Џиро д’Италија 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џиро д’Италија 2022 Cycling (road) pictogram.svg
2022 05 19 Giro d'Italia-53 (52084443574).jpg
Детали за трката
Издание105. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2022 2.UWT
Етапи21
Датуми6 – 29 мај
Растојание3.449,6 км
ДржавиITA Италија
HUN Унгарија
SLO Словенија
ПоаѓалиштеБудимпешта
ОдредиштеВерона
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај149
Просечна брзина39,87 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникAUS Џеј Хиндли (Бора-Хансгрое) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранECU Ричард Карапас (Инеос Гренадиерс) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранESP Микел Ланда (Бахреин Викториус) Wikidata-logo S.svg
БодовенFRA Арно Демар (Групама-ФДЖ) Wikidata-logo S.svg
ПланинскиNED Кун Бауман (Џамбо-Висма) Wikidata-logo S.svg
МладинскиESP Хуан Педро Лопес (Трек-Сегафредо) Wikidata-logo S.svg
БорбеностNED Матје ван дер Пул (Алпесин-Феникс) Wikidata-logo S.svg
Metas volantesITA Филипо Талјани (Дрон Хопер-Андрони Џокатоли) Wikidata-logo S.svg
BreakawayITA Матија Баис (Дрон Хопер-Андрони Џокатоли) Wikidata-logo S.svg
ЕкипенBRN Бахреин Викториус Wikidata-logo S.svg
◀20212023
Commons-logo.svgДокументација Wikidata-logo S.svg

Џиро д’Италија 2022 (позната и како Трка околу Италија 2022) — 105. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 6 и 29 мај 2022 година. Трката започнала на 6 мај во Будимпешта, Унгарија, а ќе заврши на 29 мај во Верона, Италија.[1]

Трката била освоена од Џеј Хиндли од екипата Бора-Хансгрое, освојувајќи ја првата голема трка и станувајќи прв Австралиец кој го освоил Џиро. Хиндли пристигнал на трката како еден од тројцата можни предводници на генералниот пласман во екипата пред да го преземе водството на екипата, кога ја освоил деветтата етапа, која завршила на Блокхаус.[2] Во текот на последната половина на трката, се покажал како еден од најсилните качувачи, останувајќи во рамки на десет секунди зад водачот на трката до дваесеттата етапа до Мармолада. На таа етапа се одвоил од остатокот на фаворитите на завршното искачување со што го преземал водството на трката,[3] кое го сочувал на завршниот хронометар. Второто место го освоил Ричард Карапас од екипата Инеос Гренадиерс. Карапас ја презел розовата маичка на четиринаесеттата етапа, одржувајќи мала предност пред Хиндли.[4] Двајцата биле неразделни до претпоследната етапа, кога Карапас отпаднал во рамки на последните три километри. Поради тоа, паднал на второто место, кое го потврдил на завршниот хронометар. Третото место му припаднало на Микел Ланда од екипата Тим Бахреин Викториус. Тој имал добри резултати на планинските етапи, прикажувајќи се како еден од најсилните качувачи на трката за негов прв подиум на голема трка од Џиро 2015.

Во другите пласмани на трката, Арно Демар од Групама-ФДЖ го освоил бодовниот пласман. Тој бил најдобриот спринтер на трката, освојувајќи три спринтерски етапи во текот на трката. Кун Бауман од Џамбо-Висма го освоил планинскиот пласман, истовремено освојувајќи две етапи од бегство. Хуан Педро Лопес од Трек-Сегафредо го освоил пласманот за млад возач. Покрај тоа што завршил во првите десет, Лопес ја носел розовата маичка десет дена пред да ја загуби од Карапас. Тим Бахреин Викториус ги освоиле екипниот пласман и пласманот „добра игра“. Филипо Талјани од Дрон Хопер-Андрони Џокатоли го освоил пласманот на средни спринтови со освојувајќи најмногу бодови на средните спринтови, додека неговиот колега, Матија Баис, го освоил пласманот за бегства откако поминал најмногу километри во бегство на трката. Матје ван дер Пул од Алпесин-Феникс ја освоил наградата за борбеност, а ја освоил и првата етапа[5] и ја носел розовата маичка три дена пред да се вклучи во неколку бегства на остатокот од трката.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[6] Дополнително, четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.

Иако Аркеа-Самсик првично биле поканети на сите трки од Светската турнеја, тие ја одбиле нивната покана на овогодишниот Џиро одлучувајќи да се насочат на Тур де Франс и Вуелта а Еспања.[7]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)ProTeams (4)

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Ричард Карапас (Инеос Гренадиерс), првакот од 2019, бил сметан за фаворит пред трката, следен од Сајмон Јејтс (Тим БајкЕксчејнџ-Џејко) и Жоао Алмеида (ОАЕ Тим Емирати). Нивен најблизок соперник се сметал Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим), Микел Ланда (Тим Бахреин Викториус) и првакот од 2017 година, Том Димулен (Џамбо-Висма). Други кандидати се сметале Вилко Келдерман (Бора-Хансгрое), Ромен Барде (Тим ДСМ) и Хју Карти (ЕФ Едукејшн-ИзиПост).[8] Бранителот на титулата Еган Бернал нема да учествува, бидејќи уште се опоравувал од повредите здобиени на тренинг надвор од сезоната.[9]

Возачи за кои се верувало дека ќе бидат главни фаворити за победи на спринтерските етапи биле Марк Кевендиш (Квик-Степ Алфа Винил Тим), Матје ван дер Пул (Алпесин-Феникс) и Кејлеб Јуан (Лото-Судал).[10]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)Elevation (m)ПобедникCевкупен лидер
1 Wikidata-logo S.svg6 мајHUN БудимпештаHUN Вишеград (Пешта)
рамна етапа
195900 mNED Матје ван дер Пул Wikidata-logo S.svgNED Матје ван дер Пул Wikidata-logo S.svg
2 Wikidata-logo S.svg7 мајHUN БудимпештаHUN Будимпешта
индивидуален хронометар
9,2150 mGBR Сајмон Јејтс Wikidata-logo S.svgNED Матје ван дер Пул Wikidata-logo S.svg
3 Wikidata-logo S.svg8 мајHUN КапошварHUN Балатонфиред
рамна етапа
201890 mGBR Марк Кевендиш Wikidata-logo S.svgNED Матје ван дер Пул Wikidata-logo S.svg
4 Wikidata-logo S.svg10 мајАвола – Етна
планинска етапа
1723500 mGER Ленард Кемна Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
5 Wikidata-logo S.svg11 мајКатанија – Месина
рамна етапа
1741200 mFRA Арно Демар Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
6 Wikidata-logo S.svg12 мајPalmi – Scalea
рамна етапа
192900 mFRA Арно Демар Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
7 Wikidata-logo S.svg13 мајДијаманте – Потенца
среднопланинска етапа
1964510 mNED Кун Бауман Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
8 Wikidata-logo S.svg14 мајНеаполНеапол
ридеста етапа
1532130 mBEL Томас де Гент Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
9 Wikidata-logo S.svg15 мајИзернија – Блокхаус
планинска етапа
1915000 mAUS Џеј Хиндли Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
10 Wikidata-logo S.svg17 мајПескара – Јеси
ридеста етапа
1961760 mERI Бинијам Хирмај Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
11 Wikidata-logo S.svg18 мајСантарканџело ди Ромања – Реџо Емилија
рамна етапа
203480 mITA Алберто Даинесе Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
12 Wikidata-logo S.svg19 мајПарма – Џенова
ридеста етапа
2042600 mITA Стефано Олдани Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
13 Wikidata-logo S.svg20 мајСанремо – Кунео
рамна етапа
1501450 mFRA Арно Демар Wikidata-logo S.svgESP Хуан Педро Лопес Wikidata-logo S.svg
14 Wikidata-logo S.svg21 мајСантена – Торино
ридеста етапа
1473000 mGBR Сајмон Јејтс Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
15 Wikidata-logo S.svg22 мајРивароло Канавезе – Коње
планинска етапа
1773980 mITA Џулио Чиконе Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
16 Wikidata-logo S.svg24 мајСало – Априка
планинска етапа
2025250 mCZE Јан Хирт Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
17 Wikidata-logo S.svg25 мајПонте ди Лењо – Лавароне
планинска етапа
1683730 mCOL Сантијаго Буитраго Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
18 Wikidata-logo S.svg26 мајБорго Валсугана – Тревизо
рамна етапа
1561150 mBEL Дрис де Бонт Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
19 Wikidata-logo S.svg27 мајМарано Лагунаре – Сантуарио дела Беата Верџине ди Кастелмонте
среднопланинска етапа
1783230 mNED Кун Бауман Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
20 Wikidata-logo S.svg28 мајБелуно – Мармолата
планинска етапа
1684490 mITA Алесандро Кови Wikidata-logo S.svgAUS Џеј Хиндли Wikidata-logo S.svg
21 Wikidata-logo S.svg29 мајВеронаВерона
индивидуален хронометар
17,4280 mITA Матео Собреро Wikidata-logo S.svgAUS Џеј Хиндли Wikidata-logo S.svg

Поредок[уреди | уреди извор]

Поредок по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Jersey pink.svg
Бодовен пласман
Jersey violet.svg
Планински пласман
Jersey blue.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност
Jersey red number.svg
Пласман за бегство Пласман „добра игра“
1 Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Бинијам Хирмај Инеос Гренадиерс Филипо Талјани Ленард Кемна Матија Баис Алпесин-Феникс
2 Сајмон Јејтс Матео Собреро Џамбо-Висма Матија Баис Рик Цабел
3 Марк Кевендиш Рик Цабел Филипо Талјани Матија Баис
4 Ленард Кемна Хуан Педро Лопес Ленард Кемна Хуан Педро Лопес Бора-Хансгрое Стефано Олдани Трек-Сегафредо
5 Арно Демар Арно Демар Матија Баис
6 Арно Демар Диего Роза
7 Кун Бауман Кун Бауман Трек-Сегафредо Том Димулен
8 Томас де Гент Интермарше-Ванти-Жобер Материо Томас де Гент Бора-Хансгрое
9 Џеј Хиндли Диего Роза Бора-Хансгрое Жоао Алмеида Тим ДСМ
10 Бинијам Хирмај Алесандро Де Марки
11 Алберто Даинезе Дрис де Бонт
12 Стефано Олдани Интермарше-Ванти-Жобер Материо Лоренцо Рота
13 Арно Демар Паскал Енкхорн Бора-Хансгрое
14 Сајмон Јејтс Ричард Карапас Жоао Алмеида Бора-Хансгрое Ричард Карапас Тим Бахреин Викториус
15 Џулио Чиконе Кун Бауман Џулио Чиконе
16 Јан Хирт Тимен Аренсман
17 Сантијаго Буитраго Тим Бахреин Викториус Матје ван дер Пул
18 Дрис де Бонт Хуан Педро Лопес Едоардо Афини
19 Кун Бауман Андреа Вендраме
20 Алесандро Чови Џеј Хиндли Алесандро Чови
21 Матео Собреро Матје ван дер Пул
На крај Џеј Хиндли Арно Демар Кун Бауман Хуан Педро Лопес Тим Бахреин Викториус Филипо Талјани Матје ван дер Пул Матија Баис Тим Бахреин Викториус
  • На втората етапа, Пељо Билбао, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Бинијам Хирмај ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. Дополнително, Магнус Корт Нилсен ја носел сината маичка, иако Ван дер Пул, Хирмај и Билбао биле единствените возачи со бодови во планинскиот пласман дотогаш.
  • На етапите 3 и 4, Бинијам Хирмај, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Ван дер Пул исто така го предводел планинскиот пласман пред третата етапа, Рик Цабел, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка на таа етапа.
  • На етапите 5–9, Маури Вансевенант, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Хуан Педро Лопес ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 10–12, Жоао Алмеида ја носел белата маичка од истата причина.
  • На етапата 18, Хуан Педро Лопес, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида се повлекол пред почетокот на етапата.

Пласмани[уреди | уреди извор]

Легенда
Розова маичка Го означува предводникот на генералниот пласман Сина маичка Го означува предводникот на планинскиот пласман
A violet jersey Го означува предводникот на бодовниот пласман Бела маичка Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. AUS Џеј Хиндли розева маичка за предводникот на генералниот пласманБора-Хансгрое86ч 31' 14
2. ECU Ричард Карапас Инеос Гренадиерс+ 1' 18
3. ESP Микел Ланда Бахреин Викториус+ 3' 24
4. ITA Винченцо Нибали Астана Казахстан Тим+ 9' 02
5. ESP Пељо Билбао Бахреин Викториус+ 9' 14
6. CZE Јан Хирт Интермарше-Ванти-Гобер Материо+ 9' 28
7. GER Емануел Бухман Бора-Хансгрое+ 13' 19
8. ITA Доменико Поцовиво Интермарше-Ванти-Гобер Материо+ 17' 29
9. GBR Хју Карти ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 17' 54
10. ESP Хуан Педро Лопес бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачТрек-Сегафредо+ 18' 40
11. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 23' 24
12. COL Сантијаго Буитраго Бахреин Викториус+ 24' 23
13. AUS Лукас Хамилтон Тим БајкЕксчејнџ Џајко+ 28' 02
14. FRA Гијом Мартен Кофидис+ 28' 37
15. ITA Лоренцо Фортунато Еоло-Комета+ 33' 15
16. FRA Павел Сиваков Инеос Гренадиерс+ 41' 43
17. NED Вилко Келдерман Бора-Хансгрое+ 41' 45
18. NED Тимен Аренсман Тим ДСМ+ 42' 31
19. GER Ленард Кемна Бора-Хансгрое+ 43' 58
20. NED Сам Омен Џамбо-Висма+ 1ч 04' 22
Извор: ProCyclingStats


Екипен пласман[уреди | уреди извор]

Завршен екипен пласман (1–10)[11][12]
Место Екипа Време
1 Тим Бахреин Викториус 259ч 48' 12"
2 Бора-Хансгрое + 4' 07"
3 Инеос Гренадиерс + 1ч 22' 29"
4 Интермарше-Ванти-Жобер Материо + 1ч 23' 57"
5 Астана Казахстан Тим + 2ч 18' 46"
6 Трек-Сегафредо + 2ч 21' 10"
7 Џамбо-Висма + 2ч 40' 16"
8 ОАЕ Тим Емирати + 3ч 21' 02"
9 Предлошка:Cycling data BEX men + 3ч 29' 58"
10 Мовистар Тим + 3ч 39' 45"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Giro d'Italia 2022 route“. RCS Sport. Посетено на 28 November 2021.
  2. Stuart, Peter (15 May 2022). „Giro d'Italia: Jai Hindley triumphs on Blockhaus“. CyclingNews. Посетено на 15 May 2022.
  3. Fletcher, Patrick (28 May 2022). „Jai Hindley climbs to GC lead on Giro d'Italia stage 20 showdown in Dolomites“. CyclingNews. Посетено на 28 May 2022.
  4. Beard, Clara (21 May 2022). „Giro d'Italia: Simon Yates captures solo win on stage 14 in Turin“. CyclingNews. Посетено на 22 May 2022.
  5. Ostanek, Daniel (6 May 2022). „Giro d'Italia: Mathieu van der Poel wins crash-marred uphill sprint in Visegrád“. CyclingNews. Посетено на 6 May 2022.
  6. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  7. „Arkea-Samsic declines Giro d'Italia invite“. CyclingTips (англиски). 16 February 2022. Посетено на 18 February 2022.
  8. Puddicombe, Stephen (4 May 2022). „Giro d'Italia 2022: who are the top contenders for the pink jersey?“. Cycling Weekly. Посетено на 5 May 2022.
  9. „Egan Bernal could return to racing in 2022 after rapid rehabilitation“. Cycling News by Stephen Farrand. 12 March 2022.
  10. Cash, Dane (4 May 2022). „Preview: Who's going to win the 2022 Giro d'Italia?“. Cyclingnews. Посетено на 5 May 2022.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име class.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Stage-21.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]