Е3 Харелбеке 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Е3 Харелбеке 2015
Светска турнеја UCI 2015, трка 6 од 28
Harelbeke - E3 Harelbeke, 27 maart 2015 (G22).JPG
Герајнт Томас (победник)
Здењек Штибар (2. место) и Матео Трентин (3. место)
Детали за трката
Date 27 март 2015
Растојание 215,3 км
Време 5ч 15' 00" (41,0 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Герајнт Томас (ВБР) (Тим Скај)
Втор  Здењек Штибар (ЧЕШ) (Етикс-Квик Степ)
Трет  Матео Трентин (ИТА) (Етикс-Квик Степ)
2014
2016

Е3 Харелбеке 2015 — 58. издание на велосипедската трка Е3 Харелбеке. Се одржала на 27 март и била шеста трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Бранителот на првакот бил Петер Саган (Тинкоф-Саксо), кој го освоил изданието во 2014 година во спринт на четворица.[3] Трката, иако важна како дел од пролетните класици, е гледана како важна трка за подготовка на возачите за Трката околу Фландрија 2015, еден од велосипедските монументи која се одржува на истите патишта наредната недела.[4]

Е3 Харелбеке се одржува во областа Фландрија, започнувајќи и завршувајќи во градот Харелбеке. Основната тешкотија на трката е низата кратки искачувања познати како „хелинген“ (hellingen), некои од нив со калдрма; поголемиот дел од нив се во средниот дел на трката, со главно рамен завршен дел.[5]

Клучниот потег на трката бил направен на Ауде Кваремонт од Герајнт Томас (Тим Скај), Здењек Штибар (Етикс-Квик Степ) и Петер Саган. Тројцата возачи заедно возеле околу 30 километри, одржувајќи разлика со главната група. На околу четири километри пред крајот, Томас нападнал и успеал да оствари соло победа. Станал британски возач кој ја освоил трката.[6] Штибар бил зад него и успеал да дојде до второто место, но Саган бил достигнат од главната група. Колегата на Штибар, Матео Трентин, го освоил масовниот спринт за третото место.

Друга главна особеност на трката била низата на падови. Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо) се слизнал на Патерберг, иако поминал без последици единствено со оштетени патики; меѓутоа, поголемиот пад на почетокот на трката предизвикал значајни проблеми на бројни возачи. Најлошо погоден бил Фабијан Канчелара (Трек Фактори Рејсинг), еден од главните фаворити за победа; скршил две ребра, што го ставило надвор од остатокот на сезоната на класиците.

Контроверза на постерот[уреди | уреди извор]

Контроверзниот постер издаден пред трката

Околу еден месец пред да се одржи трката, во февруари 2015 година, организаторите на трката издале постер за трката. Овој постер прикажал жена со подигнат фустан и гаќички со видливо лого на трката. Рака на велосипедист со ракавица најверојатно ќе го штипне задникот на девојката. Постерот имал наслов „Кој ги стиска на Харелбеке?“ (Wie knijpt ze in Harelbeke?). Ова се однесувало на Петер Саган, кој направил слична работа на Трката околу Фландрија, кога го допрел задникот на Маја Леје при церемонијата на подиумот по трката.[7][8]

Постерот предизвикал значајна контроверза, особено бидејќи трката во 2011 година имала сличен постер сметан за сексистички. Постерот во 2015 година бил опишан како „понижувачки“ и „женомрзечки“.[8] Постерот бил критикуван од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) и од белгиската комисија за рекламна етика. Во март, неколку недели пред трката, постерот бил повлечен и заменет.[7]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Е3 Харелбеке е настан од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На седум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[9]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Резултат[уреди | уреди извор]

Велосипедист Екипа Време
1  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај 5ч 15' 00"
2  Здењек Штибар (ЧЕШ) Етикс-Квик Степ + 25"
3  Матео Трентин (ИТА) Етикс-Квик Степ + 38"
4  Александер Кристоф (НОР) Катјуша + 38"
5  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Лото НЛ-Џамбо + 38"
6  Мати Брешел (ДАН) Тинкоф-Саксо + 38"
7  Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Судал + 38"
8  Џек Бауер (НЗЛ) Канондејл-Гармин + 38"
9  Јенс Кекелејре (БЕЛ) Орика-ГринЕЏ + 38"
10  Даниел Ос (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 38"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015“. Cyclingnews. конс. 4 јануари 2015. 
  2. „Календар 2015 на UCI“. UCI. конс. 4 јануари 2015. 
  3. Саган победоносен на Е3 Харелбеке“, „Cyclingnews.com“, 28 март 2015 (посет. 27 март 2015 г).
  4. Падикомб, Стивен. „Преглед на Е3 Харелбеке 2015“, „Cycling Weekly“, 26 март 2015 (посет. 27 март 2015 г).
  5. Бенсон, Даниел. „Преглед на Е3 Харелбеке: Повеќе од загревање за Фландрија“, „Cyclingnews“, 26 март 2015 (посет. 27 март 2015 г).
  6. Герајнт Томас од Тим Скај станал првиот Британец кој победил на Е3 Харелбеке“, „The Guardian“, 27 март 2015 (посет. 28 март 2015 г).
  7. 7,0 7,1 Ричардс, Викторија. „Е3 Харелбеке: Повлечен „сексистичкиот“ велосипедски постер“, „The Independent“, 5 март 2015 (посет. 27 март 2015 г).
  8. 8,0 8,1 Кларк, Стјуарт. „Рекламата на Е3 Харелбеке предизвика контроверза“, „Cycling Weekly“, 23 февруари 2015 (посет. 27 март 2015 г).
  9. E3 Harelbeke deelt laatste wildcards uit“, „Het Nieuwsblad“, 20 февруари 2015 (посет. 27 март 2015 г). (на холандски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]