Флеш Валон 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флеш Валон 2018 Cycling (road) pictogram.svg
2018 Fleche Wallonne podium 20a.jpg
Детали за трката
Издание82. Флеш Валон
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 1.UWT
Датум18 април 2018
Растојание198,5 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеСерен
ОдредиштеУј
Екипи25
Возачи на почеток174
Возачи на крај107
Просечна брзина40,563 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникFRA Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранESP Алехандро Валверде (Мовистар) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранBEL Јеле Ванендерт (Лото-Судал) Wikidata-logo S.svg
Fleche wallonne 2018.png
◀20172019▶
Commons-logo.svgДокументација Wikidata-logo S.svg

Флеш Валон 2018 — 82. издание на велосипедската еднодневна трка Флеш Валон, која се одржала на 18 април како седумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Во текот на третото и завршно искачување на Мур де Хуј, Жилијан Алафилип забрзал близу врвот, претекнувајќи го водачот Јеле Ванендерт во последните 100 метри на трката. Алехандро Валверде, кој ги освоил последните четири изданија на Флеш Валон, имал напад при крајот и скоро да го стигнал Алафилип, но сепак успеал да дојде во водство во последните метри пред Валверде и на крајот да ја освои трката. Тоа било најголема победа во кариерата на Алафилип дотогаш и прв француски победник на Флеш Валон од Лорен Жалабер во 1997 година.[3][4]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Флеш Валон е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[6]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. FRA Жилијан Алафилип Квик-Степ Флорс4ч 53' 37
2. ESP Алехандро Валверде Мовистар+ 4
3. BEL Јеле Ванендерт Лото-Судал+ 6
4. CZE Роман Кројцигер Мичелтон-Скот+ 6
5. AUS Мајкл Метјус Санвеб+ 6
6. NED Бауке Молема Трек-Сегафредо+ 6
7. BEL Тим Веленс Лото-Судал+ 6
8. GER Максимилијан Шахман Квик-Степ Флорс+ 6
9. FRA Ромен Барде АГ2Р Ла Мондијал+ 6
10. AUT Патрик Конрад Бора-Хансгрое+ 12
11. COL Серхио Енао Тим Скај+ 15
12. NED Том-Јелте Слагтер Дименжн Дата+ 19
13. FRA Руди Молар Групама-ФДЖ+ 21
14. ITA Диего Улиси ОАЕ Емирати+ 25
15. FRA Алекси Вијермоз АГ2Р Ла Мондијал+ 28
Извор: ProCyclingStats


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
  3. „Alaphilippe wins La Flèche Wallonne“. www.cyclingnews.com. 18 април 2018.
  4. „Julian Alaphilippe ends Valverde dominance with powerful victory at La Flèche Wallonne 2018“. www.cyclingweekly.com. 18 април 2018.
  5. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  6. „Флеш Валон 2018“. ProCycling.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]