Амстел Голд Рејс 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амстел Голд Рејс 2019 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание54. Амстел Голд Рејс
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2019 1.UWT
Датум21 април 2019
Растојание265,7 км
ДржаваNED Холандија
ПоаѓалиштеМастрихт
ОдредиштеБерг ен Терблејт
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај109
Просечна брзина41,06 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникNED Матје ван дер Пул (Корендон-Циркус) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранAUS Сајмон Кларк (ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранDEN Јакоб Фуглсанг (Астана) Wikidata-logo S.svg
Amstel Gold Race 2019.png
◀ 20182020
Документација Wikidata-logo S.svg

Амстел Голд Рејс 2019 — 54. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс, која се одржала на 21 април како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката била освоена од Матје ван дер Пул.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[3]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. RSA Дименжн Дата
  2. AUS Мичелтон-Скот
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. FRA АГ2Р Ла Мондијал
  5. KAZ Астана
  6. GER Бора-Хансгрое
  7. POL ССС Тим
  8. BEL Декојнинк-Квик Степ
  9. USA ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг
  10. FRA Групама-ФДЖ
  11. BEL Лото-Судал
  12. ESP Мовистар
  13. NED Џамбо-Висма
  14. SUI Катјуша-Алпесин
  15. GBR Инеос
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (7)
  1. BEL Корендон-Циркус
  2. NED Ромпот-Шарл
  3. ITA Бардијани ЦСФ
  4. ISR Израелска велосипедска академија
  5. BEL Спорт Вландерен-Балоас
  6. FRA Витал Консепт-Б&Б Хотелс
  7. BEL Ванти-Груп Гобер

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Главни фаворити пред трката биле Матје ван дер Пул, кој требало да го има своето деби на Амстел Голд Рејс и Жилијан Алафилип. Обајцата веќе биле успешни во почетокот на сезоната, каде Ван дер Пул ги освоил Дварс дор Вландере и Брабантсе Пејл, а Алафилип ги освоил Страде Бјанке и Милано-Сан Ремо. Други возачи како фаворити биле Мајкл Метјус, Петер Саган, Максимилијан Шахман, Алехандро Валверде и Јакоб Фуглсанг, како и поранешните победници Филип Жилбер и Михал Квјатковски.[4] Бранителот на титулата, Михаел Валгрен, исто така ќе учествувал, но не бил сметан за фаворит, поради разочарувачкиот почеток на сезоната.[5]

Извештај од трката[уреди | уреди извор]

На почетокот на трката се одвоило бегство од 11 возачи од главната група. Нивното водство пораснало до осум минути пред екипата на Јакоб Фуглсанг, Астана, да го забрзаат темпото во главната група. Матје ван дер Пул бил прв од фаворитите да нападне на 43 километри до целта, заедно со Горка Исагире, но нивниот обид бил осуетен набрзо потоа. Жилијан Алафилип бил следниот што нападнал набрзо откако раното бегство било достигнато, придружуван од Фуглсанг и Матео Трентин. Трентин не можел да ги следи другите двајца и нему му се приклучил Михал Квјатковски, со група на потера во која се наоѓале поголемиот дел од фаворитите малку зад нив.

По завршното качување на Кауберг, Алафилип и Фуглсанг имале водство од 30 секунди пред другите двајца и скоро минута пред групата зад нив. На 3 километри до целта, нивното водство било до 40 секунди пред Квјатковски, кој го оставил Трентин зад него. Тогаш двајцата напред престанале да соработуваат еден со друг, обидувајќи се да ја зачуваат енергијата за нивниот завршен спринт. Меѓутоа, тие биле достигнати во последниот километар, најпрвин од Квјатковски, а потоа и од групата предводена од Ван дер Пул. Во претстојниот спринт, Ван дер Пул се покажал најсилен, додека местата на подиумот биле земени од Сајмон Кларк и Фуглсанг.[6][7]

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[8]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. NED Матје ван дер Пул Корендон-Циркус6ч 28' 18
2. AUS Сајмон Кларк ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг+ 0
3. DEN Јакоб Фуглсанг Астана+ 0
4. FRA Жилијан Алафилип Декојнинк-Квик Степ+ 0
5. GER Максимилијан Шахман Бора-Хансгрое+ 0
6. BEL Бјорг Ламбрехт Лото-Судал+ 0
7. ITA Алесандро де Марки ССС+ 0
8. FRA Валентен Мадуа Групама-ФДЖ+ 0
9. FRA Ромен Барде АГ2Р Ла Мондијал+ 0
10. ITA Матео Трентин Мичелтон-Скот+ 0
Извор: ProCyclingStats


Список на учесници[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. конс. 23 октомври 2018. 
  2. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  3. „Roompot-Charles en Corendon-Circus welkom in Amstel Gold Race“. 6 февруари 2019. 
  4. Long, Jonny (21 април 2019). „Who are the bookies’ favourites to win the Amstel Gold Race 2019?“. Cycling Weekly. конс. 6 ноември 2019. 
  5. „Amstel Gold Race 2019 – Preview“. Cyclingnews.com. 19 април 2019. конс. 6 ноември 2019. 
  6. Fletcher, Patrick (21 април 2019). „Mathieu Van der Poel wins Amstel Gold Race“. Cyclingnews.com. конс. 6 ноември 2019. 
  7. Long, Jonny (21 април 2019). „Mathieu van der Poel ambushes Alaphilippe to win Amstel Gold Race 2019“. Cycling Weekly. конс. 6 ноември 2019. 
  8. „Амстел Голд Рејс 2019“. ProCycling. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]