Тео Гејган Харт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тео Гејган Харт
Гејган Харт на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело име Тео Гејган Харт
Роден 30 март 1995 (1995-03-30) (23 г.)
Лондон,  Обединето Кралство[1]
Висина 1,82 м[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување[1]
Аматерски клубови
ВК Хакни
Професионални клубови
2014–2016
→ 2015
2017-
Хагенс Берман Аксеон
Тим Скај (стажант)
Тим Скај
Последна промена
1 јули 2018

Тео Гејган Харт (англиски: Tao Geoghegan Hart; р. 30 март 1995) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално настапува за UCI World Tour екипата Тим Скај.[2]

Возел за Тим Скај како стажант кон крајот на 2015 година[3] и се приклучил на екипата постојано во сезоната 2017.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Покрај велосипедист, како младинец бил посветен пливач. На 28 јули 2008 година бил дел од штафетата на каналот[4] со пливачкиот клуб Клисолд. Екипата од шестмина го завршила преминувањето за 11 часа и 34 минути.

Кариера[уреди | уреди извор]

Гејган Харт на Трката околу Британија 2014.

Откако започнал со трки во 2010 година, Гејган Харт се приклучил на развојната програма на британската федерација, привлекувајќи внимание за победа надвор и места на подиумот на трки, како што биле третото место на Париз-Рубе за јуниори.[5] Исто така ги освоил планинскиот, бодовниот и генералниот пласман на Џиро Интернационале дела Луниџана во 2013 година.[6]

Во 2014 година, Гејган Харт возел за Развојната екипа Бисел на Аксел Меркс. Завршил трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години и ја возел својата прва трка со ранкинг UCI 2. HC на Трката околу Калифорнија во мај пред да ја заврши втората на Трката околу Британија во септември, кога возејќи за британската национална екипа, завршил на 15. место во генералниот пласман.[7]

Во 2015 година повторно завршил трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години, осми на Тур Џила, 13. на Трката околу Калифорнија и седми на САД Про Сајклинг Челинџ, освојувајќи го пласманот за најдобар млад возач.[8] Возел како помошник за Тим Скај во 2015 година, но избрал да остане во сегментот под 23 години за сезоната 2016.[9]

Во август 2016 година, Гејган Харт бил потврден од Тим Скај за сезоната 2017.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Џиро дела Луниџана
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 1
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Истра
1. Етапа 2
3. Париз-Рубе за јуниори
3. Национално јуниорско друмско првенство
2014
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за младинци
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
2015
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за младинци
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
8. Краен пласман Трка Џила
9. Трофеј Бомон
2016
Национални друмски првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Друмска трка
2. Хронометар
1. Трофеј ПИВА
2. Краен пласман Тур де По де Савоја
1. Етапа 5
2. Краен пласман Мировна трка под 23 години
6. Краен пласман Трка Џила
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
6. Краен пласман Волта ао Алентежо
9. Европско хронометарско првенство под 23 години
10. Руота д’Оро
2017
4. Национално хронометарско првенство
4. Трофео Сера де Трамунтана
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Тур де Јоркшир
2018
1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Меклири, Џон (25 септември 2014). „Tao Geoghegan Hart answers twenty questions ahead of the UCI Road World Championships under-23 road race“. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/11116703/Tao-Geoghegan-Hart-answers-twenty-questions-ahead-of-the-UCI-Road-World-Championships-under-23-road-race.html. посет. 22 декември 2014 г. 
  2. „Tao Geoghegan Hart » Bissell Development Team“. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=168758. посет. 4 ноември 2014 г. 
  3. „Young Brits join Team Sky“. http://www.teamsky.com/teamsky/home/article/61771#iMMtAibg3OUJgvAA.97. посет. 1 август 2015 г. 
  4. „Successful Relay Swim by Clissold Swimming Club“. http://www.dover.uk.com/channelswimming/swims/2008/7/28/1977/Clissold+Swimming+Club+%28Star+Bellied+Sneetches%29/swimmers/. посет. 2 февруари 2015 г. 
  5. http://www.cyclingweekly.com/news/rise-tao-geoghegan-hart-311407#oeJMhgvzGSHqtTPr.99
  6. https://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/11116703/Tao-Geoghegan-Hart-answers-twenty-questions-ahead-of-the-UCI-Road-World-Championships-under-23-road-race.html
  7. https://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/11116703/Tao-Geoghegan-Hart-answers-twenty-questions-ahead-of-the-UCI-Road-World-Championships-under-23-road-race.html
  8. https://cyclingtips.com/2016/05/faces-of-the-future-eight-things-to-know-about-tao-geoghegan-hart/
  9. http://www.cyclist.co.uk/in-depth/2511/qa-tao-geoghegan-hart
  10. http://www.cyclingnews.com/news/geoghegan-hart-confirmed-with-team-sky-for-2017/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]