Силван Дилје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Силван Дилје
Дилје на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеСилван Дилје
Роден3 август 1990 (1990-08-03) (29 г.)
Баден,  Швајцарија
Висина1,83 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р-Ла Мондијал
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
2010
2012
2013
2013
Шамбери Сиклисм
ЕКЦ Рејсинг
БМЦ Развојна екипа
БМЦ Рејсинг Тим (стажант)
Професионални клубови
2011
2014–2017
2018-
Тим Предарлска
БМЦ Рејсинг Тим
АГ2Р-Ла Мондијал
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2017)

Етапни трки

Рут ди Сид (2017)

Еднодневни трки и класици

MaillotSuiza.PNG Национален друмски првак (2017)
MaillotSuiza.PNG Национален хронометарски првак (2015)
Последна промена
2 јануари 2019

Силван Дилје (француски: Silvan Dillier; р. 3 август 1990) — швајцарски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата АГ2Р-Ла Мондијал.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2008 година станал швајцарски националниот јуниорски хронометарски првак; во 2009 година друмски првак под 23 години, а во 2010 и 2011 година хронометарски првак под 23 години.

Во 2012 година освоил етапа на Тур де л’Авенир.

На Трката околу Алберта 2013 ја освоил втората етапа, додека возел за БМЦ како стажант.[2] Ова му го донело првиот професионален договор за 2014 година со БМЦ.[3] Престојува во Шнајсинген.

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[4]

Дилје (во средина) го следи Петер Саган на Париз-Рубе 2018.

Дилје возел на Џиро д’Италија 2017,[5] и ја освоил шестата етапа во меѓусебниот спринт со Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) откако двоецот бил во петчлено бегство кое јасно се одвоило од главната група скоро цела етапа. [6] Во јуни 2017 година, Дилје ја освоил првата етапна трка, Рут ди Сид.[7]

Дилје се приклучил на АГ2Р-Ла Мондијал за сезоната 2018 како засилување на екипата за класичните трки, но го скршил прстот на Страде Бјанке 2018. Се вратил на трки во април 2018 година на трката Рут Адели.[8] На Париз-Рубе 2018, Дилје бил дел од деветчленото рано бегство кое избегало од главната група по еден час возење и бил напред со Јеле Вале (Лото-Судал), додека двоецот не бил достигнат од светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое), кој нападнал од групата на фаворити на 53 километри пред целта. Дилје успеал да остане и да работи со Саган до завршницата на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил меѓусебниот спринт.[9] Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2006
1. MaillotSuiza.PNG Национално младинско друмско првенство
2007
1. Етапа 4 Курс де ла Пе
1. Етапа 3 Низ Истра
2. Национално јуниорско хронометарско првенство
2. Краен пласман Тур ду По де Вод
2008
1. MaillotSuiza.PNG Национално јуниорско хронометарско првенство
2009
1. MaillotSuiza.PNG Национално друмско првенство под 23 години
2010
1. MaillotSuiza.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
8. Краен пласман Тур ду Лоара и Шер
2011
1. MaillotSuiza.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Национално друмско првенство под 23 години
2012
1. MaillotSuiza.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Етапа 1 Тур де л’Авенир
2. Национално друмско првенство под 23 години
8. Краен пласман Тур де Жиронда
2013
1. Краен пласман Тур де Норманди
1. Арденска стрела
1. Етапа 2 Трка околу Алберта
2. Гран при де Марбријер
9. Меѓународен трофеј Јонг Мар Мудиг
2014
1. Jersey rainbow chrono.svg Светско првенство во екипен хронометар
2. ГП Кантон Аргау
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Тур де Валони
1. Пласман за млад возач
6. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
9. Ватенфал Класик
2015
1. Jersey rainbow chrono.svg Светско првенство во екипен хронометар
1. MaillotSuiza.PNG Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 4
2016
4. Краен пласман Трка Дубаи
8. ГП Кантон Аргау
2017
Национални друмски првенства
1. MaillotSuiza.PNG Друмска трка
2. Хронометар
1. Jersey red.svg Краен пласман Рут ди Сид
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. MaillotCyan.PNG Планински пласман
1. Етапа 6 Џиро д’Италија
2. Silver medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
2. Дварс дор Вест Вландерен
8. Краен пласман Трка околу Гуангси
8. Брабантсе Пејл
2018
1. Рут Адели
1. Jersey green.svg Планински пласман Трка околу Гуангси
2. Национално хронометарско првенство
2. Париз-Рубе
6. Тур ди Дуа
9. ГП Кантон Аргау
10. Ла Руе Туранжел

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2008
3. Светско јуниорско медисон првенство
2011
Европско првенство под 23 години
1. UEC Champion Jersey.svg Медисон
3. Екипна потера
2. Европско првенство - Бодовна трка
2012
Европско првенство под 23 години
1. UEC Champion Jersey.svg Медисон
1. UEC Champion Jersey.svg Екипна потера
2013
Шест дена и ноќи Цирих - со Илјо Кејсе
2014
2. Шест дена Цирих (со Лејф Лампатер)
3. Шест дена Гент (со Лејф Лампатер)
2015
2. Европско првенство во екипна потера
2. Национално првенство во медисон

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 52 СО 67
Jersey yellow.svg Тур 83
Jersey red.svg Вуелта 79

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Сан Ремо 38 125
Трка околу Фландрија 46 61 49
Париз-Рубе СО 2
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 123
Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите на првенства[уреди | уреди извор]

Настан 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Gold medal olympic.svg Олимписки игри Друмска трка не се одржал не се одржал
Jersey rainbow.svg Светски првенства Хронометар 18 30
Друмска трка 28 СО 50
Екипен хронометар 1 1 2
MaillotSuiza.PNG Национални првенства Хронометар 3 1 ДНС 2
Друмска трка 9 13 4 13 1

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official presentation of the 2019 AG2R La Mondiale pro cycling team“, „АГ2Р-Ла Мондијал“, Groupe AG2R La Mondiale, 11 декември 2018 (посет. 1 јануари 2019 г).
  2. „Швајцарецот Силван Дилје ја освои втората етапа“. tourofalberta.ca. конс. 18 февруари 2014. 
  3. „Дилје доаѓа во БМЦ Рејсинг Тим за 2014“. cyclingnews.com. конс. 18 февруари 2014. 
  4. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. конс. 20 август 2016. 
  5. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 2 мај 2017. 
  6. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/silvan-dillier-pips-jasper-stuyven-giro-ditalia-stage-six-victory-colossal-breakaway-330097#CvS7wfBkgYpBOzoE.99
  7. http://www.cyclingnews.com/races/route-du-sud-la-depeche-du-midi-2017/stage-4/results/
  8. http://www.cyclingnews.com/news/dillier-peter-sagan-was-an-angel-and-a-devil-in-the-same-person/
  9. Робертшо, Хенри. „Peter Sagan takes spectacular Paris-Roubaix victory after huge 54km attack“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 8 април 2018 (посет. 8 април 2018 г).
  10. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 5 јули 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]