Мајкл Вудс (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајкл Вудс
Вудс на Трката околу Алберта 2015
Лични податоци
Цело имеМајкл Вудс
ПрекарРасти (Rusty)
Роден12 октомври 1986 (1986-10-12) (32 г.)
Отава,  Канада
Висина1,75 м
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн Фирст
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
2012 Стивенс Рејсинг
Професионални клубови
2013
01.2014-06.2014
07.2014-12.2014
2015

2016-
Гарно-Кебекор
Аморе & Вита-Селе СМП

5-Ауар Енерџи

Оптум–Кели Бенефит Стратеџис
Канондејл-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2018)
Последна промена
5 мај 2019

Мајкл Вудс (англиски: Michael Woods; р. 12 октомври 1986 во Отава) — канадски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн Фирст.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Атлетика[уреди | уреди извор]

Прв спорт на Вудс бил хокејот на мраз и неговата детска амбиција била да игра како лево крило за Торонто мејпл лифс.[1] Пред да стане велосипедист, Вудс бил ветувачки тркач на средна далечина, поставувајќи национални јуниорски рекорд на една милја и 3000 метри во 2005 година, а во 2005 година го освоил и златниот медал на 1500 метри на Панамериканското јуниорско атлетско првенство.[3] Меѓутоа, се здобил со фрактура на неговото лево стапало, настаната од честите тренинзи и трчање, што го принудило да се повлече од трчањето во 2007 година.[3][4] Вудс бил подложен два пати на операција со цел да го реши проблемот, но без успех. Првично започнал со велосипедизам како тренинг пред пријателите да го натераат да настапи на трки.[3]

Вудс го посетувал Мичигенскиот универзитет со стипендија како атлетски тркач, дипломирајќи во 2008 година.[3]

Велосипедизам[уреди | уреди извор]

Вудс започнал со велосипедизам професионално со Шаблон:Cycling data GQC во 2013 година.[5]

На 20 август 2015 година било објавено дека Вудс ќе се приклучи на Канондејл-Гармин за сезоната 2016.[6]

Во 2016 бил официјален дел од канадската делегација на Летните олимписки игри.[7] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[8] Завршил на 38. место на Џиро 2017, негова прва голема трка, освојувајќи две петти места и помагајќи му на колегата Пјер Ролан за победана етапа.[9] Подоцна бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017, со што ја завршил својата втора голема трка, на седмото место.[10]

Во 2018 година, Вудс го забележал како што самиот го опишал „најдобриот резултат во мојата кариера“, завршувајќи втор на трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[11] Во септември 2018 година, Вудс ја освоил етапата 17 на Вуелта а Еспања, која завршувала на стрмно искачување.[12] На 30 септември, Вудс завршил трет на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија; прв Канаѓанец со подиум по Стив Бауер во 1984 година.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2013
9. Краен пласман Тур де Бос
2014
6. Краен пласман Тур де Бос
2015
1. Класика Луле
2. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 5
4. Краен пласман Трка Џила
1. Етапа 5
10. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Jersey red.svg Пласман за канадски возач
2016
2. Милано-Торино
5. Краен пласман Тур Даун Андер
2017
2. ГП Мигел Индураин
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2018
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
3. Bronze medal blank.svg Светско друмско првенство
4. Џиро дел’Емилија
4. Тре Вали Варезине
9. Краен пласман Трка околу Јута
2019
3. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 2
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
6. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Тур Даун Андер
10. Краен пласман Тур де Романди

Распоред на резултатите на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 38 19
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 7 34
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница 54
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 18 37 79 6
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 53 12 29
Jersey yellow.svg Тур де Романди 10
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине
Jersey yellow.svg Тур де Свис 26

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2016 2017 2018 2019
Милано-Сан Ремо
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 9 2 5
Џиро ди Ломбардија 31 13
Класик 2016 2017 2018 2019
Амстел Голд Рејс 20 68
Флеш Валон 12 11 33 55
Класика де Сан Себастијан 61
Гран при Квебек 27
Гран при Монтреал 30

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Вудс, Мајкл (13 октомври 2015). „Michael Woods: Letting the ink dry“. Сyclingnews.com ((англиски)). конс. 13 октомври 2015. 
  2. „EF Education First Pro Cycling“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2019. конс. 3 јануари 2019. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Холдер, Горд (28 август 2013). „Profile: Ottawa’s Mike Woods’ journey from runner to racing in the Tour of Alberta“. Ottawa Citizen ((англиски)). конс. 13 април 2015. 
  4. Малак, Пат (3 март 2015). „Michael Woods: Turning running heartbreak into cycling success“. Сyclingnews.com ((англиски)). конс. 13 април 2015. 
  5. „Canadian cyclist Michael Woods among top 10 at Vuelta“. конс. 4 септември 2017. 
  6. „Cannondale-Garmin announces Mike Woods, former runner-turned-pro-cyclist, to join team in 2016“ ((англиски)). конс. 20 август 2015. 
  7. Тозер, Џејми (29 јуни 2016). „Returning Olympians highlight Canada’s cycling team“. www.olympic.ca. Canadian Olympic Committee. конс. 29 јуни 2016. 
  8. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 2 мај 2017. 
  9. A sub-4-minute miler at age 18, Rusty Woods is now lighting up pro cycling at age 30“, „Business Insider“ (посет. 31 мај 2017 г). (на (англиски))
  10. http://www.procyclingstats.com/rider/michael-woods
  11. Рајан, Бери. „Jungels wins Liege-Bastogne-Liege“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 22 април 2018 (посет. 22 април 2018 г).
  12. „Vuelta a Espana 2018: Simon Yates maintains overall classification lead“. BBC Sport. конс. 12 септември 2018. 
  13. „Mike Woods achieves rare Canadian cycling feat at road race worlds“. CBC Sports. конс. 30 септември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]