Симон Шпилак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симон Шпилак
Лични податоци
Цело име Симон Шпилак
Прекар Спиле
Роден 23 јуни 1986 (1986-06-23) (воз. 31 г.)
Тишина,  Словенија
Висина 1,76 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Катјуша-Алпесин
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2005–2007
2008–2011
2012–
КРКА-Адрија Мобил
Лампре
Катјуша
Значајни победи
Етапни трки
Тур де Романди (2010)
Тур де Свис (2015, 2017)

Еднодневни трки и класици

Трка околу Франкфурт (2013)
ГП Мигел Индураин (2013)
Последна промена
14 јануари 2018

Симон Шпилак (словенечки: Simon Špilak; р. 23 јуни 1986 во Тишина) — словенечки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[1]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Шпилак е најмногу познат по победата на Тур де Романди 2010 откако му биле одземени постигнатите резултати на првичниот победник Алехандро Валверде. Шпилак завршил на второто место на трката во 2013 и 2014, на два пати зад победникот на Тур де Франс 2013, Крис Фрум. Во 2013 година победил на ГП Мигел Индураин и на Трката околу Франкфурт, единствените победи во годината.

Во 2015 година го освоил генералниот пласман на Тур де Свис со само пет секунди предност пред Герајнт Томас. Победата била одлучена на завршниот хронометар.[2]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
1. Национално јуниорско друмско првенство
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
3. Bronze medal icon.svg Светско друмско првенство за под 19 години
2005
1. Национално друмско првенство под 23 години
2006
1. Трофеј Плава Лагуна 1
2007
1. Ла Кот Пикард под 23 години
4. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де л’Авенир
2008
5. Краен пласман Трка околу Словенија
5. Краен пласман Три дена Де Пане
9. Трка околу Фландрија
2009
1. Етапа 3 Трка околу Словенија
6. Краен пласман Џиро дела Провинча ди Гросето
2010
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди[lower-alpha 1]
1. Етапа 4
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
3. Краен пласман Трка околу Баварија
2011
5. Краен пласман Трка околу Словенија
5. Џиро дел Фриули
2012
4. Краен пласман Париз-Ница
8. Краен пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Краен пласман Трка околу Баскија
2013
1. ГП Мигел Индураин
1. Трка околу Франкфурт
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Краен пласман Париз-Ница
9. Краен пласман Тур де Свис
10. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
2014
1. Етапа 5 Критериум ду Дофине
1. Етапа 3 Арктичка трка околу Норвешка
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Париз-Ница
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Свис
2. Краен пласман Тур де Романди
3. Краен пласман Париз-Ница
2016
7. Краен пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Трка околу Баскија
9. Краен пласман Тур де Свис
2017
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 7
2. Про Ецталер 5500
10. Краен пласман Трка околу Баскија

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 48 117
Jersey yellow.svg Тур 109 109 СО
Jersey red.svg Вуелта
Распоред на резултатите на етапните трки
Race 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey yellow.svg Париз-Ница 12 СО 13 4 6 8 3 31
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 18 11
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 34
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 10 4 4 12 8 10
Jersey yellow.svg Тур де Романди 1 21 8 2 2 2 7 30
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 77 85
Jersey yellow.svg Тур де Свис СО СО 9 1 9 1

СО = се откажал; — = не учествувал

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Награден ретроактивно откако резултатите на Алехандро Валверде биле повлечени по неговата двегодишна забрана во јуни 2010 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]