Мелбурн
Панорама на Мелбурн навечер, Плоштад Федрација, железничка станица Флиндерс, Мелбурн Крикет Штадион | |
Mестоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име - изворно |
Малбурн Melbourne |
Основан | 30 август 1835 |
Поштенски број | 3000 |
Повикувачки број | +61(0)3 |
Портал | www.melbourne.vic.gov.au |
Управа | |
Земја | Австралија |
Градоначалник | Џон Со |
Географија | |
Површина | 7.694 km² |
Население | |
Население | 3,806,092 |
Густина | 1566 ж./km² |
Етнички групи | различни |
Мелбурн (англиски: Melbourne) е главниот град и најголемиот град на австралиската сојузна држава Викторија и вториот по големина град во Австралија (по Сиднеј) Мелбурн има население од околу 3,80 милиони жители а околината брои дополнителни 69 670 граѓани. Мелбурн бил главен град на Австралија од 1901 година до 1927 година. Градот се отликува со својата космополитност, висок животен стандарт. Три поредни години 2002, 2003 и 2004 е определуван за „најдобар град за живење во светот“. Мелбурн е дом на повеќе от 70% од Викторијанците. Мелбурн е голем индустриски и трговски центар. На многу австралиски компании главните седишта им се наоѓаат таму. Најголемиот аеродром во Австралија се наоѓа во Мелбурн. Во градот постојат седум универзитети. Исто така многу развиена е и автомобилската индустрија со производствени погони на Форд, Тојота и др.
Историја[уреди | уреди извор]
Градот е основан во 1834 година од страна на Џон Бетмен и Џон Паско Фокнер.
Спорт[уреди | уреди извор]
Во 1956 година, Мелбурн бил домаќин на Олимписките игри. Исто така, градот е познат и по одржувањето на тенискиот турнир, официјално познат како „Отворено првенство на Австралија“ (Australian Open). Најпосле, во Мелбурн редовно се одржува и трка во рамките на првенството во „Формула 1“.
Мелбурн како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Мелбурн“ – ирански филм од 2014 година, во режија на Нима Џавиди.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017
![]() | Оваа статија место во Австралија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|