Ларс Бом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ларс Бом
Лични податоци
Цело име Ларс Антониус Јоханес Бом
Роден 30 декември 1985 (1985-12-30) (воз. 31 г.)
Влејмен,  Холандија
Висина 1,91 м
Маса 75 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ЛотоНЛ-Џамбо
Дисциплина Велокрос
Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Велокрос
Специјалист за хронометри
Аматерски клубови
2002–2003 Рабобанк Јуниор
Професионални клубови
2004–2008
2009–2012
2013
2013-2014
2015-2016
2017-
Рабобанк ГС3
Рабобанк
Бланко Про Сајклинг
Белкин Про Сајклинг
Астана
ЛотоНЛ-Џамбо
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2014)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2009)

Етапни трки

Трка околу Белгија (2009)
Трка околу Британија (2011)
Енеко Тур (2012)
Стер ЗЛМ Тур (2013)

Еднодневни трки и класици

Jersey rainbow.svg Светски првак во велокрос (2008)
MaillotHolanda.PNG Национален друмски првак (2008)
MaillotHolanda.PNG Национален хронометарски првак (2008)
MaillotHolanda.PNG Национален првак во велокрос (2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012)
Последна промена
14 август 2017

Ларс Антониус Јоханес Бом (холандски: Lars Anthonius Johannes Boom; р. 30 декември 1985 во Влејмен) — холандски професионален велокрос и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЛотоНЛ-Џамбо, претходно возејќи за ЛотоНЛ-Џамбо[1] како и во нивната јуниорска и континентална екипа. Бом го освоил Светското велокрос првенство во 2008. Исто така е национален велокрос првак во неговата дисциплина од 2001 — станувајќи јуниорски велокрос првак од 2002 до 2003 и од 2004 до 2006 национален првак под 23 години и национален сенирски првак од 2007 до 2012 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рабобанк КТ (2003–2008)[уреди | уреди извор]

Во текот на велокрос сезоната 2005-2006, Бом на возраст од 20 години, забележал неколку победи, вклучувајќи ја победата пред Свен Нис на ГП Свен Нис[2] како и победата на Вламсе Древенвелдрит Оверејсе, откако Барт Веленс бил дисквалификуван по тепачката со набљудувач.[3] Бом бил поразен од Здењек Штибар во спринтот на светското првенство под 23 години[4] но една година подоцна владеел на трката и ја освоил трката на светското првенство под 23 години.[5]

Во сезоната 2006-2007, Бом побарал и добил специјална дозвола за настап на холандското елитно велокрос првенство и станал првак на Холандија.[6] Како дополнување на успесите на Бом во велокрос биле успесите во друмскиот велосипедизам, каде освоил неколку етапни трки, како што е Тур де Бретан.[7] Во септември 2007, Бом станал Светски хронометарски првак под 23 години, победувајќи го Русинот Михаил Игнатиев.[8] Во ноември 2007, Бом го освоил трофејот Герит Шулте, бидејќи имал две победи на Светските првенства.[9] Во сезоната 2007-2008, Бом го освоил Светскиот куп во Пејнакер, Газет ван Антверпен во Лунхут и потоа станал холандски велокрос првак втора година по ред. Потоа, победил на трките во Светскиот куп во Ливин и Хогерхајде. Заминал на светското првенство во Тревизо 2008 како голем фаворит и не потфрлил, ја освоил трката и станал втор возач по Радомир Шимунек, кој освоил титула светски првак во сите категории (јуниори, младинци и сениори).

Во текот на сезоната 2008, Бом продолжил да се насочува кон друмскиот велосипедизам, и покрај успешната велокрос сезона. Ја освоил третата етапа на Тур де Бретан.[10] Бом исто така го освоил хронометарот на шестата етапа.[11] Потоа Бом доминирал на најстарата етапна трка во Холандија – Трка Олимпија.[12] По настапот на две етапни трки во Шпанија, каде ги освоил првата и третата етапа на втората трка, Бом се вратил во Холандија, каде учествувал на холандското друмско првенство.[13][14] Го освоил националното хронометарско првенство неколку недели подоцна откако објавил дека ќе се насочи кон друмскиот велосипедизам по велокрос сезоната 2008-2009.[15]

Рабобанк Про/Белкин (2009–2014)[уреди | уреди извор]

Во 2009 победил на Трката околу Белгија по покажаните силни вештини за искачување и на завршниот хронометар. На својата прва Вуелта, бил дел од бегството од 12 возачи на 15. етапа. Тој се одвоил на последното искачување и ја освоил етапата, правејќи го првиот Холанѓанец, кој освоил етапа на некоја голема трка од 2005.

Бом ја започнал сезоната 2010 со освојување на холандското национално велокрос првенство. Оваа трка била само втора велокрос трка и последна во сезоната. На прологот на Париз-Ница бил подобар од специјалистите за хронометар Јенс Фогт, Леви Лајпхајмер, Алберто Контадор и Дејвид Милар. Во текот на зимата 2010-2011, Бом направил кратко враќање на велокросот, ја освоил трката од Светскиот куп во Золдер, како и неговата петто последователно холандско велокрос првенство. Во 2011 повторно бил најбрз на пролог на трка од Светската турнеја: на Критериум ду Дофине. Подоцна таа година освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Британија.

Бом го освоил холандското велокрос првенство шеста година по ред во јануари 2012, зголемувајќи го неговиот рекорд.[16]

Во 2014 година, Бом ја освоил петтата етапа на Тур де Франс, етапа со потешкотии поради влажните услови и големи делови под калдрма. Етапата претставувала прва негова победа во 2014. Се случила точно девет години по победата на последниот холандски етапен победник на Тур Питер Венинг.[17]

Астана (2015–2016)[уреди | уреди извор]

Подоцна, Бом објавил дека ќе го напушти Белкин и ќе ѝ приклучи на Астана за сезоните 2015 и 2016.[18]

Доаѓајќи на Тур де Франс, поголеми резултати на Бом за 2015 биле четвртото место на Париз-Рубе[19] и шесто на Трката околу Фландрија.[20] Имало одредена контроверза на почетокот на Тур, откако нивото на кортизол кај Бом било прениско во неговата крв според правилата на MPCC за да учествува на трка, но раководството на Астана одлучило да го задржи.[21] Бом го обвинил неговиот инхалатор за астма за ниските нивоа на кортизол.[22]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велокрос[уреди | уреди извор]

2001
1. MaillotHolanda.PNG Национален јуниорски велокрос првак
2002
1. MaillotHolanda.PNG Национален јуниорски велокрос првак
2003
1. Jersey rainbow.svg Светски јуниорски велокрос првак
1. MaillotHolanda.PNG Национален јуниорски велокрос првак
2004
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак под 23 години
1. Велокрос Рудерворде под 23 години
1. Европски велокрос првак под 23 години
2005
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак под 23 години
1. Велокрос Амерсфорт
1. Велокрос Велдхофен
1. Велокрос Оверејсе
2006
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак под 23 години
1. Гран при Свен Нис
1. Гран при Адри ван дер Пул под 23 години
2007
1. Jersey rainbow.svg Светски велокрос првак под 23 години
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак
1. Гран при Адри ван дер Пул под 23 години
1. Светски велокрос куп UCI Велдрит Пејнакер
1. ГВА Трофеј
2008
1. Jersey rainbow.svg Светски велокрос првак
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак
1. Светски куп
2009
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак
2010
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак
1. Светски велокрос куп UCI
2011
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак
2012
1. MaillotHolanda.PNG Национален велокрос првак

Друмски[уреди | уреди извор]

2004
1. Етапа 2 Триптик Ардени
2005
1. Пласман под 23 години Триптик де Бараж
1. Етапа 2 Тур де ла Сом
2006
1. Етапа 3 Волта ао Дистрито де Сантарем
1. Краен пласман Волта ао Дистрито де Сантарем
1. Пласман под 23 години Ле Триптик де Монт ет Шато
2007
1. Jersey rainbow.svg Светско хронометарско првенство под 23 години
1. Омлоп дер Кемпен
1. Пролог Трка Олимпија
1. Краен пласман Тур де Бретања
1. Пролог
1. Пролог Тур де Норманди
2008
1. MaillotHolanda.PNG Национален друмски првак
1. MaillotHolanda.PNG Национален хронометарски првак
1. Етапа 3 Тур де Бретања
1. Етапа 6 Тур де Бретања
1. Краен пласман Трка Олимпија
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Краен пласман Волта а Љејда
1. Етапа 8
1. Етапа 1 Сиркуто Монтањес
1. Етапа 5a Сиркуто Монтањес
1. Етапа 7 Сиркуто Монтањес
1. Етапа 4 Вуелта а Леон
2009
1. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
2010
1. Пролог Париз-Ница
2011
1. Пролог Критериум ду Дофине
1. Пролог Трка околу Катар
1. Тирено-Адријатико ТТТ
1. Jersey gold.svg Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
2012
1. Jersey white.svg Краен пласман Енеко Тур
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 3
6. Париз-Рубе
2. Национално хронометарско првенство
2. Национално друмско првенство
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 4
1. Етапа 2 (ITT) Медитеранска трка
1. Jersey red.svg Бодовен пласман Енеко Тур
2. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Етапа 2
4. Бинше-Шиме-Бинше
6. Профронде ван Сурхујстервен
2014
1. Етапа 5 Тур де Франс
2. Краен пласман Енеко Тур
4. Ронде ван Маде
2015
1. Етапа 1 Трка околу Данска
4. Париз-Рубе
6. Трка околу Фландрија
2016
6. Е3 Харелбеке
2017
8. Краен пласман БинкБенк Тур
1. Етапа 5

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 130 СО 105 99 СО
Jersey red.svg Вуелта 55 107

СО = се откажал; — = не учествувал

Резултати на монументите[уреди | уреди извор]

Оваа табела ги прикажува резултатите на петте велосипедски монументи.

Година Милано-Сан Ремо Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастон-Лиеж Џиро ди Ломбардија
2009 102.
2010 94. 77. СО
2011 112. 37. 12.
2012 32. СО 6.
2013 11. 14.
2014 93. 37.
2015 51. 6. 4.
2016 25. 11.
2017 97.

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTg&RefDate=03.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 3 јануари 2013 г. 
  2. „Results 7th Grote Prijs Sven Nys“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/cross.php?id=cross/2006/jan06/gpsvennys06. конс. 17 декември 2007 г. 
  3. „Vlaamse Druivenveldrit Overijse Belgium Results“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/cross.php?id=cross/2005/dec05/overijse05. конс. 17 декември 2007 г. 
  4. „Stybar wins cat and mouse Espoir race“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/cross/2006/jan06/CXworlds06/?id=results/CXworlds062. конс. 17 декември 2007 г. 
  5. „Холандскиот првак лесно победи на трката под 23 години“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/cross/2007/jan07/CXworlds07/?id=results/CXworlds072. конс. 17 декември 2007 г. 
  6. „Boom booms in cyclo-cross“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/cross.php?id=cross/2007/jan07/nedchamp07. конс. 17 декември 2007 г. 
  7. „Boasson Hagen and Boom share the honours“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2007/apr07/bretagne07/bretagne076. конс. 17 декември 2007 г. 
  8. „Holland's Boom takes Under 23 title after two-man fight“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/road/2007//worlds07/?id=results/worlds071. конс. 17 декември 2007 г. 
  9. „Бом: Холандски велосипедист на годината“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2007/nov07/nov27news. конс. 17 декември 2007 г. 
  10. „He's back! Like a Boomerang“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2008/apr08/bretagne08/bretagne083. конс. 3 јули 2008 г. 
  11. „It's Boom again and Poilvet stays on top“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2008/apr08/bretagne08/bretagne086. конс. 3 јули 2008 г. 
  12. „Olympia's Tour 2008 for Lars“. Lars Boom.nl. http://larsboom.nl/nieuwsboom1-eng.htm. конс. 3 јули 2008 г. 
  13. „Lars Boom pakt ook nationale titel op de weg“ (на холандски). Elsevier.nl. http://www.elsevier.nl/nieuws/laatste_24_uur/artikel/asp/artnr/212544/. конс. 3 јули 2008 г. 
  14. „Lars Lars Boom Nederlands wielerkampioen“ (на холандски). Gelderlander.nl. http://www.gelderlander.nl/sport/wielersport/3350435/Lars-Boom-Nederlands-wielerkampioen.ece. конс. 3 јули 2008 г. 
  15. „Boom to concentrate on road after '08“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2008/sep08/sep03news. конс. 19 декември 2008 г. 
  16. Бом ја освоил титулата велокрос првак“, 8 јануари 2012 (конс. 18 јуни 2012 г).
  17. Бом ја освоил етапата на калдрма додека Нибали го зголеми водството, Фрум падна“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 9 јули 2014 (конс. 24 јули 2014 г).
  18. Худ, Ендру (1 август 2014). „Бодовниот победник Буани во Кофидис, Бом во Астана“. http://velonews.competitor.com/2014/08/news/giro-points-champ-bouhanni-leaves-fdj-signs-with-cofidis-for-2015_339257. конс. 3 август 2014 г. 
  19. Дегенколб победи на Париз-Рубе“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12 април 2015 (конс. 29 јуни 2015 г).
  20. Кристоф ја освои Трката околу Фландрија“, „Cyclingnews“, 10 април 2015 (конс. 29 јуни 2015 г).
  21. Худ, Ендру. „Астана вели дека Бом ќе настапи на Тур“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 4 јули 2015 (конс. 4 јули 2015 г).
  22. Бом го обвини инхалаторто за астма за ниските нивоа на кортизол“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 4 јули 2015 (конс. 4 јули 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Кос Муренхут
Национален друмски првак
2008
Наследник
Кос Муренхут
Претходник
Стеф Клемент
Национален хронометарски првак
2008
Наследник
Стеф Клемент