Метју Хејман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Метју Хејман
Хејман на Тур де л’Еурометропол 2014
Лични податоци
Цело имеМетју Хејман
ПрекарМет
Мети
Роден20 април 1978 (1978-04-20) (41 г.)
Кампердаун, Нов Јужен Велс, Австралија Австралија
Висина1,90 м
Маса78 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМичелтон-Скот
ДисциплинаДрумски велосипедист
УлогаСпортски директор
Возач (порано)
Вид на возачСпецијалист за класици
Професионални клубови
2000–2009
2010–2013
2014–2018
Рабобанк
Тим Скај
Орика-ГринЕЏ
Менаџер на клубови
2019–Мичелтон-Скот
Значајни победи
Етапни трки
Вуелта а Мајорка (2001)
Трка околу Саксонија (2005)

Еднодневни трки и класици

Париз-Рубе (2016)
Париз-Бурж (2011)

Метју Хејман (англиски: Mathew Hayman; р. 20 април 1978) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2000 и 2019 година. Во текот на кариерата, Хејман бил искусен и почитуван помошник, бидејќи вообичано ја имал улогата да поддржува некого во рамки на екипата. Хејман бил исто така специјалист за калдрмисаните класици и го освоил Париз-Рубе во 2016 година. По неговото пензионирање од трките по Тур Даун Андер 2019,[1] Хејман останал со екипата Мичелтон-Скот како повремен спортски директор за „специјални проекти“.[2][3]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Хејман е роден во западниот дел на Сиднеј, но семејството живееле близу Гулбурн во сојузната држава Нов Јужен Велс, кога се заинтересирал за велосипедизам, главно поради неговиот постар брат.[4] Започнал со трки во Канбера и следејќи го неговиот брат, се преселил во Европа за да продолжи со можната велосипедска кариера во 1997 година. Се тркал како аматер со екипата под 23 години на Рабобанк во Холандија.[5] Во 2006 година се оженил со Ким Ширли, австралиска велосипедистка. Двојката добила син во 2011 година и близнаци во 2017 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Хејман станал професионалец во 2000 година со Рабобанк, по три години возејќи како аматер во Европа. Ја завршил својата прва Париз-Рубе истата година. Останал со Рабобанк десет години, постигнувајќи бројни добри резултати. Сепак при едно интервју одбил да коментира за неговото време во Рабобанк и Герт Лејндерс.[6] Возел за Австралија на Игрите на Комонвелтот 2006 во Мелбурн како помошник во корист на Алан Дејвис, но на крајот Хејман го освоил златниот медал на друмската трка.

На крајот на 2009 година, Хејман го напуштил Рабобанк и се приклучил на новата професионална екипа, тогаш позната како Тим Скај. Хејман го напуштил Тим Скај на крајот на сезоната 2013,[7] и му се приклучил на Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014.[8]

На 10 април 2016 година ја освоил Париз-Рубе, осма професионална победа во неговата кариера. Бил дел од бегството на 16 возачи кои се одвоиле од главната група на почетокот на трката, на кои подоцна им се приклучила група, која се создала откако главната група се распаднала по пад на 115. километар од целта. Во завршните километри, Хејман успеал да ја намали разликата со возачите напред напаѓајќи од водечката група и во завршниот спринт на велодромот во Рубе, ги поразил Том Бонен, Ијан Станард, Сеп Ванмарке и Едвалд Боасон Хаген. Неговата прва реакција била неверување: „Не можам да поверувам [...] Ова е моја омилена трка, трка за која сонувам секоја година. Оваа година не се ни осмелив да сонувам“.[9]

На 18 септември 2018 година, Хејман објавил дека планира да се повлече по Тур Даун Андер 2019.[1][10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1996
2. Silver medal blank.svg Светско јуниорско хронометарско првенство
2. Национално јуниорско хронометарско првенство
1999
2. Краен пласман Трка Олимпија
1. Етапа 3b (ТТТ)
3. Омлоп дер Кемпен
2000
5. Краен пласман Шпаркасен Џиро Бохум
6. Краен пласман Гулденспорентведагсе
2001
1. Трофео Манакор-Кан Пикафорт
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Челинџ Мајорка
1. Етапа 2
1. Спринтерски пласман
6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
7. Милано-Торино
2002
6. Хенк Вос Меморијал
9. Краен пласман Стер Електротур
10. Краен пласман Сиркут Франко Белж
2003
10. Гент-Вевелгем
2004
4. Тур де Рејке
10. Краен пласман Трка околу Саксонија
10. Шал Селс-Мерксем
2005
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Саксонија
8. Краен пласман Три дена Де Пане
8. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
8. Дварс дор Вландерен
10. Трофео Калвија
2006
1. Gold medal blank.svg Друмска трка Комонвелтски игри
2. Норд Недерланд Тур
3. Краен пласман Одсет
2007
4. Дварс дор Вландерен
5. Тур де Рејке
7. Профронде ван Фрисланд
9. Краен пласман Трка околу Катар
2008
10. Ронде ван хет Груне Харт
2009
4. Гент-Вевелгем
7. Трофео Инка
8. Дварс дор Вландерен
8. Меморијал Рик ван Стенберген
10. Тур де Рејке
2010
5. Дварс дор Вландерен
2011
1. Париз-Бурж
3. Омлоп хет Ниувсблад
4. Дварс дор Вландерен
6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
10. Париз-Рубе
2012
8. Париз-Рубе
2013
3. Дварс дор Вландерен
2016
1. Париз-Рубе

Распоред на резултатите на големи трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големи трки
Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 91 136 СО 105
Jersey yellow.svg Тур СО 135 151 108
Jersey red.svg Вуелта 137 СО 130

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Милано-Сан Ремо 155 122 86 93 129 СО СО 62 137
Трка околу Фландрија 70 82 47 90 68 60 13 21 79 СО 51 39 91 83
Париз-Рубе 65 49 СО 26 78 23 113 21 24 10 8 52 51 76 1 11 22
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 141
Џиро ди Ломбардија не настапил во кариерата

СО = се откажал; — не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hayman to retire after Tour Down Under in January“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 септември 2018 (посет. 3 јануари 2019 г).
  2. Mitchelton-Scott confirm Sport Director team for 2019“, „Мичелтон-Скот“, GreenEDGE Cycling, 21 декември 2018 (посет. 20 јануари2019 г).
  3. Hayman to remain at Mitchelton-Scott post road racing career“, „Мичелтон-Скот“, GreenEDGE Cycling, 21 декември 2018 (посет. 20 јануари 2019 г).
  4. Мекдоналс, Синди. "The long road: Mathew Hayman, 39, cyclist". The Saturday Paper. Schwartz Media. конс. 18 мај 2018. 
  5. "Mathew Hayman: The Aussie Hardman". Peloton Magazine. Move Press. конс. 18 мај 2018. 
  6. ((http://www.cyclingnews.com/news/hayman-refuses-to-discuss-geert-leinders/))
  7. Скај Просајклинг (SKY) – ВБР“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (посет. 14 јануари 2013 г).
  8. Хејман се префрла во Орика за 2014–15; Плаза и Ластрас продолжија со Мувистар“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 21 август 2013 (посет. 21 август 2013 г).
  9. Hayman wins Paris-Roubaix“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 10 април 2016 (посет. 10 април 2016 г).
  10. Hayman, Mathew. "Mathew Hayman: The time has come...". GreenEDGE Cycling. конс. 18 септември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]