Роман Кројцигер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роман Кројцигер
Кројцигер на Тур де Франс 2009.
Лични податоци
Цело имеРоман Кројцигер
Роден6 мај 1986 (1986-05-06) (32 г.)
Моравска Требова, Чешка Чехословачка
Висина1,83 м[1]
Маса65 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубТим Дименжн Дата
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Професионални клубови
2006–2010
2011–2012
2013-2016
2017-2018
2019-
Ликвигас
Астана
Тим Саксо-Тинкоф
Орика-Скот
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Jersey white.svg Пласман за млад возач (2011)
1 индивидуална етапа (2012)

Етапни трки

Тур де Свис (2008)
Тур де Романди (2009)

Класици и еднодневни трки

MaillotRepúblicaCheca.PNG Национален друмски првак (2016)
Светски јуниорски друмски првак (2004)
Амстел Голд Рејс (2013)
Последна промена
14 април 2019

Роман Кројцигер (чешки: Roman Kreuziger; р. 6 мај 1986) — чешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Дименжн Дата.[2] Кројцигер е универзален возач, со способности за планини и хронометри, станувајќи кандидат за генерален пласман на етапните трки. Исто така се смета за еден од најголемите таленти на овој спорт, по освојувањето на Светското јуниорско друмско првенство 2004 и Тур де Свис 2008 на возраст од 22. Следната година победил на Тур де Романди 2009, а во 2013 бил победник на Амстел Голд Рејс.

Неговиот татко, Роман Кројцигер, исто така бил велосипедист, кој ја освоил Трката околу Австрија во 1991 и Светското јуниорско велокрос првенство во 1983 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ликвигас (2006-2010)[уреди | уреди извор]

Станал професионалец во 2006 во Ликвигас, по успешната аматерска кариера, кои го забележале по победата на Светското јуниорско друмско првенство во 2004 и етапа на Џиро деле Региони во 2005. Во 2007, остварил големи подобрувања во неговите способности, станувајќи втор на прологот на Париз-Ница и Тур де Романди, каде исто така завршил шести во генералниот пласман. Првата негова професионална победа ја освоил на втората етапа на Сетимана Сиклистика Ломбарда. На крајот на 2008, го завршил и неговиот прв Гранд Тур по освојувањето на 21. место на Вуелта а Еспања.

Во 2008, завршил втор на Тур де Романди, 35 секунди позади Андреас Кледен, еден од водечките светски велосипедисти. Го осветил неговиот пораз со освојување на Тур де Свис, завршувајќи 49 секунди пред Кледен и победувајќи на планинскиот хронометар на преминот Клаузен. На неговиот прв Тур де Франс, се докажал како исклучителен специјалист за планини, меѓу светските великани, завршувајќи втор во пласманот за млад возач и 12. во генералниот пласман.

Во 2009, повторно се вратил на Тур де Романди и конечно успеал во неговиот обид да победи во трката, освојувајќи и една етапна победа. Покрај овој успех, успеал да заврши и на деветтото место на Тур де Франс.

Во 2010, Кројцигер го направил преместувањето од Ликвигас-Доимо во Астана, по петте поминати сезони со италијанската екипа.[3]

Астана (2011-2012)[уреди | уреди извор]

Кројцигер на Тур де Франс 2011

Во 2011, Кројцигер го освоил планинскиот пласман и етапа на Џиро дел Трентино. Завршил на четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж во масовниот спринт, скоро една и пол минута зад победникот Филип Жилбер.[4] Потоа целел на Џиро д’Италија. Завршил на петтото место во генералниот пласман и исто така го освоил пласманот за млад возач.[5]

Во 2012 завршил на третото место на Тирено-Адријатико.[6] Настапил на Џиро д’Италија 2012 предводејќи ја Тим Астана со Паоло Тиралонго. Ја освоил планинската деветнаесетта етапа по соло-бегство[7] но имал разочарувачки пласман на 15. место во генералниот пласман.[8]

Тим Саксо-Тинкоф (2013–2016)[уреди | уреди извор]

Кројцигер на Тур де Франс 2013

Кројцигер го напуштил Астана на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Саксо-Тинкоф на тригодишен договор од сезоната 2013 па натаму.[9] Во април 2013 ја освоил Амстел Голд Рејс. Се одвоил од водечката група на седум километри од целта и давал отпор на потерата на групата на Кауберг, освојувајќи соло триумф.[10] Кројцигер работел со докторот за допинг Микеле Ферари, според поранешниот колега Леонардо Бертањоли.[11] Кога го прашале за обвинувањата по Амстел Голд Рејс, Кројцигер одбил да коментира за овие врски, велејќи дека ќе даде изјава по Тур де Романди.[12] Тоа го направил и признал дека работи со Ферари од есента 2006 до 2007, но не користел забранети средства.[13] По Амстел Голд Рејс, Кројцигер завршил на третото место на Тур де Свис, целејќи на победа.

И покрај тоа што возел на Тур де Франс 2013 како поддршка на Алберто Контадор, Кројцигер по етапите во Пиринеите се наоѓал на петтото место во генералниот пласман. Откако имал солиден хронометар на етапата 17, Кројцигер се поместил на првите три места, претекнувајќи ги Лауренс тен Дам и Бауке Молема. И покрај тоа што имал висок пласман со Алберто Контадор, Кројцигер паднал на петтото место во генералниот пласман, откако изгубил контакт со Наиро Кинтана и Хоаким Родригез на Алпите.

Во 2014 година, Кројцигер ја започнал сезоната завршувајќи осми на Трката околу Оман. Возел на Тирено-Адријатико како поддршка на Алберто Контадор, каде завршил на третото место во генералниот пласман, додека Контадор ја освоил трката. Потоа, возел на арденските класици завршувајќи помеѓу првите десет на Флеш Валон и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Потоа завршил осми на Тур де Свис.

Во јуни 2014 година, Тинкоф-Саксо објавил дек Кројцигер бил привремено суспендиран откако Меѓународниот велосипедистички сојуз пројавиле сомнеж во неговиот биолошки пасош. Сојузот ги потенцирал податоците за сезоните 2011 и 2012 преку писмо во јуни 2013 година, на кое Кројцигер одговорил во октомври 2013 година, иако вредностите не биле надвор од границите, кои определуваат до каде велосипедистите треба да одат. Ова го спречило Кројцигер од настап на Тур де Франс и на Трката околу Полска.[14] Во август 2014 година, Арбитражниот суд за спорт ја одбил жалбата на Кројцигер да му дозволи да учествува на Вуелта а Еспања 2014.[15] На 22 септември било објавено дека чешкиот олимписки комитет го ослободил од сите сомнежи и бил слободен повторно да настапи.[16] Сојузот и Светската антидопинг агенција се жалеле против оваа одлука на Арбитражниот суд за спорт во октомври 2014 година.[17] Случајот бил отфрлен од обете агенции на 5 јуни 2015 година.[18] Кројцигер учествувал на Тур де Франс 2015, завршувајќи на 17. место.

Орика-Скот (2017-2018)[уреди | уреди извор]

Во август 2016 година, Орика-БајкЕксчејнџ објавила дека Кројцигер потпишал двегодишен договор, кој ќе заврши на крај на сезоната 2018. Кројцигер изјавил: „Орика-БајкЕксчејнџ беше лесен избор за мене кога започнав да барам нова екипа и да ја одредам мојата иднина како возач. Навистина се восхитувам на амбициите кои ги имаат за понатаму и сакам целосно да им помогнам со нивните млади возачи за врвен успех на големите трки“.[19]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
1. Gold medal blank.svg Светски друмски првак под 19 години
1.  Чешка Друмски првак под 19 години
1.  Чешка Хронометарски првак под 19 години
2. Silver medal blank.svg Светско хронометарско првенство под 19 години
2. Silver medal blank.svg Светско велокрос првенство под 19 години
2005
2. Краен пласман Џиро деле Региони
1. Етапа 3
8. ГП Палио дел Речото
10. Краен пласман Џиро дела Тоскана
2006
9. Трофео Чита ди Кастелфидардо
9. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе
2007
1. Трофео Чита ди Боргоманеро
6. Краен пласман Сетимана Ломбарда
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 2
6. Краен пласман Тур де Романди
21. Краен пласман Вуелта а Еспања
2008
1. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 8 (ITT)
1. Пласман за млад возач Трка околу Мисури
2. Краен пласман Тур де Романди
12. Краен пласман Тур де Франс
2009
1. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2. Класика де Сан Себастијан
3. Краен пласман Тур де Свис
9. Краен пласман Тур де Франс
10. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
2010
1. Краен пласман Џиро ди Сардења
1. Етапа 2
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. Амстел Голд Рејс
9. Краен пласман Тур де Франс
2011
1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
1. Планински пласман
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Џиро д‘Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2012
1. Етапа 19 Џиро д’Италија
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
6. Страде Бјанке
2013
1. Амстел Голд Рејс
3. Краен пласман Тур де Свис
3. Класика де Сан Себастијан
5. Краен пласман Тур де Франс
6. ГП Мигел Индураин
2014
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Страде Бјанке
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Краен пласман Трка околу Оман
8. Флеш Валон
8. Краен пласман Тур де Свис
2015
1. Етапа 6 САД Про Сајклинг Челинџ
5. Краен пласман Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
2016
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национално друмско првенство
6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Краен пласман Тур де Франс
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
2017
1. Про Ецталер 5500
4. Национално друмско првенство
2018
2. Амстел Голд Рејс
4. Флеш Валон
6. Светско друмско првенство
8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж

Распоред на резултатите од етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 5 15 28 55
Jersey yellow.svg Тур 12 9 8 112 5 17 10 24
Jersey red.svg Вуелта 21 61 28 СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey yellow.svg Париз-Ница 19 СО СО 3 17 19
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 3 13 3 10 10 СО
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 8
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 10 18 17 30 33
Jersey yellow.svg Тур де Романди 6 2 1 СО 63 6 30 35
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 19 28
Jersey yellow.svg Тур де Свис 1 3 16 6 3 8 СО

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Сан Ремо 86 СО 29 56
Трка околу Фландрија не настапил во кариерата
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 45 48 4 125 7 5 7 27 8
Џиро ди Ломбардија 23 52 СО 32
Класик 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Страде Бјанке нема 6 5 11 СО
Амстел Голд Рејс 59 52 18 5 1 18 14 12 126 2
Флеш Валон 39 50 51 91 17 8 11 11 72 4
Класика де Сан Себастијан 20 2 СО 3 13 22 63

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Профил на Роман Кројцигер".  Unknown parameter |http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/riders/team-saxo-tinkoff/kreuziger-roman.html?xtmc= ignored (помош);
  2. Dimension Data finalise 2019 roster“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 22 ноември 2018 (посет. 4 јануари 2019 г).
  3. Кројцигер потпиша со Астана“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 16 август 2010 (посет. 14 април 2013 г).
  4. ФицГералд, Мајкл. „Жилбер победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 24 април 2011 (посет. 21 април 2013 г).
  5. Бери Рајан (29 мај 2011). "Контадор ја освои втората победа на Џиро д’Италија". Cycling News. Future Publishing Limited. конс. 21 април 2013. 
  6. Nibali overhauls Horner to win Tirreno“, „SuperSport“, Naspers, 13 март 2012 (посет. 21 април 2013 г).
  7. Аткинс, Бен. „Роман Кројцигер се искачи до победа на Алпи ди Памеаго“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 25 мај 2012 (посет. 21 април 2013 г).
  8. Резултати на етапата 21 на Џиро д’Италија 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 мај 2012 (посет. 21 април 2013 г).
  9. Кројцигер му се приклучи на Саксо Банк-Тинкоф Банк“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 септември 2012 (посет. 24 септември 2012 г).
  10. Вин, Најџел. „Роман Кројцигер победи на Амстел Голд Рејс“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 14 април 2013 (посет. 14 април 2013 г).
  11. Грегор Браун. „Bertagnolli names Kreuziger“, 11 октомври 2012 (посет. 20 април 2013 г).
  12. Грегор Браун. „Кројцигер одби да зборува за врските со Ферари“, 20 април 2013 (посет. 20 април 2013 г).
  13. Браун, Грегор. „Роман Кројцигер призна дека работел со забранетиот доктор Ферари“.
  14. Браун, Грегор (29 јуни 2014). "Роман Кројцигер надвор од Тур де Франс поради проблем со биолошкиот пасош". Cycling Weekly. конс. 29 јуни 2014. 
  15. "Одбиена жалбата на Роман Кројцигер". espn.go.com. 20 август 2014. конс. 21 септември 2014. 
  16. Кројцигер ослободен од чешкиот олимписки комитет“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 22 септември 2014 (посет. 22 септември 2014 г).
  17. "Роман Кројцигер: УЦИ & ВАДА се жалат по ослободувањето на возачот". bbc.co.uk. 23 октомври 2014. конс. 27 октомври 2014. 
  18. UCI and WADA drop biopassport case against Kreuziger“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 5 јуни 2015 (посет. 5 јуни 2015 г).
  19. "‘Game-changing’ Kreuziger joins ORICA-BikeExchange". Orica BikeExchange Cycling Australia. конс. 3 август 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]