Оваа страница се однесува на австралиската сојузна држава Викторија. За друго значење види Викторија (појаснување).
Викторија (англиски: Victoria) е една од шестте сојузни држави во Австралија. Најмалата држава е по површина на Австралиското копно, со 237.629 квадратни километри, и е најгуста по население, со 5.205.200 жители во 2007 г.[1] Главен град на Викторија е Мелбурн, во кој живеат скоро 70% од сите Викторијци.
Површината на Викторија била дел од австралиската држава Нов Јужен Велс до 1851 г., кога се одделила како „Колонија Викторија“. Истата година е откриено злато во селото Баларат, а потоа и во Бендиго, каде се случила една од најголемите златни трески во светот. Во само десет години, населението на колонијата се зголемило од 76.000 до 540.000 жители — најголемиот број од нив доселеници од Ирска и Кина.