3 октомври
Од Википедија — слободната енциклопедија
3 октомври е 276-иот ден во годината според григоријанскиот календар (277-и во престапна година). Остануваат 89 денови до крајот на годината.
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 1873 | Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок. |
| 1918 | Царот Борис III го презема бугарскиот престол |
| 1929 | Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени). |
| 1932 | Ирак добива независност од Британија. |
| 1943 | Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. |
| 1954 | Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт. |
| 1995 | Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. |
| 1995 | Франција, наспроти меѓународниот притисок против нуклеарни тестирања, изврши нова нуклеарна проба во јужниот Тихи Океан. |
Родени:
| 1720 | Јохан Петер Уз — германски поет |
| 1830 | Алберт Гинтер — германско-британски зоолог |
| 1858 | Елеонора Дусе — италијанска актерка. |
| 1895 | Сергеј Александрович Есенин — руски поет. |
| 1911 | Мајкл Хордерн — англиски актер. |
| 1929 | Берт Стерн — американски фотограф. |
| 1938 | Тереза Кесовија — хрватска пејачка. |
| 1939 | Велибор Васовиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1954 | Стиви Реј Вон — американски гитарист. |
| 1971 | Дарко Митревски — македонски режисер. |
| 1973 | Љубомир Врањеш — шведски ракометар. |
| 1984 | Мигел Анхел Рубијани — колумбиски велосипедист. |
| 1988 | Алекс Даусет — британски велосипедист. |
Починале:
| 1690 | Роберт Баркли, шкотски писател |
| 1701 | Џозеф Вилијамсон — англиски политичар |
| 1910 | Жан Анри Дигнан — швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. |
| 1931 | Карл Ниелсен — дански композитор |
| 1994 | Даб Тејлор — американски актер |
| 2004 | Џенет Ли — американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот филм „Психо“. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |