај 2015 (посет. 31 мај 2015 г).
  13. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. конс. 21 август 2015. 
  14. „6 Jours d'Amsterdam“. memoire-du-cyclisme.eu. конс. 25 ноември 2015. 
  15. „6 Jours de Bremen“. memoire-du-cyclisme.eu. конс. 25 ноември 2015. 
  16. „6 Jours de Gent“. memoire-du-cyclisme.eu. конс. 3 декември 2015. 
  17. „6 Jours de Grenoble“. memoire-du-cyclisme.eu. конс. 25 ноември 2015. 
  18. „6 Jours de Rotterdam“. memoire-du-cyclisme.eu. конс. 25 ноември 2015. 
  19. „6 Jours de Zurich“. memoire-du-cyclisme.eu. конс. 3 декември 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]