Трката била освоена од Колумбиецот Наиро Кинтана од екипата Мовистар Тим, откако стекнал доволно време на последната хронометарска етапа да се помести пред предводникот на трката Серхио Енао од Тим Скај. Кинтана, победник на кралската етапа на трката, четвртата етапа до Еибар-Арате, доцнел шест секунди по етапата, но ја свртел оваа разлика во своја корист и победил на трката со 23 секунди предност пред колегата на Енао Ричи Порт. Исто така, Кинтана го освоил бодовниот пласман на последната етапа, надминувајќи го Енао и во тој пласман. Порт, победник на петтата етапа, ја започнал етапата на третото место, но и тој го поминал Енао, кој на крајот завршил како трет. Победникот на третата етапа ја завршил трката 11 секунди зад Порт и 34 секунди зад неговиот сонародник Кинтана.
Другите маички на трката завршиле кај возачот на Каха Рурал-Сегурос РГААметс Чурука; со нив се здобил на бегството на воведната етапа и оттогаш Чурука водел во планинскиот и спринтерскиот пласман, со што и на крајот ги освоил точкастата и портокаловата маичка соодветно. Екипниот пласман го освоила екипата Мовистар Тим, откако Бењат Инчаусти влегол во првите десет во генералниот пласман, како и Кинтана.
Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се поканети автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour требало да учествуваат на трката и две други екипи - Каха Рурал-Сегурос РГА и Кофидис - со специјални покани и со тоа да се создаде главната група од 20 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот UCI World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[1][2] Бидејќи Катјуша не била првично поканета на трката, организаторите го објавиле нивното додавање на трката, со што вкупниот број на екипи кои настапиле на трката се искачил на дваесет и една.