Страде Бјанке 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страде Бјанке 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание11. Страде Бјанке
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2017 1.UWT
Датум4 март 2017
Растојание175 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеСиена
ОдредиштеПјаца дел Кампо
Екипи21
Возачи на почеток167
Возачи на крај89
Просечна брзина37,141 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникPOL Михал Квјатковски (Тим Скај) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранBEL Грег ван Авермет (БМЦ Рејсинг Тим) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранBEL Тим Веленс (Лото-Судал) Wikidata-logo S.svg
Strade bianche hommes 2017.png
20162018 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Страде Бјанке 2017 — 11. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржала на 4 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја. Првпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]

Полјакот Михал Квјатковски (Тим Скај) станал вториот возач, по Фабијан Канчелара, кој освоил повеќе изданија на трката, откако нападнал од група од четворица на околу 15 километри до целта и успеал да остане напред освојувајќи ја трката.[3] Второто место му припаднало на Грег ван Авермет за БМЦ Рејсинг Тим петнаесет секунди зад него,[4] додека две секунди зад Ван Авермет завршил возачот на Лото-Судал, Тим Веленс, кој го заокружил подиумот.[5]

Екипи[уреди | уреди извор]

Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Меѓутоа, сите осумнаесет екипи настапиле на трката,[6] првпат на некоја нова трка во 2017 година. Три професионални континентални екипи добиле покана за учество, со што во главната група имало 21 екипа.[7]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. FRA Аг2р-Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. USA БМЦ Рејсинг
  5. GER Бора-хансгрое
  6. USA Канондејл-Драпак
  7. RSA Дименжн Дата
  8. FRA ФДЖ
  9. SUI Катјуша-Алпесин
  10. NED Лото НЛ-Џамбо
  11. BEL Лото-Судал
  12. ESP Мовистар
  13. AUS Орика-Скот
  14. BEL Квик-Степ Флорс
  15. GBR Скај
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Абу Даби
Професионални континентални екипи (3)
  1. ITA Андрони Џокатоли
  2. ITA Бардијани ЦСФ
  3. ITA Нипо-Вини Фантини

Рута[уреди | уреди извор]

Трката започнала и завршила во Сиена, светско културно наследство на УНЕСКО, втора година по ред, претходно трката започнувала во Сан Џимињано. Растојанието изнесувало 175 километри, целосно во рамките на покраината Сиена. Страде Бјанке е особено позната по своите делови на „бели патишта“ (strade bianche) или „валкани делови“ (sterrati), кои сочинуваат голем дел од трката.

Патеката минувала низ ридест терен на областа Кјанти и вклучувала 11 сектори во вкупна должина од 61,9 километри — во 2016 година девет секунди со вкупна должина од 52,8 километри — на земјени делови.[8] Два сектори се наоѓаат во првите 30 километри, Бањаја и Ради. Првиот сектор е на само 11,4 километри од почетокот; најдолги и најнапорни сектори се во Лучињано во должина од 11,9 километри односно МОнте Санте Мари во должина од 11,5 километри.

Вториот сектор бил именуван во чест на Фабијан Канчелара, по неговата трета победа на трката во 2016 година.[9] Последниот земјен дел се наоѓа на 13,3 километри од целта во Сиена. Трката завршува на сликовитиот плоштад Пјаца дел Кампо во Сиена, по тесното искачување на улицата Вија Санта Катерина во срцето на средновековниот град, со наклон до 16%.

Делови на страде бјанке
Бр. Име Растојание од Должина
(км)
Категорија
Почеток
(км)
Цел
(км)
1 Видрита 11,4 163,6 2,1 *
2 Бањаја 17,0 158,0 4,7 ****
3 Ради 27,8 147,2 4,4 **
4 Комуне ди Мурло 38,5 136,5 5,5 *
5 Лучињано 66,8 108,2 11,9 ***
6 Пјеве а Салти 79,7 95,3 8,0 ****
7 Сан Мартино ин Гранија 107,9 67,1 9,5 ***
8 Монте Санте Мари
Сеторе Канчелара[8]
121,0 54,0 11,5 *****
9 Монтеаперти 150,7 24,3 0,8 *
10 Коле Пинцуто 155,6 19,4 2,4 ****
11 Ле Толфе 161,7 13,3 1,1 ***

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[10][11]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. POL Михал Квјатковски Тим Скај4ч 42' 42
2. BEL Грег ван Авермет БМЦ Рејсинг Тим+ 15
3. BEL Тим Веленс Лото-Судал+ 17
4. CZE Здењек Штибар Квик-Степ Флорс+ 23
5. NED Том Димулен Санвеб+ 1' 26
6. AUS Лук Дарбриџ Орика-Скот+ 1' 26
7. DEN Кристофер Јул-Јенсен Орика-Скот+ 1' 29
8. BEL Тиш Бенот Лото-Судал+ 2' 20
9. FRA Тибо Пино ФДЖ+ 2' 23
10. GBR Скот Твејтс Дименжн Дата+ 2' 52
Извори: ProCyclingStats Cycling Quotient


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. „Kwiatkowski gives Sky Strade Bianche tonic“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 4 март 2017. Посетено на 4 март 2017.
  4. Рајан, Бери (4 март 2017). „Kwiatkowski solos to Strade Bianche victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 март 2017.
  5. Виндзор, Ричард (4 март 2017). „Michal Kwiatkowski takes sensational victory at Strade Bianche 2017“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 4 март 2017.
  6. „Strade Bianche 2017 start list“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. 28 февруари 2017. Посетено на 28 февруари 2017.
  7. „Here teams invited to Strade Bianche“. Страде Бјанке. RCS MediaGroup. 18 јануари 2017. Посетено на 28 февруари 2017.
  8. 8,0 8,1 „More dirt road sectors for Strade Bianche in 2017“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 30 ноември 2016. Посетено на 28 февруари 2017.
  9. Фаранд, Стивен (5 март 2016). „Cancellara: I could easily ride for more years but that's not what I want“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 28 февруари 2017.
  10. „Страде Бјанке 2017“. ProCycling.
  11. „Ordine d'arrivo / Ordre d'arrivée / Order of arrival“ (PDF). Strade Bianche. RCS MediaGroup. 4 March 2017. Посетено на 4 March 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]