Зелден

Координати: 46°58′N 11°00′E / 46.967° СГШ; 11.000° ИГД / 46.967; 11.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зелден
Sölden
Зелден во февруари 2005
Зелден во февруари 2005
Грб на Зелден
Местоположба во округот
Местоположба во округот
ЗемјаАвстрија
ПокраинаТирол
ОкругИмст
Управа
 • ГрадоначалникЕрнст Шепф
Површина[1]
 • Вкупна466,89 км2 (18,027 ми2)
Надм. вис.&100000000000013680000001.368 м
Население (2018-01-01)[2]
 • Вкупно3.145
 • Густина0,067/км2 (0,17/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број6450
Повикувачки број05254
Рег. таб.IM
Мреж. местоsoelden.tirol.gv.at

Зелден е општина во Тирол, Австрија.

Географија[уреди | уреди извор]

Со површина од 467 km2 Зелден е најголемата општина во Австрија. Зелден има 3.449 (2003 година) постојани жители, но има капацитети во кои може да се сместат 15.000 туристи. Годишно во Зелден се реализираат преку 2 милиони ноќевања, и според тоа, таа е трета најпопуларна австриска туристичка дестинација (по Виена и Салцбург).

Селото Зелден се наоѓа на надморска височина од 1368 метри, а селото Хоксолден на 2090 метри, каде што има 5 хотели со четири ѕвезди. Највисок врв е Вилдшпице со 3768 метри, втор највисок врв во Австрија, по Гросглокнер.

Оцталскиот леднички пат е вториот највисок поплочен пат во Европа. По тој пат од Зелден се оди до ледникот Ретенбах и ледниците Тиефенбахфернер во Ецталските Алпи.

Скијачки центар[уреди | уреди извор]

Зелден е исто така популарен скијачки центар и тука редовно се одржуваат првите трки од Светскиот куп во сезоната; трката во велеслалом во двете конкуренции (мажи и жени) најчесто се закажува кон крајот на октомври на ледникот Ретенбах. Трките во октомври 2016 година започнале на 3040 метри (н.в) и завршиле на 2670 метри, вертикален пад од 370 метри.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dauersiedlungsraum der Gemeinden Politischen Bezirke und Bundesländer - Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 10 март 2019.
  2. „Einwohnerzahl 1.1.2018 nach Gemeinden mit Status, Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 9 март 2019.
  3. FIS-ski.com - World Cup - Sölden - women's GS - 2nd run results - 2016-10-22
  4. FIS-ski.com - World Cup - Sölden - men's GS - 2nd run results - 2016-10-23

Надворешни врски[уреди | уреди извор]