Омлоп Хет Ниусблад

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Омлоп Хет Ниувсблад)
Омлоп Хет Ниусблад
Том Бонен на почетокот на трката во 2009 година
За трката
Датумкрај на февруари
РегионФландрија, Белгија
Месно имеOmloop Het Nieuwsblad (холандски)
ПрекарОмлоп
Воведен класик
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI (2017-)
Видеднодневна трка
Директор на тркатаВим Ван Херевеге
Историја
Прво одржување1945 (1945)
Одржувања77 (до 2022)
Прв победник Жан Богертс (БЕЛ)
Најмногу победи Јозеф Бријер (БЕЛ)
 Ернест Стеркс (БЕЛ)
 Петер ван Петегем (БЕЛ)
(3 победи)
Неодамнешен победник Ваут ван Ерт (БЕЛ)

Омлоп Хет Ниусблад (холандски: Omloop Het Nieuwsblad; претходно позната како Омлоп Хет Волк) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гент, Фландрија, Белгија. Вообичаено се одржува кон крајот на февруари. Претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона како прва трка во годината во северозападна Европа и поради тоа има значаен престиж.[1] Во 2017 година, трката била вклучена по првпат во Светската турнеја.[2][3] До 2016 година била 1. HC трка во Европската турнеја.

Трката започнува и завршува во Гент, Фландрија, поминувајќи низ ридовите во областа Фламански Ардени, означувајќи го почетокот на сезоната на калдрмисаните класици во Европа. Поради својот ран датум во календарот, често се соочува со ладно време, што е целосна спротивност на раните етапни трки на Средниот Исток и во Јужна Европа.[4] Следниот ден се одржува Курне-Брисел-Курне со што се заокружува воведниот викенд.

Од 2006 година истиот ден се одржува и женско издание, започнувајќи и завршувајќи на истото место во должина од околу 130 километри. Обата настани се организирани од Фландриски класици.

Историја[уреди | уреди извор]

Омлоп Хет Волк[уреди | уреди извор]

Првпат одржана во 1945 година, трката била наречена „Омлоп ван Вландерен“ (Omloop van Vlaanderen), што означува Круг околу Фландрија. Трката била започната од фламанскиот весник Хет Волк, како одговор на класикот Трка околу Фландрија на соперничкиот весник Хет Ниусблад. Хет Волк, левичарски весник, сакал да започне нова велосипедска трка во Фландрија како соперничка трка на наводната блискост на Трката околу Фландрија со нацистите во текот на Втората светска војна.[заб. 1][8] Организаторите на трката протестирале дека името било преслично на нивното — постои мала семантичка разлика помеѓу „Ронде“ и „Омлоп“. Белгиската велосипедска федерација побарала Хет Волк да го промени името на настанот.[9][10] Во 2009 година, поранешните сопернички весници „Хет Волк“ и „Хет Ниусблад“ се споиле, со што трката била преименувана во „Омлоп Хет Ниусблад“ од 64. издание.[заб. 2][11]

Зимска трка[уреди | уреди извор]

Поради датумот рано во сезоната, трката понекогаш имала студени и зимски услови.[4] Три изданија на трката биле откажани. Трката во 1971 година била одложена поради снег и била одржана три недели подоцна. ВО 1986 и во 2004 година, организаторите биле принудени да ја откажат трката, бидејќи снегот и ниските температури ја направиле патеката преопасна и не можела да биде гарантирана безбедноста на возачите.[12][13][14] Во поново време, организаторите се водат според временската прогноза и ја приладуваат патеката, ако некои делови се сметаат за несигурни. Без поврзаност со времето, трката во 1960 година била откажана поради недоразбирање помеѓу организаторите и регулаторното тело UCI.[заб. 3]

Белгиска воведна трка[уреди | уреди извор]

Традиционално претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона, трката има особено значење за белгиските велосипедисти. Низ историјата, белгиските возачи, навикнати на ладното време и водени од големите групи на поддржувачи, владееле со трката. Белгијците освоиле 56 од 72 изданија, но поради растечкото светско внимание на трката, тие освоиле само четири во последните десет изданија. Во 1948 година, италијанскиот возач Фаусто Копи ја освоил трката, но бил дисквалификуван за нелегална промена на тркалото.[заб. 4]

Рекордот за број на победи е три, кој го држат Јозеф Бријер, Ернест Стеркс и Петер ван Петегем. Бријер го има најбрзиот просек (43,35 км/ч) за својата победа во 1975 година. Други познати победници се Еди Меркс, Роже де Влеминк, Фреди Мертенс, Јохан Мизеув, Филип Жилбер и Тор Хушовд.

Рута[уреди | уреди извор]

Рута на изданието во 2015 година

Омлоп Хет Ниусблад започнува во Гент и се движи низ областа Фламански Ардени на југот од Белгија, вклучувајќи бројни кратки искачувања, пред да се врати во Гент.[15] Од 1996 до 2007 година, завршницата била во Локерен, 20 километри источно од Гент.

Со 200 километри и со 13 искачувања во ридската зона, патеката е предизвикувачка и напорна. Дополнително, има неколку рамни делови на калдрма.[4] И покрај годишните промени, некои од редовните искачувања се: Леберг, Берендрис, Тајенберг, Мур ван Герардсберген, Ејкенберг и Моленберг. Поради ридскиот предел во Фламанските Ардени, трката е слична со онаа на Трката околу Фландрија и често се смета за подготовка за поголемата трка пет недели подоцна. Трката во 2016 година вклучила едно ново искачување, како замена за Моленберг, на кој се изведувале градежни зафати.[15]

Официјалниот почеток и крај традиционално се одржуваат на најголемиот плоштад во Гент, Синт Питерсплејн. Меѓутоа, на секои седум години, Велигден се погодува порано во годината, поради што на плоштадот се одржува панаѓур и организаторите бараат други места. Во 2016 година го одбрале градскиот парк.[16]

Машки победници[уреди | уреди извор]

Следниве возачи ја освоиле трката:[17]

Подиум во 2008 година: Ник Нујенс, Филип Жилбер и Тор Хушовд.
Подиум во 2015 година: Ники Терпстра, победникот Ијан Станард и Том Бонен.
Подиумот во 2016 година: Петер Саган, Грег ван Авермат и Тиш Бенот.
Година Земја Возач Екипа
1945  Белгија Богертс, ЖанЖан Богертс Алсион-Данлоп
1946  Белгија Питерс, АндреАндре Питерс Алсион-Данлоп
1947  Белгија Серси, АлберАлбер Серси Бертен-Волбер
1948  Белгија Гризол, СилвенСилвен Гризол Циркон
1949  Белгија Деклерк, АндреАндре Деклерк Бертен-Волбер
1950  Белгија Деклерк, АндреАндре Деклерк Бертен-Волбер
1951  Белгија Богертс, ЖанЖан Богертс Старнорд-Волбер
1952  Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс Л’Авенир
1953  Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс Л’Авенир
1954  Белгија де Бере, КарелКарел де Бере Мерсие-БП-Хатчинсон
1955  Белгија Антонис, ЛодеЛоде Антонис Л’Авенир
1956  Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс Л’Авенир
1957  Белгија Керкхове, НорбертНорберт Керкхове Фаема-Гера
1958  Белгија Планкерт, ЈозефЈозеф Планкерт Карпано
1959  Ирска Елиот, СимусСимус Елиот Хелиет-Финсек
1960 Немало трка поради протест
1961  Белгија де Кабутер, АртурАртур де Кабутер Груне Лев-Синалко-САС
1962  Белгија де Миделејр, РобертРоберт де Миделејр Вилс-Груне Лев
1963  Белгија ван Менен, РенеРене ван Менен Вилс-Груне Лев
1964  Белгија Мелкенбек, ФрансФранс Мелкенбек Мерсие-БП-Хатчинсон
1965  Белгија де Пов, НоелНоел де Пов Соло-Суперија
1966  Холандија Ро, Јо деЈо де Ро Телевизје-Батавус
1967  Белгија Векеманс, ВилиВили Векеманс Голдор-Герка
1968  Белгија Ванспрингел, ХерманХерман Ванспрингел Ман-Грундиг
1969  Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Фландрија-Де Клерк-Кригер
1970  Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек Генс-Вотни
1971  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972  Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек Вотни-Авија
1973  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1974  Белгија Бријер, ЈозефЈозеф Бријер Молтени
1975  Белгија Бријер, ЈозефЈозеф Бријер Молтени-РИК
1976  Белгија Петерс, ВилемВилем Петерс Ејсбурке-Колнаго
1977  Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда
1978  Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда-Лано
1979  Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Гис Гелати
1980  Белгија Бријер, ЈозефЈозеф Бријер Марк-Карлос-В.Р.Д.
1981  Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рали
1982  Белгија де Волф, АлфонсАлфонс де Волф Вермер Тејс
1983  Белгија де Волф, АлфонсАлфонс де Волф Бјанки-Пјаџо
1984  Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт Панасоник
1985  Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт Панасоник
1986 Немало трка поради снег
1987  Холандија Влит, Тен ванТен ван Влит Панасоник
1988  Белгија ван Холен, РониРони ван Холен Ролан
1989  Белгија де Вилде, ЕтјенЕтјен де Вилде Хистор-Сигма
1990  Белгија Капјо, ЖоанЖоан Капјо ТВМ
1991  Германија Капес, АндреасАндреас Капес Тошиба-Лук
1992  Белгија Капјо, ЖоанЖоан Капјо ТВМ-Сањо
1993  Белгија Нелисен, ВилфридВилфрид Нелисен Новемејл-Хистор
1994  Белгија Нелисен, ВилфридВилфрид Нелисен Новемејл-Хистор
1995  Италија Балерини, ФранкоФранко Балерини Мапеи-ГБ-Латексо
1996  Белгија Стелс, ТомТом Стелс Мапеи-ГБ
1997  Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
1998  Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
1999  Белгија Ванденбрук, ФранкФранк Ванденбрук Кофидис
2000  Белгија Мизеув, ЈоханЈохан Мизеув Мапеи-Квик Степ
2001  Италија Бартоли, МикелеМикеле Бартоли Мапеи-Квик Степ
2002  Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем Лото-Адеко
2003  Белгија Мизеув, ЈоханЈохан Мизеув Квик Степ-Давитамон
2004 Немало трка поради снег
2005  Белгија Нујенс, НикНик Нујенс Квик Степ-Инерџетик
2006  Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Франсес де же
2007  Италија Поцато, ФилипоФилипо Поцато Ликвигас
2008  Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Франсес де же
2009  Норвешка Хушовд, ТорТор Хушовд Сервело ТестТим
2010  Шпанија Флеча, Хуан АнтониоХуан Антонио Флеча Тим Скај
2011  Холандија Лангевелд, СебастијанСебастијан Лангевелд Рабобанк
2012  Белгија Ванмарке, СепСеп Ванмарке Гармин-Баракуда
2013  Италија Паолини, ЛукаЛука Паолини Катјуша
2014  Обединето Кралство Станард, ИјанИјан Станард Тим Скај
2015  Обединето Кралство Станард, ИјанИјан Станард Тим Скај
2016  Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2017  Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2018  Данска Валгрен, МихаелМихаел Валгрен Астана
2019  Чешка Штибар, ЗдењекЗдењек Штибар Декојнинк-Квик Степ
2020  Белгија Стејвен, ЈасперЈаспер Стејвен Трек-Сегафредо
2021  Италија Балерини, ДавидеДавиде Балерини Декојнинк-Квик Степ
2022  Белгија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

Победи Возач Изданија
3  Ернест Стеркс (БЕЛ) 1952, 1953, 1956
 Јозеф Бријер (БЕЛ) 1974, 1975, 1980
 Петер ван Петегем (БЕЛ) 1997, 1998, 2002
2  Жан Богертс (БЕЛ) 1945, 1951
 Андре Деклерк (БЕЛ) 1949, 1950
 Франс Вербек (БЕЛ) 1970, 1972
 Еди Меркс (БЕЛ) 1971, 1973
 Фреди Мертенс (БЕЛ) 1977, 1978
 Роже де Влеминк (БЕЛ) 1969, 1979
 Фонс де Волф (БЕЛ) 1982, 1983
 Еди Меркс (БЕЛ) 1984, 1985
 Жан Капјо (БЕЛ) 1990, 1992
 Вилфрид Нелисен (БЕЛ) 1993, 1994
 Јохан Мусеув (БЕЛ) 2000, 2003
 Филип Жилбер (БЕЛ) 2006, 2008
 Ијан Станард (ВБР) 2014, 2015
 Грег ван Авермат (БЕЛ) 2016, 2017
  • Возачите со закосени букви се сè уште активни

Победи по држава[уреди | уреди извор]

Победи Држава
58  Белгија
5  Италија
4  Холандија
2  Обединето Кралство
1  Германија,  Данска ,  Ирска,  Норвешка,  Чешка,  Шпанија

Омлоп Хет Ниусблад за жени[уреди | уреди извор]

Од 2006 година постои женско издание на Омлоп Хет Ниусблад. Се одржува истиот ден како машката трка, ги користи истите патишта и подеднакво ја отвора женската сезона во Северна Европа. Во поновите изданија, рутата била 122 километри со осум искачувања и шест делови на калдрма.[18] Холанѓанката Сузане де Гуде и Швеѓанката Ема Јохансон двапати ја освоиле трката.

Издание Победник Второпласирана Третопласирана
2006 Холандија Сузане де Гуде Холандија Мирјан Мелхерс Германија Тања Хенес
2007 Данска Мие Бекер Лакота Шведска Моника Холер Холандија Јаколин Валард
2008 Холандија Кирстен Вилд Германија Ангела Бротка Шведска Ема Јохансон
2009 Холандија Сузане де Гуде Италија Ноеми Кантеле Белгија Кели Дрејтс
2010 Шведска Ема Јохансон Белгија Лизбет де Вохт Белгија Грејс Вербеке
2011 Шведска Ема Јохансон Холандија Андреа Босман Холандија Шантал Блак
2012  ХОЛ ([[|]]) Лус Гуневејк Холандија Елен ван Дејк Германија Трикси Ворак
2013 Австралија Тифани Кромвел САД Меган Гварни Шведска Ема Јохансон
2014 Холандија Ејми Питерс Шведска Ема Јохансон Обединето Кралство Лизи Армитстид
2015 Холандија Ана ван дер Бреген Холандија Елен ван Дејк Обединето Кралство Лизи Армитстид
2016 Обединето Кралство Лизи Армитстид Холандија Шантал Блак Австралија Тифани Кромвел
2017 Холандија Лусинда Бранд Холандија Шантал Блак Холандија Анемик ван Влетен
2018 Данска Кристина Сигард САД Алексис Рајан Италија Марија Џулија Конфалониери
2019 Холандија Шантал Блак Италија Марта Бастијанели Холандија Јип ван ден Бос
2020 Холандија Анемик ван Влетен Италија Марта Бастијанели Холандија Флортје Макај
2021 Холандија Ана ван дер Бреген Данска Ема Норсгард Јергенсен Холандија Ами Питерс
2022 Холандија Анемик ван Влетен Холандија Деми Волеринг Холандија Лорена Вибес

Омлоп Хет Ниусблад под 23 години[уреди | уреди извор]

Од 1950 година се одржува и посебно издание за возачите под 23 години.

Литература[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Трката околу Фландрија е единствената класична трка во Европа која била организирана на германска окупирана територија во текот на Втората светска војна и во целосен договор со германската команда.[5] Германците не само што ја дозволиле и уживале во трката, туку и ја помагале трката со полиција.[6] Ова довело до обвинувања за соработка со Нацистичка Германија.[7]
  2. Хет Ниусблад, како поголем весник, станал носител на спојувањето.
  3. UCI им дал подобри датуми во календарот на другите белгиски трки, со што Хет Волк се одлучил да ја откаже трката во знак на протест.
  4. Белгиецот Валшот му го дал своето тркало на Копи, иако правилата дозволувале помош само од своите колеги.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бери, Рајан. „Omloop Het Nieuwsblad marks coming of Belgian spring. Boonen, Wiggins and Cavendish on show at opening weekend“. Cyclingnews. Посетено на 12 декември 2015.
  2. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Omloop Het Nieuwsblad Elite 2016“. Cycling News. Immediate Media Company. Посетено на 23 февруари 2016.
  5. Bicycling, USA, undated cutting
  6. Konrad, Gabe and Melanie (200), Bikelore, On The Wheel Publications (USA), ISBN 1-892495-32-5, p101
  7. „SBR, Stay the Course, Tour de Flanders, April 7th, 2007 by Christophe Vandaele“. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2017-02-25.
  8. „Daily Peloton“. dailypeloton.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2017-02-25.
  9. Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p69
  10. Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p72
  11. Хаке, Бјорн. „64th Omloop Het Nieuwsblad - 1.HC: New name, similar route for Classic opener“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  12. Џонс, Џеф. „59th Omloop Het Volk“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  13. Џонс, Џеф. „Het Volk cancelled“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  14. Џонс, Џеф. „An icy start in Belgium“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  15. 15,0 15,1 „Roadmap“ (PDF). omloophetnieuwsblad.be. Фландриски класици. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 22 февруари 2016.
  16. „Bekijk hier het gewijzigde parcours van de Omloop Het Nieuwsblad“. Het Nieuwsblad. Mediahuis. Посетено на 23 февруари 2016.
  17. „Omloop Het Nieuwsblad“. Cycling Archives. Посетено на 27 февруари 2016.
  18. „Van der Breggen wins women's Omloop Het Nieuwsblad“. Cyclingnews. Посетено на 12 декември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]