Класика де Сан Себастијан 2013
| Светска турнеја на UCI 2013, трка 19 од 28 | |||
| Детали за трката | |||
|---|---|---|---|
| Date | 27 јули 2013 | ||
| Растојание | 232 км | ||
| Време | 5ч 39' 02" (25,5 км/ч) | ||
| Добитници на наградите | |||
| Победник | (РадиоШек-Леопард) | ||
| Втор | (Мовистар Тим) | ||
| Трет | (Тим Саксо-Тинкоф) | ||
Класика де Сан Себастијан 2013 било 33. издание на еднодневната велосипедска трка Класика де Сан Себастијан. Била одржана на 27 јули 2013 на растојание од 232 километри, започнувајќи и завршувајќи во Сан Себастијан, во Баскија, Шпанија. Била деветнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена од возачот на РадиоШек-Леопард Тони Галопен, откако направил напад на последното искачување на трката, Алто де Аркале, и успеал да се одржи пред остатокот од главната група, остварувајќи ја најголемата победа во неговата кариера.[1] Второто место му припаднало на возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде, 28 секунди зад Галопен,[2] додека подиумот бил заокружен од возачот на Тим Саксо-Тинкоф Роман Кројцигер.[3]
Екипи
[уреди | уреди извор]Бидејќи Класика де Сан Себастијан бил настан од Светската турнеја на UCI, сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Каха Рурал-Сегурос РГА добила специјална покана за учество на трката и со тоа била создадена групата од 20 екипи.
Дваесетте екипи кои учествувале на трката биле:
Резултати
[уреди | уреди извор]| Велосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја | |
|---|---|---|---|---|
| 1 | РадиоШек-Леопард | 5ч 39' 02" | 80 | |
| 2 | Мовистар Тим | + 20" | 60 | |
| 3 | Тим Саксо-Тинкоф | + 20" | 50 | |
| 4 | Еускалтел-Еускади | + 20" | 40 | |
| 5 | Тим Саксо-Тинкоф | + 29" | 30 | |
| 6 | Еускалтел-Еускади | + 36" | 22 | |
| 7 | Канондејл | + 51" | 14 | |
| 8 | Омега Парма-Квик Степ | + 51" | 10 | |
| 9 | Белкин Про Сајклинг | + 51" | 6 | |
| 10 | FDJ.fr | + 51" | 2 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Худ, Ендру (27 јули 2013). „Тони Галопен победи на Класика де Сан Себастијан 2013“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-07-30. Посетено на 28 јули 2013.
- ↑ Вин, Најџел (27 јули 2013). „Тони Галопен сам до победа во Сан Себастијан“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 28 јули 2013.
- ↑ „Tony Gallopin wins Clasica de San Sebastian as Alejandro Valverde has to settle for second“. Sky Sports. BSkyB. 27 јули 2013. Посетено на 28 јули 2013.