Трка околу Баскија 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трка околу Баскија 2016 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание 56. Трка околу Баскија
Натпреварување Светска турнеја UCI 2016 2.UWT
Етапи 6
Датуми 4 – 9 април 2016
Растојание 852,3 км
Држава ESP Шпанија
Поаѓалиште Ечебарија
Одредиште Ејбар
Екипи 20
Возачи на почеток 158
Возачи на крај 97
Просечна брзина 37,452 км/ч
Добитници на наградите
Победник ESP Алберто Контадор (Тинкоф)
Второпласиран COL Серхио Енао (Тим Скај)
Третопласиран COL Наиро Кинтана (Мовистар)
Бодовен COL Серхио Енао (Тим Скај)
Планински ITA Диего Роза (Астана)
Спринтерски FRA Никола Еде (Кофидис)
Младински USA Лосон Кредок (Канондејл)
Екипен GBR Тим Скај
2015 2017
Документација Wikidata-logo S.svg

Трка околу Баскија 2016 (шпански: Vuelta al Pais Vasco, баскиски: Euskal Herriko itzulia) — 56. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија, која се одржала во Баскија помеѓу 4 и 9 април 2016 година. Претставувала деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката се одржала на планински терен и била подобна за искачувачи. Првите пет етапи биле плански, додека шестата завршна етапа била ридски индивидуален хронометар. Бранител на титулата бил Хоаким Родригез (Катјуша), додека Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Алберто Контадор (Тинкоф) и Серхио Енао (Тим Скај) исто така биле помеѓу фаворитите за победа.

Луис Леон Санчез ја освоил воведната етапа, но го загубил водството следниот дел од првата завршница на нагорнина од Микел Ланда (Скај). Ланда го загубил водството на четвртата етапа, кога Вилко Келдерман (ЛотоНЛ-Џамбо) го презел водството. На втората завршница на нагорнина на трката на претпоследниот ден, Енао го презел водството откако му избегал на Контадор. Потоа, Контадор го освоил хронометарот на последната етапа и го поразил Енао за целосна победа за 12 секунди, додека Кинтана задоцнил уште 23 секунди, со што го зазел третото место. Енао го освоил бодовниот пласман, додека Никола Еде (Кофидис) го освоил спринтерскиот пласман, а Диего Роза (Астана) планинскиот пласман.

Рута[уреди | уреди извор]

Рутата на Трката околу Баскија 2016 била главно планинска, без ниедна етапа подобна за спринтери. Првата етапа вклучувала осум категоризирани искачувања, а последното од нив било 8,3 километри пред целта.[2] Втората завршила на искачување од 2 километри со просечен наклон од 11,7%;[3] третата и четвртата етапа повторно имале повеќе искачувања кратко пред целта. Петтата етапа била најтешка, со 5,5 километри искачување на Арате со просечен наклон од 8,5%, кратко пред целта. Последната етапа била ридски индивидуален хронометар околу Ејбар.[4]

Етапа Датум Тек type Растојание (км) Победник Cевкупен лидер
1  Wikidata-logo S.svg 4 април Ечебарија – Маркина-Хемејн
среднопланинска етапа
144 ESP Луис Леон Санчез Wikidata-logo S.svg ESP Луис Леон Санчез Wikidata-logo S.svg
2  Wikidata-logo S.svg 5 април Маркина-Хемејн – Амурио
среднопланинска етапа
174,3 ESP Микел Ланда Wikidata-logo S.svg ESP Микел Ланда Wikidata-logo S.svg
3  Wikidata-logo S.svg 6 април Виторија – Лесака
среднопланинска етапа
193,5 GBR Стив Камингс Wikidata-logo S.svg ESP Микел Ланда Wikidata-logo S.svg
4  Wikidata-logo S.svg 7 април Лесака – Орио
среднопланинска етапа
165 ESP Самуел Санчез Wikidata-logo S.svg NED Вилко Келдерман Wikidata-logo S.svg
5  Wikidata-logo S.svg 8 април Орио – Арате
планинска етапа
159 ITA Диего Роза Wikidata-logo S.svg COL Серхио Енао Wikidata-logo S.svg
6  Wikidata-logo S.svg 9 април Ејбар – Ејбар
индивидуален хронометар
16,5 ESP Алберто Контадор Wikidata-logo S.svg ESP Алберто Контадор Wikidata-logo S.svg

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] На уште две други екипи – Кофидис and Каха Рурал-Сегурос РГА –добиле специјална покани за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи. Бидејќи секоја екипа имала осум возачи, имало вкупно 160 возачи на почетокот на првата етапа.[6]

Екипи од Светската турнеја UCI

Континентални професионални екипи

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Планинскиот терен означувал дека фаворити за победа биле само искачувачите; секоја етапа нудела можности за напади. Завршните две етапи (искачувањето до Арате и индивидуалниот хронометар) се очекувало да бидат одлучувачки. Првите двајца возачи од изданието во 2015 година, Хоаким Родригез (Катјуша) и Серхио Енао (Тим Скај), обајцата се вратиле на трката. Родригез не бил во добра форма и не завршил помеѓу првите десет на некоја трка во 2016 година.[4] Енао се очекувало да вози како поддршка на новиот член на екипата Микел Ланда, но Ланда бил болен и не бил во добра форма; поради тоа Енао станал водач на екипата.[4][7] Меѓутоа, главни фаворити, биле Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Алберто Контадор (Тинкоф); обајцата поранешни победници на трката (Кинтана во 2013 година, а Контадор во 2008, 2009 и 2014 година). Кинтана го поразил Контадор претходниот месец на Волта а Каталуња. Други фаворити биле Даниел Мартин (Етикс-Квик Степ) и Фабио Ару (Астана), заедно со Тибо Пино (ФДЖ).

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

4 април – Ечебарија до Маркина-Хемејн, 144 км

Резултат од етапа 1
Место Возач Екипа Време
1  Луис Леон Санчез (ШПА) Астана 3ч 54' 21"
2  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис и.в.
3  Сајмон Геранс (АВС) Орика-БајкЕксчејнџ и.в.
4  Фабио Фелине (ИТА) Трек-Сегафредо и.в.
5  Сајмон Кларк (АВС) Канондејл-Драпак и.в.
6  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
7  Даниел Мартин (ИРС) Етикс-Квик Степ и.в.
8  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин и.в.
9  Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал и.в.
10  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша и.в.
Извор: [8]
Генерален пласман по етапа 1
Место Возач Екипа Време
1  Луис Леон Санчез (ШПА) Генерален пласманБодовен пласман Астана 3ч 54' 21"
2  Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 0"
3  Сајмон Геранс (АВС) Орика-БајкЕксчејнџ + 0"
4  Фабио Фелине (ИТА) Трек-Сегафредо + 0"
5  Сајмон Кларк (АВС) Канондејл-Драпак + 0"
6  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 0"
7  Даниел Мартин (ИРС) Етикс-Квик Степ + 0"
8  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин + 0"
9  Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал + 0"
10  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша + 0"
Извор: [9]

Етапа 2[уреди | уреди извор]

4 април – Маркина-Хемејн до Баранбио-Гарастачу (Амурио), 174,2 км

Резултат од етапа 2
Место Возач Екипа Време
1  Микел Ланда (ШПА) Тим Скај 4ч 43' 17"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 1"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 5"
4  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим + 9"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф + 11"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 13"
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 15"
8  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 15"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 15"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ФДЖ + 15"
Извор: [10]
Генерален пласман по етапа 2
Место Возач Екипа Време
1  Микел Ланда (ШПА) Генерален пласманБодовен пласман Тим Скај 8ч 37' 38"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 1"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 5"
4  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим + 9"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф + 11"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 13"
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 15"
8  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 15"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 15"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ФДЖ + 15"
Извор: [11]

Етапа 3[уреди | уреди извор]

6 април 2016 – Виторија до Лесака, 193,5 км

Резултат од етапа 3
Место Возач Екипа Време
1  Стив Камингс (ВБР) Тим Дименжн Дата 5ч 01' 57"
2  Сајмон Геранс (АВС) Орика-БајкЕксчејнџ и.в.
3  Фабио Фелине (ИТА) Трек-Сегафредо и.в.
4  Џанлука Брамбила (ИТА) Етикс-Квик Степ и.в.
5  Џовани Висконти (ИТА) Мовистар Тим и.в.
6  Сајмон Кларк (АВС) Канондејл-Драпак и.в.
7  Тони Галопен (ФРА) Лото-Судал и.в.
8  Пело Билбао (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА и.в.
9  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша и.в.
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај и.в.
Извор: [12]
Генерален пласман по етапа 3
Место Возач Екипа Време
1  Микел Ланда (ШПА) Генерален пласман Тим Скај 13ч 39' 35"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 1"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 5"
4  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим + 9"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф + 11"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 13"
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 15"
8  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 15"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 15"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ФДЖ + 15"
Извор: [13]

Етапа 4[уреди | уреди извор]

7 април 2016 – Лесака до Орио, 165 км

Резултат од етапа 4
Место Возач Екипа Време
1  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим 4ч 13' 12"
2  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
3  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин и.в.
4  Алекси Вијермоз (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
5  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај и.в.
6  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим и.в.
7  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф и.в.
8  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо и.в.
9  Лосон Кредок (САД) Канондејл-Драпак и.в.
10  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша и.в.
Извор: [14]
Генерален пласман по етапа 4
Место Возач Екипа Време
1  Вилко Келдерман (ХОЛ) Генерален пласман ЛотоНЛ-Џамбо 17ч 52' 48"
2  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4"
3  Микел Ланда (ШПА) Тим Скај + 7"
4  Самуел Санчез (ШПА) Бодовен пласман БМЦ Рејсинг Тим + 8"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф + 10"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 12"
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 14"
8  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 14"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 14"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ФДЖ + 14"
Извор: [15]

Етапа 5[уреди | уреди извор]

8 април 2016 – Орио до Арате (Ејбар), 159 км

Резултат од етапа 5
Место Возач Екипа Време
1  Диего Роза (ИТА) Астана 4ч 19' 19"
2  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 3' 13"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф + 3' 13"
4  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 3' 15"
5  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 3' 15"
6  Самуел Санчез (ШПА) Бодовен пласман БМЦ Рејсинг Тим + 3' 40"
7  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 3' 41"
8  Лосон Кредок (САД) Канондејл-Драпак + 3' 56"
9  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 4' 12"
10  Серж Пауелс (БЕЛ) Тим Дименжн Дата + 4' 12"
Извор: [16]
Генерален пласман по етапа 5
Место Возач Екипа Време
1  Серхио Енао (КОЛ) A yellow jerseyБодовен пласман Тим Скај 22h 15' 24"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф + 6"
3  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 10"
4  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 12"
5  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим + 31"
6  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 38"
7  Лосон Кредок (САД) Канондејл-Драпак + 1' 00"
8  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 1' 07"
9  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 1' 09"
10  Себастјен Рајхенбах (ШВА) ФДЖ + 1' 11"
Извор: [17]

Етапа 6[уреди | уреди извор]

9 април 2016 – Ејбар, 16,5 км (ITT)

Резултат од етапа 6 (ITT)
Место Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф 29' 13"
2  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 5"
3  Серхио Енао (КОЛ) Генерален пласманБодовен пласман Тим Скај + 18"
4  Адам Јејтс (ВБР) Орика-БајкЕксчејнџ + 53"
5  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 04"
6  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 1' 09"
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 1' 16"
8  Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 1' 16"
9  Мигел Анхел Лопез (КОЛ) Астана + 1' 21"
10  Пело Билбао (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА + 1' 26"
Извор: [18]
Генерален пласман по етапа 6 (ITT)
Место Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Генерален пласман Тинкоф 22ч 44' 43"
2  Серхио Енао (КОЛ) Бодовен пласман Тим Скај + 12"
3  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 37"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 1' 13"
5  Хоаким Родригез (ESP) Катјуша + 1' 22"
6  Самуел Санчез (ШПА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 29"
7  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 2' 19"
8  Симон Шпилак (СЛО) Катјуша + 2' 47"
9  Лосон Кредок (САД) Канондејл-Драпак + 2' 52"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 3' 14"
Извор: [19]

По трка[уреди | уреди извор]

Реакции на возачите[уреди | уреди извор]

Алберто Контадор на неколку претходни настани објавил дека 2016 ќе му биде последна како професионален возач. По победата на Трката околу Баскија, меѓутоа, изјавил „сигурен сум дека ова нема да биде последен пат да дојдам тука“ и изјавил дека веројатно ќе продолжи и по сезоната 2016. Тоа му била прва победа на генерален пласман по Рут ди Сид 2015; ја посветил својата победа на неговите обожаватели и на Олег Тинков, сопственикот на екипата Тинкоф.[20] Серхио Енао изјавил дека се обидел со различна тактика на хронометарот – чувајќи се рано на патеката за поголем напор кон крајот – и изјавил дека бил задоволен од неговиот резултат и како неговата екипа возела. Изјавил дека се чувствувал силен пред неговите главни цели за сезоната, арденските класици.[21] Кинтана изјавил дека промената на велосипедот на хронометарот му помогнала, но дека не било доволно за победа на етапата. Изјавил дека бил задоволен како извозел на трката и како се опоравил од болета претходно во неделата.[22]

Поредок во Светската турнеја[уреди | уреди извор]

Во Светската турнеја, победата на Контадор го поместил од третото на второто место, 59 бода зад колегата Петер Саган. Серхио Енао се поместил од осмото на четвртото место, а Кинтана од дванаесеттото на петтото место. Шпанија повела во националниот пласман, претходно на петтото место. Тинкоф ја задржал водечката позиција во екипниот пласман, пред Тим Скај.[23]

Поредок во Светската турнеја на 9 април 2016
Место Возач Екипа Бодови
1  Петер Саган (СВК) Тинкоф 329
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф 280
3  Ричи Порт (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 222
4  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај 204
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 178
6  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек-Сегафредо 166
7  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 162
8  Сеп Ванмарке (BEL) ЛотоНЛ-Џамбо 141
9  Арно Демар (ФРА) ФДЖ 137
10  Сајмон Геранс (АВС) Орика-БајкЕксчејнџ 119
Извор: [23]

Пласмани[уреди | уреди извор]

На Трка околу Баскија 2016 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2015 и победникот на пласманот бил победник на трката. Немало бонус секунди.

Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот индивидуален хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

Поредок[уреди | уреди извор]

Водство во пласманите
Етапа Победник Генерален пласман
A yellow jersey
Бодовен пласман
A white jersey
Планински пласман
A white jersey with red polka dots
Спринтерски пласман
A blue jersey
Екипен пласман
1 Луис Леон Санчез Луис Леон Санчез Луис Леон Санчез Јонатан Ластра Никола Еде Аг2р-Ла Мондијал
2 Микел Ланда Микел Ланда Микел Ланда Никола Еде Тим Скај
3 Стив Камингс Сајмон Геранс Штефан Денифл Штефан Денифл
4 Самуел Санчез Вилко Келдерман Самуел Санчез Катјуша
5 Диего Роза Серхио Енао Серхио Енао Диего Роза Никола Еде Тим Скај
6 Алберто Контадор Алберто Контадор
На крај
Алберто Контадор Серхио Енао Диего Роза Никола Еде Тим Скај

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Revista. San Sebastián: Organizaciones Ciclistas Euskadi. 2016. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вин, Најџел. „Календар за 2016 на Светската турнеја UCI“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/uci-worldtour-calendar-2016-193076. конс. 18 декември 2015 г. 
  2. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 1 (profile)“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=163655&c=6&stat_id=217. конс. 3 април 2016 г. 
  3. Roadbook 2016, стр. 22.
  4. 4,0 4,1 4,2 Tour of the Basque Country preview“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 1 април 2016 (конс. 3 април 2016 г).
  5. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uci.ch/mm/Document/News/Rulesandregulation/16/82/39/2-ROA-20150619-E_English.pdf. конс. 20 август 2015 г. 
  6. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco – General classification (startlist)“. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Startlist. конс. 3 април 2016 г. 
  7. Landa puts doubts to bed after finally starting his season“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 29 март 2016 (конс. 3 април 2016 г).
  8. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 1 (result)“. 4 април 2016. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_1. 
  9. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 1 (GC)“. 4 април 2016. http://www.procyclingstats.com/race.php?t=r&id=167424&subs=&seo=Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_2016. 
  10. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 2 (result)“. 5 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_2. 
  11. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 2 (GC)“. 5 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_2_GC. 
  12. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 3 (result)“. 6 април 2016. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_3. 
  13. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 3 (GC)“. 6 април 2016. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_3_GC. 
  14. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 4 (result)“. 7 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_4. 
  15. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 4 (GC)“. 7 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_4. 
  16. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 5 (result)“. 8 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_5. 
  17. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 5 (GC)“. 8 април 2016. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_5_GC. 
  18. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Stage 6 (ITT) (result)“. 9 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016_Stage_6_ITT. 
  19. „Vuelta Ciclista al Pais Vasco - Генерален пласман (GC)“. 9 април 2016. http://procyclingstats.com/race/Vuelta_Ciclista_al_Pais_Vasco_2016. 
  20. Contador rethinking retirement after fourth Pais Vasco victory“, „Cyclingnews.com“, Cyclingnews.com, 9 април 2016 (конс. 10 април 2016 г).
  21. Van Avermaet back on the bike“, „Cyclingnews.com“, Cyclingnews.com, 10 април 2016 (конс. 10 април 2016 г).
  22. Movistar Team (9 април 2016). "Nairo risks everything, takes GC podium in Itzulia". Соопштение за печат.  конс. 9 април 2016 г
  23. 23,0 23,1 „UCI WorldTour Ranking - 2016“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 9 април 2016. архивирано од оригиналот на 10 април 2016. https://web.archive.org/web/20160410125851/http://www.uci.html.infostradasports.com/cache/2/TheASP.asp@PageID%3D102007&SportID%3D102&CompetitionID%3D24055&SeasonID%3D490&EventID%3D12146&GenderID%3D1&ClassID%3D1&EventPhaseID%3D1444755&Phase1ID%3D1444790&TaalCode%3D2&StyleID%3D0&Cache%3D2.html?748211. конс. 10 април 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]