Вторпат во три години,[3] словенечкиот возач Симон Шпилак (Катјуша-Алпесин) ја освоил трката откако го презел водството на трката на седмата етапа, стигнувајќи сам до етапна победа кога трката завршила во Австрија. Завршил 48 секунди пред возачот на БМЦ Рејсинг Тим, Дамијано Карузо,[4] додека подиумот бил заокружен од возачот на Лото НЛ-Џамбо, Стевен Краусвајк, дополнителни 20 секунди зад Карузо.
Во другите пласмани на трката, возачот на Бора-Хансгрое, Петер Саган го освоил бодовниот пласман по шести пат во седум години откако го зголемил рекордот по број на етапни победи на трката - освоил две етапи стигнувајќи до 15 во кариерата; возачот на Аква Блу Спорт, Ласе Норман Хансен повел во планинскиот пласман, додека најдобро пласиран домашен возач бил Матијас Франк (Аг2р-Ла Мондијал), завршувајќи на седмото место. Екипниот пласман бил освоен од Аг2р-Ла Мондијал, при што Франк бил придружуван во првите десет од Доменико Поцовиво на четвртото место.
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Четири професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 22 екипи.[6]
На Тур де Свис 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Постоеле и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на завршницата на етапите; првите тројца добивале временски бонуси, освен на поединечниот хронометар: етапниот победник освојувал десет секунди, додека вториот и третиот шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2017 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.[8]
Дополнително, постоел бодовен пласман, кој бил наградуван со црна маичка.[8] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите пет места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото.[8] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.
Бодови за планинскиот пласман
Место
1
2
3
4
5
Бодови за екстра категорија
20
15
10
6
4
Бодови за категорија 1
12
8
6
4
2
Бодови за категорија 2
8
6
4
2
1
Бодови за категорија 3
3
2
1
0
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со сина маичка.[8] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.[8]
Четвртата маичка го претставувала пласманот на швајцарски возачи, обележан со црвена маичка.[8] Пласманот се одлучувал на ист начин како генералниот пласман, но само со возачи родени во Швајцарија, кои можеле да учествуваат во пласманот.[8]
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[8]
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.[8]