Сеп Ванмарке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сеп Ванмарке
Ванмарке на Трката околу Келн 2016
Лични податоци
Цело имеСеп Ванмарке
Роден28 јули 1988(1988-07-28)(35 г.)
Кортрејк,  Белгија
Висина1,90 м
Маса77 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИзраел-Премиер Тек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2010

2011–2012
2013–2016
2017-2020
2021-
Топспорт Вландерен-Меркатор
Гармин-Сервело
Бланко Про Сајклинг
Канондејл-Драпак
Израел старт-ап нејшн
Значајни победи
Етапни трки
Стер ЗЛМ Тур (2016)

Еднодневни трки и класици

Омлоп Хет Ниусблад (2012)
Класик Бретања (2019)
Велосипедски класик Мериленд (2022)
Последна промена
17 ноември 2022

Сеп Ванмарке (холандски: Sep Vanmarcke; р. 27 јули 1988 во Кортрејк) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[1] Во август 2021 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања, негова седма голема трка.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ванмарке е роден во Кортрејк.[2]

Гармин-Сервело (2011–2012)[уреди | уреди извор]

Ванмарк ја освоил најголемата победа во неговата кариера на Омлоп Хет Ниувсблад 2012, напаѓајќи силно на двапати. Првиот напад го извел на искачувањето Моленберг, ја поделил групата и повторно на делот со калдрма со цел да ја намали водечката група на само два учесника, Хуан Антонио Флеча (Тим Скај) и Том Бонен (Омега Парма-Квик Степ). Ги отспринтал обајцата и победил на трката.[3]

Бланко Про Сајклинг (2013–2016)[уреди | уреди извор]

2013[уреди | уреди извор]

Ванмарке и Фабијан Канчелара на крајот на Париз-Рубе 2013. Канчелара го претекнал Ванмарке за победа на велодромот во Рубе.

Во 2013 година, Ванмарке бил насочен на класиците, но го повредил неговото колено при пад на Тирено-Адријатико, што ја забавило неговата форма за првите важни еднодневни трки во сезоната. Сепак, учествувал на Трката околу Фландрија, завршувајќи 3 минути зад Фабијан Канчелара.[4] Една недела подоцна, завршил втор на Париз-Рубе зад истиот човек. Избегал со Стејн Ванденберг по делницата со калдрма 6, но подоцна им се приклучиле на Канчелара и Здењек Штибар. На делницата со калдрма Карфур де л’Арбр, Штибар и Ванденберг паднале откако се судриле со гледачите.[5] Ванмарке изгубил во спринтот со Канчелара одржан на велодромот, што му паднало емотивно многу тешко, бидејќи бил многу близу за победа.[6]

2014[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, Ванмарке покажал одлична форма на класиците, со четвртото место на Омлоп Хет Ниувсблад и третото место на Курне-Брисел-Курне следниот ден. Исто така забележал пласмани во првите пет на Е3 Харелбеке (петти) и Гент-Вевелгем (четврти). На Трката околу Фландрија, Ванмарке бил единствениот возач кој можел да го следи нападот на Канчелара на последното искачување на Патерберг. Двоецот ги фатил претходните бегалци, Ванденберг и Грег ван Авермат. Трката завршила со спринт на четворица, каде Канчелара извојувал победа пред Ван Авермат и Ванмарке.

2015–2016[уреди | уреди извор]

Ванмарке не успеал да забележи пласман меѓу најдобрите десет на монументите во сезоната 2015, но завршил петти на Омлоп Хет Ниусблад, четврти на Страде Бјанке, петти на Е3 Харелбеке и шести на Гент-Вевелгем.

Во последната сезона со Лото НЛ-Џамбо во 2016 година, Ванмарке завршил на подиум на Трката околу Фландрија и четврти на Париз-Рубе. Исто така, бил осми на Е3 Харелбеке и завршил втор на Гент-Вевелгем. Негов најдобар резултат во сезоната била победата на четвртата етапа и целата трка Стер ЗЛМ Тур.

Канондејл-Драпак (2017–2020)[уреди | уреди извор]

За сезоната 2017, Ванмарке се вратил во неговата поранешна екипа, за која возел во 2011-2012. Завршил трет на Омлоп Хет Ниусблад, но паднал на Трката околу Фландрија, што го спречило од настап на Париз-Рубе. Меѓутоа, се вратил на трките и го освоил националното друмско првенство.

Првиот подиум на Ванмарке во сезоната 2018 бил на Омлоп Хет Ниусблад, каде завршил трет. Потоа завршил седми на Е3 Харелбеке пред да заврши трет на Дварс дор Вландерен. На Трката околу Фландрија, Ванмарке уште еднаш имал лоша среќа со неколку дупнати гуми на почетокот на трката. Сепак, завршил на 13. место, а една недела подоцна на Париз-Рубе завршил шести. Завршил на петтото место на националното друмско првенство пред да го својот петти настап на Тур де Франс во јули.

Израел Старт-ап Нејшн[уреди | уреди извор]

Во октомври 2020 година, Ванмарке потпишал тригодишен договор со екипата Израел старт-ап нејшн.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
4. Национално јуниорско друмско првенство
2007
3. Трка околу Фландрија за млади
6. Сиркуит де Валони
2008
2. Катекурс
6. Ла Кот Пикар
8. Трка околу Фландрија за млади
2009
3. Катекурс
3. Ла Кот Пикар
4. Краен пласман Тур ди О Анжу
1. Етапа 1
5. Трка околу Фландрија за млади
6. Фландриско првенство
8. Шпаркасен Џиро
2010
1. Планински пласман Четири дена Динкерк
2. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2. Гент-Вевелгем
3. Ронде ван хет Груне Харт
8. ГП де Валони
9. Париз-Камемберт
2011
4. Е3 Харелбеке
2012
1. Омлоп Хет Ниусблад
3. Рогаланд ГП
5. Е3 Харелбеке
7. Дварс дор Вландерен
2013
1. ГП Импанис-Ван Петегем
1. ГП Васе Полдерс
2. Париз-Рубе
2. ГП Џеф Шеренс
5. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур де Фјорд
5. Трка околу Келн
2014
1. Етапа 3 Трка околу Норвешка
3. Курне-Брисел-Курне
3. Трка околу Фландрија
4. Омлоп Хет Ниусблад
4. Гент-Вевелгем
4. Париз-Рубе
5. Е3 Харелбеке
5. Бинше-Шиме-Бинше
7. Гран при Квебек
9. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 3
2015
4. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
4. Страде Бјанке
4. Класик РајдЛондон-Сари
5. Омлоп Хет Ниувсблад
5. Е3 Харелбеке
6. Гент-Вевелгем
7. Минстерланд Џиро
2016
1. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 4
2. Гент-Вевелгем
3. Трка околу Фландрија
4. Париз-Рубе
5. Национално хронометарско првенство
8. Е3 Харелбеке
9. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
2017
1. Бодовен пласман Трка околу Австрија
2. Национално друмско првенство
3. Омлоп Хет Ниусблад
4. Класик Бретања
4. Класик Лондон-Сари
8. ГП Квебек
10. ГП Монтреал
2018
3. Омлоп Хет Ниусблад
3. Дварс дор Вландерен
5. Национално друмско првенство
6. Париз-Рубе
7. Е3 Харелбеке
7. Париз-Тур
2019
1. Класик Бретања
1. Етапа 1 Тур ди О Вар
4. Париз-Рубе
5. Краен пласман Етоал де Бесеж
6. Трофео Матеоти
9. Гран Премио Бруно Бегели
2021
2. Краен пласман Сетимана Чиклистика Италијана
3. Омлоп Хет Ниусблад
4. Ле Самин
5. Трка околу Фландрија
2022
1. Велосипедски класик Мериленд
8. ГП Марсел Кинт

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро не настапил во текот на својата кариера
Тур 131 106 104 104 115
Вуелта 139 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 24
Трка околу Фландрија 62 СО 48 29 3 53 3 СО 13 25 17 5
Париз-Рубе 20 84 2 4 11 4 6 4 НСО 23
Лиеж-Бастоњ-Лиеж не настапил во текот на кариерата
Џиро ди Ломбардија СО 61 108
Класик 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 34 1 74 4 5 3 3 92 23 3
Курне-Брисел-Курне 3 81 61 59 СО
Страде Бјанке СО 4 СО 41
Е3 Саксо Банк Класик 4 5 51 5 5 8 23 7 СО НСО 30 СО
Гент-Вевелгем 2 142 СО 4 6 2 21 17 СО 77
Дварс дор Вландерен 18 39 7 28 3 НСО 101
Класик Бретања 41 СО 40 97 4 39 1 28
Гран при Квебек 7 29 8 13 40 НСО
Гран при Монтреал 16 СО 10 СО 61
Париз-Тур 15 28 76 40 СО 105 7 77

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Israel Start-Up Nation“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  2. „Sep Vanmarke“. Посетено на 2 September 2019.
  3. Џејмс Старт (25 февруари 2012). „Сеп Ванмарк ја освоил најголемата победа за него на Омлоп Хет Ниувсблад“. Bicycling.com. Bicycling. Посетено на 29 септември 2012.
  4. Метју Бодин (3 април 2013). „Ванмарке се насочува на Париз-Рубе за подобра пролетна сезона“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-05-09. Посетено на 8 април 2013.
  5. „Канчелара го освои својот трет Париз-Рубе“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. 7 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-10. Посетено на 8 април 2013.
  6. Брехт Декалуве (7 април 2013). „Vanmarcke expects to lose sleep over Paris-Roubaix final sprint“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. Посетено на 8 април 2013.
  7. Ballinger, Alex (22 October 2020). „Classics specialist Sep Vanmarcke leaves EF Pro Cycling for Israel Start-Up Nation“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 25 October 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]