Страде Бјанке 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страде Бјанке 2018 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание12. Страде Бјанке
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2018 1.UWT
Датум3 март 2018
Растојание184 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеСиена
ОдредиштеСиена
Екипи21
Возачи на почеток147
Возачи на крај53
Просечна брзина36,37 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Тиш Бенот (Лото-Судал) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранFRA Ромен Барде (АГ2Р Ла Мондијал) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранBEL Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) Wikidata-logo S.svg
Strade bianche hommes 2018.png
◀ 20172019 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Страде Бјанке 2018 — 12. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржала на 3 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја. Вторпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]

Тиш Бенот (Лото-Судал) ја освоил својата прва професионална победа,[3] откако нападнал од групата во потера по предводниците Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) пред да ги помине во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот дошол сам до победа со 39 секунди пред Барде,[4] кој го поминал Ван Ерт во завршниот километар; Ван Ерт, трикратен велокрос првак, на крајот го заокружил подиумот со дополнителни 19 секунди зад Барде.[4]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Сепак, сите осумнаесет екипи избрале да настапат на трката, како во 2017 година. Дополнително, три професионални континентални екипи се натпреварувале со што се заокружила главната група од 21 екипа.[5]

Страде Бјанке е завршна трка за ФДЖ под тоа име; од Париз-Ница следниот ден, екипата ќе биде позната како Групама-ФДЖ.[6]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. GBR Скај
  2. FRA АГ2Р Ла Мондијал
  3. KAZ Астана
  4. BRN Бахреин-Мерида
  5. USA БМЦ Рејсинг
  6. GER Бора-Хансгрое
  7. FRA Групама-ФДЖ
  8. BEL Лото-Судал
  9. AUS Мичелтон-Скот
  10. ESP Мовистар
  11. BEL Квик-Степ Флорс
  12. RSA Дименжн Дата
  13. USA ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
  14. SUI Катјуша-Алпесин
  15. NED Лото НЛ-Џамбо
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (3)
  1. ITA Андрони Џокатоли-Сидермек
  2. ITA Нипо-Вини Фантини-Европа Овини
  3. BEL Верандас Вилемс-Крелан

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[7]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. BEL Тиш Бенот Лото-Судал5ч 03' 33
2. FRA Ромен Барде АГ2Р Ла Мондијал+ 39
3. BEL Ваут ван Ерт Верандас Вилемс-Крелан+ 58
4. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 1' 25
5. ITA Џовани Висконти Бахреин-Мерида+ 1' 27
6. AUS Роберт Пауер Мичелтон-Скот+ 1' 29
7. CZE Здењек Штибар Квик-Степ Флорс+ 1' 42
8. SVK Петер Саган Бора-Хансгрое+ 2' 08
9. BEL Питер Сери Квик-Степ Флорс+ 2' 11
10. AUT Грегор Милбергер Бора-Хансгрое+ 2' 16
11. SLO Матеј Мохорич Бахреин-Мерида+ 3' 05
12. ITA Даниел Ос Бора-Хансгрое+ 3' 22
13. BEL Флорис де Тир Лото НЛ-Џамбо+ 4' 03
14. ITA Џани Москон Тим Скај+ 4' 08
15. GER Маркус Бургхарт Бора-Хансгрое+ 4' 10
Извор: ProCyclingStats


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Посетено на 20 октомври 2016.
  3. „Strade Bianche: Benoot crushes the gravel in emphatic solo victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 3 март 2018. Посетено на 3 март 2018.
  4. 4,0 4,1 Виндзор, Ричард (3 март 2018). „Tiesj Benoot puts in super show of strength to win 2018 Strade Bianche“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 3 март 2018.
  5. „Elenco Iscritti / Rider List / Liste des engages“ (Portable Document Format). Страде Бјанке. RCS MediaGroup. Посетено на 2 март 2018.
  6. Робертшо, Хенри (31 јануари 2018). „Groupama-FDJ reveal new kit for 2018 season“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 2 март 2018.
  7. „Страде Бјанке 2018“. ProCycling.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]