Прејди на содржината

Часовен рекорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првиот носител на обединетиот часовен рекорд на UCI, Јенс Фогт при неговиот успешен обид на 18 септември 2014 година за рушење на рекордот

Часовен рекордвелосипедски рекорд за најдолго извозено растојание во еден час на велосипед. Постојат неколку рекорди. Најпознат е оној за велосипеди кои ги исполнуваат условите на Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI). Рекордот е еден од најпрестижните во велосипедизмот. Обидите за часовниот рекорд се вршат на велодром.

Прв забележан рекорд бил во 1876 година, кога Американецот Франк Додс извозел 26,508 километри со старовремски велосипед (со големо предно и мало задно тркало).[1] Во 1972 година, Еди Меркс поставил рекорд од 49,431 километар кој стоел 12 години.

Моменталниот рекорд на UCI бил поставен на 7 јуни 2015 година од страна на британскиот велосипедист Бредли Вигинс со извозени 54,526 километри.[2] Часовниот рекорд кај жените изнесува 46,274 километри и бил поставен на 12 септември 2015 година од Американката Моли Шафер ван Хувелинг.

Историја

[уреди | уреди извор]

Поради аеродинамиката, за часовниот рекорд се употребувала иновативна опрема, но ова довело до дебата во велосипедизмот за тоа дали треба да се прифаќаат само рекорди кои се резултат само на вештината, силата и издржливоста на велосипедистот на вообичаен велосипедист или треба да се прифатат промените во дизајнот на велосипедот.

На 7 јули 1933 година, Франсис Форе поставил рекорд од 45,055 км возејќи на лежечки велосипед, но во 1934 година, UCI ја вратила својата положба и ги одбила овие велосипеди. Ова довело до две нивоа на рекорди. Во едниот се дозволени само вообичаени велосипеди; овој е надгледуван од UCI. Во другото ниво е дозволен секој дизајн и е надгледуван од Меѓународната асоцијација за човечки придвижувани возила.

Часовен рекорд на UCI

[уреди | уреди извор]

Часовниот рекорд е вообичаено постигнуван од друмски велосипедисти кон крајот на нивната кариера. На пример, таков бил случајот со Мигел Индураин (Шпанија), Франческо Мозер (Италија), Крис Бордман (Велика Британија), најнеодамнешниот Јенс Фогт (Германија).

Еди Меркс изјавил дека обидот за часовен рекорд бил „најтешката трка која некогаш сум ја имал“. Го поставил во 1972 година во Мексико на височина од 2.300 метри.[2]

Велосипедот за часовниот рекорд на Еди Меркс од 1972 година

Во јануари 1984 година, Мозер поставил два рекорди, вториот изнесувал 51,151 км. Ова било прво забележано користење на велосипед со дискови, кои обезбедиле поголема аеродинамика.[2]

Во 1993 и 1994 година, Греам Обри, Шкот кој направил свој велосипед, забележал два рекорди додека неговите раце биле под неговите гради. Во 1996 година, Бордман поставил рекорд користејќи друга положба воведена од Обри, неговите раце напред во положба како „Супермен“. Обата биле сметани за контроверзни од страна на UCI, и иако рекордите биле признаени, положбите биле забранети.[2] Обри и Бордман направиле неколку обиди да го претекнат претходниот рекорд.

Со зголемувањето на разликата помеѓу современите велосипеди и она што било достапно во време на рекордот на Меркс, UCI вовела два рекорди:

  • Часовен рекорд на UCI (кој им забранува на натпреварувачите секаква поново опрема од онаа во времето на Меркс, како шлемови за хронометри, дискови на тркалата, аеродинамични рачки и рамки) и
  • Најдобар човечки напор — понекогаш означуван како „апсолутен“ рекорд на UCI.[2]

Сите рекорди од 1972 година, вклучувајќи го оној на Бордман од 56,375 км во 1996 година биле сметани како најдобар човечки напор. Во 2000 година, Бордман се обидел за рекордот на UCI со традиционален велосипед и извозел 49,441 км, надминувајќи го Меркс за 10 метри — подобрување за 0,02%.

Во 2005 година, Онджеј Сосенка го подобрил резултатот на Бордман на 49,700 км користејќи запченик 54х13. Со 2 метри височина, Сосенка користел необична положба на седлото и мала височина на рамката за да биде во рамките на одредбите на UCI.[3] Сосенка паднал на допинг-контролата во 2001 година и повторно во 2008 година, што резултирало до суспензија до крајот на кариерата, што го става под сомнение неговиот рекорд.

Промена на обединетото правило

[уреди | уреди извор]
Велосипедот на Јенс Фогт користен при поставување на часовниот рекорд по промената на обединетото правило

Во 2014 година, UCI ги обединила двата пласмани во еден пласман во рамки на одредбите за моменталните велодромски велосипеди. Претходните избришани рекорди на Крис Бордман и Греам Обри ќе бидат вратени, меѓутоа, моменталниот рекорд останал на 49,700 км поставен во 2005 година од Онджеј Сосенка, иако тоа не е најдобриот резултат.[4][5] Според новите одредби, возачите можат да го користат било кој велосипед одобрен од UCI при обидот за соборување на резултатот.[6] Возачите се обврзани да бидат дел од програмата за биолошки пасош.[7]

По промената на правилото, Германецот Јенс Фогт станал првиот возач кој се обидел да го сруши рекордот, на 18 септември на велодромот Свис во Гренхен, Швајцарија.[8][9] Поставил нов рекорд од 51,115 км, рушејќи го претходниот рекорд на Сосенка за 1,4 километри.[2] На 30 октомври 2014 година, Матијас Брендле поставил нов рекорд од 51,852 километри во Светскиот велосипедски центар во Егл, Швајцарија.

Развој на часовниот рекорд

[уреди | уреди извор]

Часовен рекорд на мажи

[уреди | уреди извор]
Датум Велосипедист Растојание Место
11 мај 1893 Анри Дегранж (ФРА)35,325 кмПариз
31 октомври 1894 Жил Дибоа (ФРА)38,220 кмПариз
30 јули 1897 Оскар ван ден Ејнде (БЕЛ)39,240 кмПариз
3 јули 1898 Вили Хамилтон (САД)40,781 кмДенвер
24 август 1905 Лисјен Пети-Бретон (ФРА)41,110 кмПариз
20 јуни 1907 Марсел Берте (ФРА)41,520 кмПариз
22 август 1912 Оскар Ег (ШВА)42,122 кмПариз
7 август 1913 Марсел Берте (ФРА)42,741 кмПариз
21 август 1913 Оскар Ег (ШВА)43,525 кмПариз
20 ноември 1913 Марсел Берте (ФРА)43,775 кмПариз
18 август 1914 Оскар Ег (ШВА)44,247 кмПариз
25 август 1933 Јан ван Хут (ХОЛ)44,588 кмРурмонд
28 септември 1933 Морис Ришар (ФРА)44,777 кмСен Трон
31 октомври 1935 Џузепе Олмо (ИТА)45,090 кмМилано
14 октомври 1936 Морис Ришар (ФРА)45,325 кмМилано
29 септември 1937 Франс Слатс (ХОЛ)45,485 кмМилано
3 ноември 1937 Морис Аршамбо (ФРА)45,767 кмМилано
7 ноември 1942 Фаусто Копи (ИТА)45,798 кмМилано
29 јуни 1956 Жак Анкетил (ФРА)46,159 кмМилано
19 септември 1956 Ерколе Балдини (ИТА)46,394 кмМилано
18 септември 1957 Роже Ривиер (ФРА)46,923 кмМилано
23 септември 1959 Роже Ривиер (ФРА)47,347 кмМилано
30 октомври 1967 Фердинанд Браке (БЕЛ)48,093 кмРим
10 октомвври 1968 Оле Ритер (ДАН)48,653 кмМексико
25 октомври 1972 Еди Меркс (БЕЛ)49,431 kmМексико
27 ноември 2000 Крис Бордман (ВБР)49,441 кмМанчестер
19 јули 2005 Онджеј Сосенка (ЧЕШ)49,700 кмМосква
18 септември 2014 Јенс Фогт (ГЕР)51,115 кмГренхен
30 октомври 2014 Матијас Брендле (АВТ)51,852 кмЕгл
8 февруари 2015 Роан Денис (АВС)52,491 кмГренхен
2 мај 2015 Алекс Даусет (ВБР)52,937 кмМанчестер
7 јуни 2015 Бредли Вигинс (ВБР)54,526 кмЛондон
16 април 2019 Виктор Кампенертс (БЕЛ)55,089 кмАкваскалиентес

Најдобар напор на мажи

[уреди | уреди извор]

Во 2000 година, UCI ги укинал часовните рекорди поставени во периодот 1984-1996, бидејќи се користеле аеродинамични специјални тркала и различни положби на седење, кои не биле во согласност со новите одредби.

Датум Возач Растојание Велодром
19 јануари 1984  Франческо Мозер (ИТА) 50,808 км Мексико
23 јануари 1984  Франческо Мозер (ИТА) 51,151 км Мексико
17 јули 1993  Греам Обри (ВБР) 51,596 км Хамар
23 јули 1993  Крис Бордман (ВБР) 52,270 км Бордо
27 април 1994  Греам Обри (ВБР) 52,713 км Бордо
2 септември 1994  Мигел Индураин (ШПА) 53,040 км Бордо
22 октомври 1994  Тони Ромингер (ШВА) 53,832 км Бордо
5 ноември 1994  Тони Ромингер (ШВА) 55,291 км Бордо
7 септември 1996  Крис Бордман (ВБР) 56,375 км Манчестер

Часовни рекорди на жени

[уреди | уреди извор]
Датум Возачка Растојание Велодром
7 јули 1955  Тамара Новикова (СССР) 38,473 км Иркутск
18 септември 1957  Рене Висак (ФРА) 38,569 км Милано
25 септември 1958  Милдред Робинсон (ВБР) 39,718 км Милано
9 ноември 1958  Елси Јакобс (ЛУК) 41,347 км Милано
25 ноември 1972  Марија Кресари (ИТА) 41,471 км Мексико
16 септември 1978  Кети ван Остен-Хаге (ХОЛ) 43,082 км Минхен
18 октомври 2000  Ана Вилсон (АВС) 43,501 км Мелбурн
5 ноември 2000  Жани Лонго Сипрели (ФРА) 44,767 км Мексико
7 декември 2000  Жани Лонго Сипрели (ФРА) 45,094 км Мексико
1 октомври 2003  Леонтин Зејлард ван Морсел (ХОЛ) 46,065 км Мексико
13 септември 2015  Моли Шафер ван Хувелинг (САД) 46,273 км Акваскалиентес

Најдобар напор на жени

[уреди | уреди извор]
Датум Возачка Растојание Велодром
20 септември 1986  Жани Лонго (ФРА) 44,770 км Колорадо Спрингс
23 септември 1987  Жани Лонго (ФРА) 44,933 км Колорадо Спрингс
1 октомври 1989  Жани Лонго (ФРА) 46,352 км Мексико
29 април 1995  Катерин Марсал (ФРА) 47,112 км Бордо
17 јуни 1995  Ивон Мекгрегор (ВБР) 47,411 км Манчестер
26 октомври 1996  Жани Лонго Сипрели (ФРА) 48,159 км Мексико
  1. Mallon, Jeroen Heijmans, Bill. Historical dictionary of cycling. Lanham, MD: Scarecrow Press, Inc. ISBN 0810873699.
  2. 1 2 3 4 5 6 Клемитсон, Суз (19 септември 2014). „Зошто Јенс Фогт и новата група на велосипедисти сакаат да го соборат часовниот рекорд“. The Guardian. Посетено на 19 септември 2014.
  3. Онджеј Сосенка објавил фотографии од неговиот велосипед и други информации на чешки на неговата страница (http://www.sosenka.cz)
  4. „Промена на правилото за часовен рекорд“. Cycling Weekly. 15 мај 2014. Посетено на 18 септември 2014.
  5. „UCI ги менува одредбите за часовниот рекорд, дозволувајќи современо велодромски велосипеди“. VeloNews.com. Посетено на 18 септември 2014.
  6. „Како часовниот рекорд ќе го спаси велосипедизмот“. Outside Online. Посетено на 18 септември 2014.
  7. „Cookson reveals that people have come forward to the CIRC Reform Commission“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2014.
  8. Џил Ричардс. „Агенда: Јенс Фогт цели да го сруши еден од најтешките рекорди во велосипедизмот“. the Guardian. Посетено на 18 септември 2014.
  9. „Одговорено: 11 прашања околу обидот за часовен рекорд на Јенс Фогт“. VeloNews.com. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 18 септември 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]