Дварс дор Вландерен 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дварс дор Вландерен 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание72. Дварс дор Вландерен
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2017 1.UWT
Датум22 март 2017
Растојание203,4 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеРуселаре
ОдредиштеВарегем
Екипи25
Возачи на почеток197
Возачи на крај162
Просечна брзина42,459 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Ив Ламперт Wikidata-logo S.svg (Квик-Степ Флорс)
ВторопласиранBEL Филип Жилбер Wikidata-logo S.svg (Квик-Степ Флорс)
ТретопласиранKAZ Алексеј Луценко Wikidata-logo S.svg (Астана)
Dwars door Vlaanderen men 2017.png
20162018
Документација Wikidata-logo S.svg

Дварс дор Вландерен 2017 (нарекувана и како Низ Фландрија 2017) — 72. издание на велосипедската еднодневна трка Дварс дор Вландерен, која се одржала на 22 март како десетти настан во сезоната на Светската турнеја. Прв пат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]

Трката била освоена од локалниот[3] возач Ив Ламперт – кој вози за екипата Квик-Степ Флорс – кој стигнал сам до победа по решавачкото двоење со колегата Филип Жилбер, Алексеј Луценко од екипата Астана и возачот на Орика-Скот, Лук Дарбриџ.[4] Ламперт нападнал на 7,5 километри пред целта и на крајот ја освоил трката со 39 секунди пред Жилбер, кој ги победил Луценко и Дарбриџ во спринт за второто место.

Екипи[уреди | уреди извор]

Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, шестнаесет од осумнаесетте екипи — сите освен Тим Дименжн Дата и {{{име на тимот-2017b}}} — настапиле на трката.[5] Девет професионални континентални екипи настапиле, со што главната група се состоела од 25 екипи.[6]

Екипи од Светската турнеја UCI (16)
  1. FRA АГ2Р-Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. USA БМЦ Рејсинг Тим
  5. GER Бора-хансгрое
  6. USA Канондејл-Драпак
  7. FRA ФДЖ
  8. SUI Катјуша-Алпесин
  9. NED Лото НЛ-Џамбо
  10. BEL Лото-Судал
  11. ESP Мовистар
  12. AUS Орика-Скот
  13. BEL Квик-Степ Флорс
  14. GER Санвеб
  15. USA Трек-Сегафредо
  16. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (9)
  1. FRA Кофидис
  2. FRA Директ Енержи
  3. RUS Газпром-РусВело
  4. ISR Израелска велосипедска академија
  5. NED Ромпот-Недерландсе Лотереј
  6. BEL Спорт Вландерен-Балоас
  7. BEL Verandas Willems-Crelan
  8. BEL Ванти-Груп Гобер
  9. BEL ВБ-Веранкласик-Аква Протект
Wikidata-logo S.svg

Рута[уреди | уреди извор]

Трката започнала во Руселаре и имала растојание од 203,4 километри, завршувајќи во Варегем. Имала долг рамен дел кој ги носел возачите источно од Руселаре кон Варегем; потоа лево од градот и јужно. Кај Авелгем, патеката повторно се враќала на исток до првото искачување, Ниуве Кваремонт, по 92 километри. Потоа следело искачувањето Катенберг, калдрмата кај Холевег и Хагхук, искачувањата на Леберг и Берендрис. По следното искачување, Валкенберг, патеката се враќала назад кон запад и кон целта, со преостанати 70 километри. Наскоро следеле Ајкенберг и Тајенберг, а потоа комбинацијата на Ауде Кваремонт и Патерберг. По завршниот рамен калдрмисан дел, Варенстрат, патеката одела на север за завршните три брда: Восенхол, Холстрат и Нокереберг. Од врвот на Нокереберг имало уште 10 километри до целта во Варегем.

Категоризирани искачувања и калдрми[уреди | уреди извор]

Искачувања и делови со калдрма на Дварс дор Вландерен 2017
Бр. Име Растојание од Подлога Должина
(метри)
Наклон (%)
Почеток
(км)
Крај
(км)
(про.) (макс.)
1 Ниуве Кваремонт 90,7 112,7 асфалт 2000 4,2% 8%
2 Катенберг 110,1 93,3 асфалт 740 5,9% 8,2%
Холевег 110,8 92,6 калдрма 1500
Хагхук 119,5 83,9 калдрма 1700
3 Леберг 122,4 81,0 асфалт 700 6,1% 14%
4 Берендрис 126,6 76,8 асфалт 900 7,2% 14%
5 Валкенберг 131,6 71,8 асфалт 540 8,1% 12,8%
6 Ајкенберг 144,4 59,0 калдрма 1250 5,8% 10%
7 Тајенберг 150,1 53,3 калдрма 530 6,6% 15,8%
8 Ауде Кваремонт 167,9 35,5 калдрма 1500 4% 11,6%
9 Патерберг 171,4 32,0 калдрма 365 12,9% 20,3%
Варенстрат 177,2 26,2 калдрма 2000
10 Тигемберг 182,1 21,3 асфалт 1400 6,5% 9%
11 Холстрат 186,5 16,9 асфалт 1000 5,2% 12%
12 Нокереберг 194,0 9,4 калдрма 500 5,7% 6,7%
Херлегемстрат 196,7 6,7 калдрма 800

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[7]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. BEL Ив ЛампертКвик-Степ Флорс4ч 47' 26
2. BEL Филип ЖилберКвик-Степ Флорс+ 39
3. KAZ Алексеј ЛуценкоАстана+ 39
4. AUS Лук ДарбриџОрика-Скот+ 39
5. NED Дилан ГруневегенЛото НЛ-Џамбо+ 1' 03
6. BEL Оливер НезенАГ2Р-Ла Мондијал+ 1' 03
7. BEL Тиш БенотЛото-Судал+ 1' 03
8. NED Дилан ван БарлеКанондејл-Драпак+ 1' 03
9. AUS Мичел ДокерОрика-Скот+ 1' 03
10. FRA Флоријан СенешалКофидис+ 1' 03


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/uci-expands-worldtour-to-37-events/. посет. 2 октомври 2016 г. 
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. http://www.uci.ch/pressreleases/the-uci-reveals-expanded-uci-worldtour-calendar-for-207/. посет. 2 октомври 2016 г. 
  3. Декалуве, Брехт. „Exuberant victory for local boy Lampaert in Dwars door Vlaanderen“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 22 март 2017 (посет. 22 март 2017 г).
  4. Dwars door Vlaanderen: Lampaert parlays Quick-Step tactics to victory“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 22 март 2017 (посет. 22 март 2017 г).
  5. Topsport-Vlaanderen en Wanty krijgen wildcard voor Dwars door Vlaanderen“, „Het Laatste Nieuws“, De Persgroep, 4 февруари 2017 (посет. 19 март 2017 г). (на холандски)
  6. „Dwars door Vlaanderen / A travers la Flandre: List of participants“ (Portable Document Format). Дварс дор Вландерен. Фландриски класици. 12 март 2017. http://www.ddvl.eu/sites/default/files/pdf/race_start_list2.pdf. посет. 19 март 2017 г. 
  7. „Дварс дор Вландерен 2017“. ProCycling. http://www.procyclingstats.com/race/170953. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]