Алекс Даусет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алекс Даусет
Даусет на Трката околу Келн 2019
Лични податоци
Цело имеАлекс Едвард Алберт Даусет
ПрекарТигарот
Роден3 октомври 1988 (1988-10-03) (34 г.)
Молдон, Англија,  Обединето Кралство[1]
Висина1,82 м[2]
Маса73 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2009 100% Me
Професионални клубови
2010
2011–2012
2013–2017
2018-2019
2020-2022
Хагенс Берман Аксеон
Тим Скај
Мовистар Тим
Катјуша-Алпесин
Израел старт-ап нејшн
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2013, 2020)

Етапни трки

Трка околу Баварија (2015)

Еднодневни трки и класици

MaillotReinoUnido.PNG Национален хронометарски првак (2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019)

Друго

Светски часовен рекорд
2 мај 2015, 52,937 км

Алекс Едвард Алберт Даусет (англиски: Alex Edward Albert Dowsett; р. 3 октомври 1988) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел во периодот 2010-2022. Бил познат како извонреден специјалист за хронометар и во 2015 година го срушил светскиот велосипедски часовен рекорд за 446 метри со растојание од 52,937 километри.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Син на поранешниот возач и натпреварувач во Британското првенство на туристички автомобили Фил Даусет,[3] Даусет учел во основното училиште во Литл Бадоу и средното училиште во Келмсфорд. Првично започнал со пливање како спорт пред да започне со велосипедизмот на планински велосипед заедно со неговиот татко.[4]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Даусет ја започнал неговата кариера во Молдон и окружниот велосипедски клуб во градот Келмсфорд.[5] Наскоро го откриле неговиот талент и Алекс станал дел од развојната екипа на британската олимписка акадеија. Ги освоил националните хронометарски првенства под 23 години во 2008 и 2009. Во 2010 возел за американската екипа Трек-ЛајвСтронг и го освоил Европското хронометарско првенство под 23 години.[6] Исто така освоил сребрен медал на хронометарот на Комонвелтските игри 2010.

Тим Скај (2011-2012)[уреди | уреди извор]

Даусет на Трката околу Британија 2011

Даусет потпишал за британската екипа Тим Скај за сезоната 2011. Неговата прва победа со Скај дошла на Лондон Ноктур. Даусет завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Данска, помагајќи му на колегата Сајмон Геранс да дојде до победа. Ја освоил петтата етапа на Тур ду Поату-Шарент и завршил втор во генералниот пласман. Во септември станал национален хронометарски првак. Даусет го освоил хронометарот на етапата 81 на Трката околу Британија 2011.

Во март 2012, Даусет го скршил зглобот на Три дена Де Пане и поради тоа ја пропуштил сезоната на класиците. Даусет се опоравил и завршил втор на националните друмски првенства, а подоцна ја одбранил титулата на националните хронометарски првенства. Подоцна во септември, Даусет настапил на Светските друмски првенства на сите три елитни трки, а најдобар пласман имал на поединечниот хронометар.

Во октомври 2012 го изразил своето мислење за допинг скандалот Ленс Армстронг-УСАДА на ББС: „Не мислам дека ова значи. Тој сè уште е легенда во спортот. Маж кој имал рак и победил на Тур де Франс. Мислам дека не е навистина важно и мислам дека навистина не значи“.[7] Подоцна дообјаснил дека неговата изјава била премногу нејасна и неговите коментари се однесувале на фактот дека тогашните услови во спортот биле поразлични од денес и споредено со добротворната работа. Изјавил: „Мислам дека тоа што го направил Ленс е целосно неприфатливо“.[8]

Мувистар (2013-2017)[уреди | уреди извор]

Даусет на Трката околу Британија 2014
Даусет (средина) во водечката група на Ватенфал Класик 2015

На 30 октомври 2012 година, Даусет потпишал со шпанската екипа Мовистар Тим за сезоната 2013, надевајќи се на настап на некоја голема трка.[9] По завршувањето на класиците за Мовистар Тим, Даусет бил избран да вози на Џиро д’Италија, негово прво појавување на некоја голема трка. Даусет му помогнал на Мовистар Тим во освојувањето на второто место на екипниот хронометар на втората етапа. На осмата етапа, поединечен хронометар од 54,8 километри, Даусет го поставил најбрзото време и ја забележал неговата најголема победа во неговата кариера, поставувајќи време десет секунди побрзо од второпласираниот Бредли Вигинд.[10] Во јуни, Даусет го освоил националното хронометарско првенство трета година по ред и покрај падот на патеката.[11]

Во мај 2014 година, Даусет поставил нов британски рекорд во хронометарска трка на 10 милји во Кембриџшир, забележувајќи 17 минути и 20 секунди, при што го срушил претходниот рекорд на Мајкл Хатчинсон за 25 секунди.[12]

Настапувајќи за Англија на Комонвелтските игри 2014, Глазгов го освоил златниот медал во поединечниот хронометар.[13] По долго бегство, Даусет го презел водството на Трката околу Британија на шестата етапа[14] но го загубил на крајот на етапната трка од Дилан ван Барле и завршил осми во генералниот пласман.[15] Неговата екипа објавила дека Даусет потпишал продолжување на неговиот договор за три години со нив во септември.[16]

Во декември 2014 година, Даусет објавил дека ќе се обиде да го сруши часовниот рекорд на 27 февруари 2015 година.[17] Меѓутоа бил приморан да го одложи обидот по кршењето на неговата клучна коска на тренинг.[18] Обидот се случил на велодромот во Манчестер на 2 мај 2015 година[19] каде Даусет го поставил новиот светски рекорд од 52,937 километри, надминувајќи го претходниот рекорд на Роан Денис за скоро половина километар.[20] Две недели подоцна, Даусет ја освоил својата прва етапна трка, Трката околу Баварија, каде дошол до вкупната победа по освојувањето на поединечниот хронометар на четвртата етапа. Во јуни 2015 година, Даусет стигнал до четвртата титула на домашното хронометарско првенство, изедначувајќи го рекордот на Стјуарт Денџерфилд.[21]

Бил именуван во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[22]

Тим Катјуша-Алпесин (2018-2019)[уреди | уреди извор]

Во август 2017 година било објавено дека Даусет ќе се приклучи на Катјуша-Алпесин за сезоната 2018.[23][24] Откако во последен момент прекинал со екипата во 2019 година,[25] првично мислел дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам во 2020 година и да се врати во неговиот локален клуб Малдон, за да се насочи на Олимпијадата и да го поврати часовниот рекорд.

Израел Старт-ап Нејшн (2020–2022)[уреди | уреди извор]

Наместо да се повлече од професионалниот велосипедизам како што најавил, Даусет бил дел од спојувањето на Катјуша-Алпесин со Израелска велосипедска академија, создавајќи ја новата екипа Израел старт-ап нејшн за 2020 година.[26] Завршил четврти на хронометарот на Европското друмско првенство,[27] и деветти на хронометарот во Светското друмско првенство.[28] По ова, Даусет настапил на Џиро д’Италија и ја освоил осмата етапа од шестчлено бегство, напаѓајќи од групата на 18 километри до целта.[29] Во ноември го продолжил неговиот договор со Израел старт-ап нејшн за уште две години.[30] Во 2021 година, Даусет се обидел да го сруши часовниот рекорд и завршил 54,555 километри, трет најдобар резултат во поновата историја на часовниот рекорд.[31]

Во август 2022 година, Даусет објавил дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам на крајот на сезоната.[32]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Даусет страда од хемофилија.[33] Во интервју дадено во јули 2013, Даусет ја навел својата медицинска состојба како причина за изборот на велосипедизмот во неговата младост од другите спортови, бидејќи останатите спортови како фудбал или рагби биле сметани за преризични. Се верува дека е единствениот професионален спортист со ваква состојба.[4] Како последица на тоа имал специјален исклучок од правилото на Меѓународниот велосипедистички сојуз без игли, воведено во 2011 година,[34] за да внесува белковина фактор VIII на секои 48 часа. Даусет води добротворна фондација „Литл Блидерс“ (Little Bleeders) за зголемување на свесноста од хемофилија.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално јуниорско хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2006
1. UEC Champion Jersey.svg Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално јуниорско хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2007
6. Класик Рутланд-Мелтон
2008
Национални друмски првенства под 23 години
1. MaillotReinoUnido.PNG Хронометар
4. Друмска трка
1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас
2009
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Ричмонд Гран При
7. Светско хронометарско првенство под 23 години
2010
1. UEC Champion Jersey.svg Европско хронометарско првенство под 23 години
1. Хроно де насионс за млади
1. Етапа 5 Велосипедски класик Каскад
2. Silver medal blank.svg Комонвелтски игри - хронометар
8. Трка Батенкил
2011
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално хронометарско првенство
1. Лондон Ноктурн
1. Етапа 8a (ITT) Трка околу Британија
2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 5
3. Хроно де насионс
5. Краен пласман Трка околу Данска
6. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2012
Национални друмски првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Хронометар
2. Друмска трка
2. Дуо Норманд (со Лук Роу)
8. Светски хронометарски првенства UCI
2013
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 8 (ITT) Џиро д’Италија
2. Лондон Ноктурн
2014
1. Gold medal blank.svg Комонвелтски игри - хронометар
1. Етапа 3 (ITT) Сиркут де ла Сарт
2. Silver medal blank.svg Национално велодромско првенство - медисон (со Џо Холт)
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
8. Краен пласман Трка околу Британија
2015
Arc en ciel.svg Светски часовен рекорд: 52,937 км
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 4 (ITT)
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
2016
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Полска
6. Светско првенство во екипен хронометар
2017
1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт
2. Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Трка Дубаи
2018
3. Национално хронометарско првенство
5. Европско хронометарско првенство
2019
Национални друмски првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Хронометар
4. Друмска трка
5. Светско хронометарско првенство
5. Европско хронометарско првенство
10. Краен пласман ЗЛМ Тур
2020
1. Етапа 8 Џиро д’Италија
4. Европско хронометарско првенство
9. Светско хронометарско првенство
2021
1. Етапа 1b (TTT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Jersey pink.svg Џиро 147 120 120 СО 134
Jersey yellow.svg Тур СО 151
Jersey red.svg Вуелта не настапил во текот на неговата кариера

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на првенства[уреди | уреди извор]

Настан 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Jersey rainbow.svg Светски првенства Друмска трка СО СО
Хронометар 8 41 20 17 12 29 5 9
Екипен хронометар 9 6 3 6 6 11 не постоел
Мешан екипен хронометар не постоел НСО 5
European champion jersey 2016.svg Европски првенства Хронометар не постоел 5 5 4
Друмска трка СО СО

— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биографија на Алекс Даусет“. Team Sky. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 30 август 2012.
  2. 2,0 2,1 „Alex Dowsett – Team KATUSHA ALPECIN“. Архивирано од изворникот на 8 July 2019. Посетено на 8 July 2019.
  3. „A family affair for Airwaves Racing at Dunton shakedown“. Airwaves Racing. Motorbase Performance. 29 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 2 септември 2012.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Alex Dowsett: Haemophilia no barrier to cyclist's hour record bid“. bbc.co.uk. 30 април 2015. Посетено на 1 мај 2015.
  5. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 2013-03-10.
  6. Лајонел Бирни (6 ноември 2009). „Даусет потпиша со Трек-ЛајвСтронг“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 12 октомври 2012.
  7. Шејн Стоукс (11 октомври 2012). „Armstrong case: Yates insists he saw nothing suspicious as rider or directeur sportif“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 октомври 2012.
  8. Шејн Стоукс (11 октомври 2012). „Alex Dowsett clarifies earlier comments about Armstrong“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 октомври 2012.
  9. Вин, Најџел (30 октомври 2012). „Даусет потпиша за екипата Мувистар за 2013“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 30 октомври 2012.
  10. Вин, Најџел; Браун, Грегор (11 мај 2013). „Алекс Даусет победи на хронометарот на осмата етапа на Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 13 мај 2013.
  11. „Dowsett claims third straight British time trial title“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 јуни 2013. Посетено на 20 јуни 2013.
  12. Вин, Најџел (31 мај 2014). „Алекс Даусет постави нов британски рекорд во хронометар на 10 милји“. Cycling Weekly. Посетено на 3 јуни 2014.
  13. „Алекс Даусет го освои златото на машкиот хронометар“. Bbc.co.uk. Посетено на 31 јули 2014.
  14. „Брендле освои втора последователна победа на Трката околу Британија“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
  15. „Дилан ван Барле победи на Трката околу Британија 2014“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 14 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-24. Посетено на 23 септември 2014.
  16. „Алекс Даусет од Велика Британија потпиша нов тригодишен договор со Мувистар“. The Guardian. 2014 Guardian News and Media Limited. 22 септември 2014. Посетено на 23 септември 2014.
  17. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/alex-dowsett-announces-hour-record-attempt-february-27-150124
  18. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/30946525
  19. Кларк, Стјуарт (27 април 2015). „Storey shares Hour Record advice as Dowsett's attempt draws near“. Cycling Weekly. Посетено на 2 мај 2015.
  20. „Алекс Даусет постави нов часовен рекорд од 52,937 км“. Cyclingnews.com. 2 мај 2015. Посетено на 2 мај 2015.
  21. Ален, Еди (25 јуни 2015). „Даусет, Симондс и Дејвис ги освоија британските хронометарски титули“. British Cycling. Посетено на 25 јуни 2015.
  22. „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Посетено на 2 јули 2015.
  23. „Britain's Alex Dowsett to leave Movistar for Katusha-Alpecin“. BBC Sport. BBC. 21 August 2017. Посетено на 2 January 2018.
  24. „Katusha-Alpecin announce reduced 24-rider roster for 2019“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 20 November 2018. Посетено на 4 January 2019.
  25. Ballinger, Alex (2019-10-03). „Israel Cycling Academy confirm Katusha-Alpecin takeover“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 2019-12-24.
  26. Ostanek, Daniel (28 December 2019). „Dowsett sets sights on 2020 Olympics after Israel Start-Up Nation move“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
  27. Farrand, Stephen (24 August 2020). „European Championships: Stefan Küng wins elite men's time trial title“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
  28. Ballinger, Alex (25 September 2020). „Imola 2020 World Championships: What is Alex Dowsett's unbranded time trial bike?“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
  29. Fotheringham, Alasdair (10 October 2020). „Giro d'Italia: Alex Dowsett claims potential career-saving stage win“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
  30. Bennett, Tom (13 November 2020). „Alex Dowsett signs two-year contract with Israel Start-Up Nation“. Јуроспорт. Discovery, Inc. Посетено на 8 January 2022.
  31. „No regrets for Alex Dowsett amid 'overwhelming' response to Hour Record attempt“. Посетено на March 9, 2022.
  32. Becket, Adam (29 August 2022). „Alex Dowsett to retire from professional cycling“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 19 September 2022.
  33. Елис Бејкон (22 март 2010). „Dowsett delivers for Trek-Livestrong“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 октомври 2012.
  34. Фаранд, Стивен (2 февруари 2015). „UCI ја одобри политиката без игрли“. Cyclingnews.com. Посетено на 1 мај 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
Роан Денис
Часовен рекорд UCI
(52,937 км)

2 мај 2015 — 7 јуни 2015
Наследник
Бредли Вигинс