Амстел Голд Рејс 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амстел Голд Рејс 2016 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание51. Амстел Голд Рејс
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2016 1.UWT
Датум17 април 2016
Растојание248,7 км
ДржаваNED Холандија
ПоаѓалиштеМастрихт
ОдредиштеБерг ен Терблејт
Екипи25
Возачи на почеток200
Возачи на крај120
Просечна брзина39,473 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникITA Енрико Гаспарото (Ванти-Груп Гобер) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранDEN Михаел Валгрен (Тинкоф) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранITA Сони Колбрели (Бардијани ЦСФ) Wikidata-logo S.svg
◀ 20152017 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Амстел Голд Рејс 2016 — еднодневна класична велосипедска трка, која се одржала на 17 април 2016 година, во областа Лимбург, Холандија. Било 51. издание на трката Амстел Голд Рејс и претставувала единаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Воедно, била прва трка од арденските класици, иако технички не се наоѓа во областа на Ардените.

Трката се одржала на патека од 258 километри, која започнала во градот Мастрихт и завршила во Берг ен Терблејт, во близина на Валкенбург. Клучна тешкотија на трката биле 34. кратки стрмни искачувања. Средишното искачување, Кауберг, било поминато четири пати, последниот пат на само 2 километри пред целта. Фаворити за победа на трката биле трикратниот победник Филип Жилбер, бранителот на титулата Михал Квјатковски, како и Сајмон Геранс и Мајкл Метјус.

Имало бројни напади во првиот дел на трката, но ниедна група немала значајна предност во последниот дел на трката. Тим Веленс (Лото-Судал) имал мала предност на завршното искачување на Кауберг, но бил достигнат пред врвот од голема група предводена од Мичелтон-Скот. Кон врвот на искачувањето, Енрико Гаспарото (Ванти-Груп Гобер), победник во 2012 година, нападнал; му се приклучил возачот на Тинкоф Михаел Валгрен и обајцата стигнале заедно на целта, при што Гаспарото победник спринтајќи за победа. Сони Колбрели (Бардијани-ЦСФ) бил трет во главната група, која завршила четири секунди зад двоецот.

Рута[уреди | уреди извор]

Рута на трката
Кауберг, искачуван четири пати на Амстел Голд Рејс 2016

Рутата била во должина од 258 километри и имала 34 категоризирани искачувања; како и во другите арденски класици (Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж), главна тешкотија биле кратките, но стрмни искачувања.[2] Рутата започнала во Мастрихт и одела на север до предградијата на Гелен до првите три искачувања. Рутата вртела на исток кај Вурендал за четвртото искачување, потоа на запад за првото искачување на Зибергрубе. Тука патеката влегла во Валкенбург на Гел и на првото од четирите искачувања на Кауберг, каде имало низа од три круга, секој пократок од претходниот. Првиот круг ги носел возачите на долга обиколка до Валс. Со ова се поминало првото искачување на Гелхемерберг, како и петнаесет други искачувања. Искачувања по прв пат на Лорберг и Гулпенерберг, како и Зибергрубе и Кауберг по втор пат. Второто искачување на Кауберг дошло на 165. километар и 93 километри до целта.[3][4]

Вториот круг повторно ги носел возачите на југ, низ градот Гулпен. Овој круг во вклучувал искачувањето Бемелерберг по прв пат, Гелхемерберг, Лорберг и Гулпенерберг по втор пат и Кауберг по трет пат. Помеѓу ова искачување на Кауберг и целта имало уште 21 километар, кои биле извозени со мал круг околу Валкенбург. Кругот го вклучувал третото искачување на Зинергрубе, потоа второто искачување на Бемелерберг и на крај четвртото искачување на Кауберг. На врвот на Кауберг имало уште 1,8 километри до целта во Берг ен Терблејт.[3][4]

Кауберг се очекувало да биде одлучувачко искачување на трката. Првите две искачување на него се очекувале да бидат извозени мирно, но завршните две се очекувале да бидат главни места за напад.[2] Самиот Кауберг бил долг 800 метри со просечен наклон од 6,5% и максимален наклон од 12,8%.[3] Дополнителна тешкотија биле честите свртувања и постоечките средства за смирување на сообраќајот, како лежечки полицајци. Cyclingnews.com ја опишал рутата како „технички тешка“ и „плодна почва за падови“, додавајќи дека локалното знаење е вредно.[5]

Категоризирани искачувања на Амстел Голд Рејс 2016[3]
Број Име Раст. од почетокот (km) Должина (m) Просечен наклон (%) Максимален наклон (%)
1 Слингерберг 9,4 900 4,4% 9,5%
2 Адстег 14,1 700 4,3% 7,5%
3 Ланге Рарберг 22,3 1700 3,7% 6,6%
4 Бергсевег 38,0 2700 3,3% 6,8%
5 Зибергрубе (1. пат) 49,7 2100 3,6% 6,0%
6 Кауберг (1. пат) 54,1 800 6,5% 12,8%
7 Гелхемерберг (1. пат) 58,6 1200 4,6% 8,0%
8 Волфсберг 78,1 1200 2,8% 12,0%
9 Лорберг (1. пат) 81,2 1500 5,3% 8,6%
10 Швејбергервег 92,5 2700 4,5% 7,1%
11 Камериг 98,9 4400 4,0% 7,7%
12 Дриланденпунт 109,5 3200 4,4% 9,9%
13 Гемених 114,0 2200 5,0% 8,8%
14 Вејленербос 117,8 2700 3,8% 10,7%
15 Еперхејде 126,5 2100 4,7% 8,0%
16 Гулпенерберг (1. пат) 135,1 600 5,7% 13,9%
17 Плетенберг 141,6 1200 3,7% 8,0%
18 Ејзервег 143,7 2100 4,4% 9,0%
19 Ст. Ремигиустрат: Хулс 148,2 900 7,8% 10,7%
20 Вракелберг 153,5 600 7,2% 11,4%
21 Зибергрубе 161,2 2100 3,6% 6,0%
22 Кауберг (2. пат) 165,5 800 6,5% 12,8%
23 Гелхемерберг (2. пат) 170,2 1200 4,6% 8,0%
24 Бемелерберг (1. пат) 182,9 900 4,5% 7,0%
25 Лорберг (2. пат) 198,2 1500 5,3% 8,6%
26 Гулпенерберг (2. пат) 207,7 600 5,7% 13,9%
27 Крејсберг 216,7 600 8,8% 15,5%
28 Ејзербосвег 218,6 900 9,3% 17,0%
29 Фромберг 222,4 1600 3,6% 8,0%
30 Кетенберг 226,9 1200 5,9% 22%
31 Кауберг (3. пат) 236,9 800 6,5% 12,8%
32 Гелхемерберг (3. пат) 241,5 1200 4,6% 8,0%
33 Бемелерберг (2. пат) 251,0 900 4,5% 7,0%
34 Кауберг (4. пат) 256,2 800 6,5% 12,8%

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Амстел Голд Рејс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[6] На дополнителни седум професионални континентални екипи им биле дадени специјални покани, со што главната група била составена од 25 екипи. Меѓу нив се нашле две белгиски екипи (Топспорт Вландерен-Балоас и Ванти-Груп Гобер), холандска екипа (Ромпот-Оранје Пелотон), две италијански екипи (Нипо-Вини Фантини и Бардијани-ЦСФ), полска екипа (ЦЦЦ-Спранди-Полковице) и француска екипа (Директ Енержи).[7]

Екипи од Светската турнеја UCI[7]

Континентални професионални екипи[7]

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Бранителот на титулата бил Михал Квјатковски, кој ја освоил трката во 2015 година додека возел за екипата Етикс-Квик Степ, но се префрлил во Тим Скај за сезоната 2016. Ја освоил трката кога ги достигнал водечките возачи на рамниот дел пред завршното искачување и претекнувајќи ги на целта. Исто така бил во силна форма, освојувајќи го Е3 Харелбеке, неколку недели претходно.[8] Квјатковски бил сметан дека можел да нападне на завршното искачување и да победи од мал групен спринт.[9]

Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим), напаѓа на Кауберг на Светското друмско првенство во 2012 година

Претходен првак бил Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим), кој ја освоил трката вкупно три пати, победувајќи го и Светското друмско првенство во 2012 година, кое завршило на Кауберг. Ја освоил трката во 2014 година со бегство на искачувањето и со помош на ветрот, останувајќи сам до целта.[5] Жилбер претходно бил вклучен во судир со возач, кога го скршил прстот; ја пропуштил Брабантсе Прејл и не било јасно дали ќе може да извози во најдобра форма.[9]

Орика-ГринЕЏ имал двајца големи фаворити за трката: Мајкл Метјус и Сајмон Геранс. Метјус бил трет во 2015 година, додека Геран завршил трети на три други трки.[2] Биле прогласени за „заеднички предводници“ на нивната екипа, но на Светското друмско првенство во 2015 година спринтале еден против друг, и покрај тоа што биле од иста екипа. Геранс бил во особено добра форма, по неговиот резултат на Трката околу Баскија, додека Метјус ја прогласил Амстел Голд Рејс за една од главните цели на неговата сезона.[9]

Последен возач кој ја освоил трката од долго бегство бил Роман Кројцигер (Тинкоф) во 2013 година, но оттогаш немал добри резултати. Други можни победници биле возачите на Етикс-Квик Степ Жилијан Алафилип и Петр Вакоч, возачот на Мовистар Тим Даниел Морено, возачот на Ванти-Груп Гобер Енрико Гаспарото (победник во 2012 година), возачот на Џајант-Алпецин Зимон Гешке, возачот на Лото-Судал Тони Галопен, возачот на Тим Дименжн Дата Едвалд Боасон Хаген и возачот на Трек-Сегафредо Фабио Фелине.[2][9]

Извештај од трката[уреди | уреди извор]

Во неутралната зона пред официјалниот почеток на трката, Фабио Фелине паднал. Сакал да прилагоди нешто на предниот дел од неговиот велосипед, кога неговото тркало се заглавило и неговиот велосипед нагло застанал. Фелине паднал преку рачките и удрил на земја со неговото лице. Го скршил носот и имал фрактура на неговиот череп. Повредите го исфрлиле од Амстел Голд Рејс и остатокот од арденската недела.[10][11]

Кога започнало тркањето, требало 35 километри за да се создаде бегство. Единаесет возачи се одвоиле во следните 15 километри, градејќи четириминутно водство. Возачи во бегството биле Алекс Хаус (Канондејл), Лорен Дидје (Трек-Сегафредо), Матео Монтагути (Аг2р-Ла Мондијал), Лауренс де Врезе (Астана), Матео Боно (Лампре-Мерида), Кевин Реза (ФДЖ), Лари Ворбас (ИАМ Сајклинг), Фабјен Греје (Директ Енержи), Џакомо Берлато (Нипо-Вини Фантини), Том Девриент (Ванти-Груп Гобер) и Јозеф Черни (ЦЦЦ-Спранди-Полковице). Нивното водство достигнало пет минути на подножјето на првото искачување на Кауберг. Во главната група, Скај, Орика-ГринЕЏ и Аг2р-Ла Мондијал ја воделе потерата и водството се намалило на само три минути кога ја поминале целта по втор пат. Започнало да врне, предизвикувајќи пад за Хоаким Родригез (Катјуша).[12][13]

Со 65 километри до целта, четворица се одвоиле од главната група. Тие биле Тош ван дер Санде (Лото-Судал), Николо Бонифацио (Трек-Сегафредо), Џани Мерсман (Етикс-Квик-Степ) и Бјерн Турау (Ванти-Груп Гоберт). Неуспешно биле следени од Андриј Гривко (Астана); четворицата ја намалиле предноста на бегството на само 90 секунди. На Гулпенерберг, Реза и Дидје отпаднале од бегството, кое имало две минути предност пред главната група. Михаел Албасини (Орика-ГринЕЏ) нападнал во главната група, но бил следен од Тим Скај; Орика-ГринЕЏ потоа ја достигнала групата од четворицата напред пред врвот на Кетенберг. На 25 километри до целта, Филип Жилбер и Едвалд Боасон Хаген отпаднале.[12][13]

На претпоследното искачување на Кауберг, бегството се намалило на пет возачи, кои имале 15 секунди водство. Боб Јунгелс (Етикс-Квик-Степ) и Енрико Баталјин (Лото НЛ-Џамбо) нападнале од главната група, додека Михал Квјатковски бил меѓу возачите кои отпаднале. Орика-ГринЕЏ продолжиле да бидат на чело на главната група со Албасини и Метју Хејман, победникот на Париз-Рубе претходната недела. Бегството било достигнато на 14 километри пред целта.[12] Роман Кројцигер нападнал на 8 километри пред крајот; веднаш имало противнапад од Тим Веленс (Лото-Судал), кој го одминал Кројцигер и заработил 15 секунди водство на почетокот на последното искачување на Кауберг.[14]

Како Албасини го стигнал Веленс на Кауберг, Енрико Гаспарото нападнал. Бил следен од возачот на Тинкоф, Михаел Валгрен на врвот на искачувањето.[13] И покрај краткиот напад од Јеле Ванендерт (Лото Судал), ниеден во главната група не бил спремен да даде напор во стигнувањето на водечкиот двоец.[12] Валгрен извршил долга смена на чело, додека Гаспарото бил зад него. На целта, Гаспарото лесно го претекнал за втора победа на Амстел Голд Рејс. Сони Колбрели (Бардијани-ЦСФ) го освоил спринтот за третото место.[15]

Резултат[уреди | уреди извор]

Резултат (најдобрите 10 возачи)
Место Возач Екипа Време
1  Енрико Гаспарото (ИТА) Ванти-Груп Гобер 6ч 18' 03"
2  Михаел Валгрен (ДАН) Тинкоф + 0"
3  Сони Колбрели (ИТА) Бардијани-ЦСФ + 4"
4  Бријан Кокар (ФРА) Директ Енержи + 4"
5  Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ + 4"
6  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ + 4"
7  Диего Улиси (ИТА) Лампре-Мерида + 4"
8  Џовани Висконти (ИТА) Мовистар Тим + 4"
9  Лоик Влиген (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 4"
10  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 4"
Извор: [16]

По трката[уреди | уреди извор]

Реакции[уреди | уреди извор]

Трката бил прва победа за Гаспарото по неговиот прв триумф на Амстел Голд Рејс во 2012 година.[17] Ја поминал целта покажувајќи кон небото во чест на неговиот поранешен колега Антоан Демоатје, кој загинал во несреќа на Гент-Вевелгем две недели претходно.[12] Сајклинг Викли ја опишал неговата победа како „емотивна“.[15] Гаспарото не бил на погребот на Демоатје бидејќи тренирал на Тенерифе. Бил охрабрен од вдовицата на Демоатје претходниот дел и изјавил дека чувствува „навистина голема одговорност“ и дека не сака да ги изневери своите колеги. Исто така изјавил, како и при победата во 2012 година, возел со запчаникот 39 поголем дел од искачувањето и менувал на 53 само кон врвот, при рамниот дел на целта. Гаспарото заблагодарил за Валгрен, бидејќи влечел силно во последниот километар.[18]

Валгрен, во меѓувреме, изјавил дека второто место бил „голем резултат“ за него. Бидејќи Валгрен бил решен да остане пред групата, Гаспарото можел да биде зад него и да го помине на целта, кога Валгрен се уморил. Сепак, изјавил дека бил среќен со резултатот и дека се надева дека ќе се врати за победа на трката во иднина. Сајклингњус го опишал резултатот како „голем исчекор“ за него.[19] Меѓутоа, Колбрели, изјавил дека има „измешани чувства“ за неговото трето место. Изјавил дека калибарот на возачите зад него покажува дека извозел „одлична трка“, но и дека „чекал предолго“ за да се обиде да го достигне водечкиот двоец.[20]

Квјатковски твитнал по трката дека времето влијаело за неговиот разочарувачки резултат: напишал „се обидов најсилно што можам, но градот со дожд ги смрзна моите раце, стапала, нозе, грб и на крај, моите мисли и амбиции“. Неговиот спортски директор, Курт Асле Арвесен, изјавил дека „немал добри нозе“ и дека двајцата возачи на Скај во групата на крајот на трката – Серхио Енао и Ларс Петер Нордхауг – не можеле да се носат со нападот на Кауберг и не биле доволно силно за тркање со спринтерите на целта.[21]

Поредок во Светската турнеја[уреди | уреди извор]

Немало позначајни промени во Светската турнеја. Бидејќи Гаспарото, Колбрели и Бријан Кокар (Директ Енержи) возеле за професионални континентални екипи, а не за екипи од Светската турнеја, тие не освоиле бодови за Светската турнеја. Второто место на Валгрен му донеле 60 бода; со што се преместил на 25. место во индивидуалниот пласман, но и му помогнал на Тинкоф да го зголеми водството во екипниот поредок. Австралија, исто така, ја задржала предноста од два бода пред Белгија во националниот пласман.[22][23]

Поредок во Светската турнеја на 17 април 2016
Место Возач Екипа Бодови
1  Петер Саган (СВК) Тинкоф 329
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф 280
3  Ричи Порт (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 222
4  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај 204
5  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо 201
6  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 178
7  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек-Сегафредо 166
8  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 162
9  Арно Демар (ФРА) ФДЖ 137
10  Ијан Станард (ВБР) Тим Скај 120
Извор: [23]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вин, Најџел. "Календар за 2016 на Светската турнеја UCI". Cycling Weekly. конс. 18 декември 2015. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Amstel Gold Race 2016 preview“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 12 април 2016 (посет. 14 април 2016 г). (на (англиски))
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 De Amstel Gold Race: draaien, keren, 34 hellingen en 4.000 hoogtemeters“, „Het Nieuwsblad“, 14 април 2016 (посет. 14 април 2016 г). (на nl)
  4. 4,0 4,1 "Wedstrijdroute" [Race route]. amstel.nl. Amstel Brewery. конс. 14 април 2016. 
  5. 5,0 5,1 Amstel Gold Race Preview: A chance for the climbers to shine“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 14 април 2016 (посет. 14 април 2016 г).
  6. "UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127" (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  7. 7,0 7,1 7,2 "Amstel Gold Race (start list)". ProCyclingStats. конс. 14 април 2016. 
  8. 10 riders to watch at the Amstel Gold Race“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 14 април 2016 (посет. 14 април 2016 г). (на (англиски))
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Preview: What you should know before watching the 2016 Amstel Gold Race“, „CyclingTips“, 15 април 2016 (посет. 14 април 2016 г).
  10. Horrific moment cyclist breaks nose falling over handlebars at Amstel Gold Race“, „The Telegraph“, 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  11. Felline flips over bars in Amstel neutral start“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 април 2016 (посет. 19 април 2016 г). (на (англиски))
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Gasparotto takes surprise win in Amstel Gold Race“, „CyclingTips“, 18 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  13. 13,0 13,1 13,2 Gasparotto wins Amstel Gold Race in two-up sprint“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  14. Gasparotto nabs second career Amstel Gold Race title“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г). (на (англиски))
  15. 15,0 15,1 Enrico Gasparotto wins the 2016 Amstel Gold Race“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г). (на (англиски))
  16. "Amstel Gold Race (result)". ProCyclingStats. 17 април 2016. 
  17. "Enrico Gasparotto dedicates Amstel Gold win to Antoine Demoitié". theguardian.com. 17 април 2016. конс. 19 април 2016. 
  18. Gasparotto wins Amstel Gold Race with Demoitié in mind“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  19. Valgren makes big step up in Amstel Gold Race“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  20. Colbrelli undecided if third at Amstel Gold Race means glass is half-full or half-empty“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 17 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  21. Kwiatkowski flops after hard Team Sky graft at Amstel Gold Race“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  22. Sagan continues reign atop WorldTour standings“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 април 2016 (посет. 19 април 2016 г).
  23. 23,0 23,1 "UCI WorldTour Ranking - 2016". uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 17 април 2016. Архивирано од изворникот на 19 април 2016. конс. 19 април 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]