Бријан Кокар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бријан Кокар
Лични податоци
Цело име Бријан Кокар
Роден 25 април 1992 (1992-04-25) (воз. 24 г.)
Сен Назер, Франција
Висина 1,69 м
Маса 58 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Директ Енержи
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2010
2011–2012
УС Понтшателен
Вандеја У
Професионални клубови
2013– Тим Јуропкар
Значајни победи
Етапни трки
Четири дена Денкерк (2016)
Последна промена
11 октомври 2015

Бријан Кокар (француски: Bryan Coquard; р. 25 април 1992) — француски професионален велосипедист. Бил сребрен медалист на Летните олимписки игри 2012 во омниум.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Младинска и аматерска[уреди | уреди извор]

Кокар започнал со велосипедизам во 1999 година на седумгодишна возраст, во клубот Поншато. Во септември 2008 година, на 16 години, се приклучил на клубот Бордо.

Во 2009 година, Кокар станал светски јуниорски првак во омниум, а ја освоил и скреч-трката на европското првенство. Ја одбранил титулата во омниум во 2010 година, освојувајќи четири од шест дисциплини, а исто така завршил и втор во скреч. Поради неговите велодромски успеси, во јуни 2011 година, Кокар потпишал договор со Тим Јуропкар за почеток како професионалец во 2013 година. Истиот месец, станал првак во омниум на Франција, освојувајќи пет од шест дисциплини. По ова, бил избран да ја претставува Франција во омниум на Летните олимписки игри. Го освоил сребрениот медал завршувајќи зад Ласе Норман Хансен од Данска.

Професионална[уреди | уреди извор]

Кокар потпишал договор за професионална кариера во друмскиот велосипедизам од сезоната 2013 година, потпишувајќи со UCI World Tour екипата Тим Јуропкар.[2] Неговата сезона во 2013 започнала добро, откако освоил две етапи на Етоал де Бесеже во јануари и февруари.[3] Во 2015 година, Кокар ја освоил првата етапа на Четири дена Денкерк. Етапата имала делови со калдрма, поради што главната група се поделила, а Кокар го освоил спринтот од тројца возачи.[4]

Бријан Кокар ја започнал сезоната 2016 со две победи на првата и втората етапа на Етоал де Бесеже. Меѓутоа, на 16 февруари, како подготовка за Трката околу Андалузија, го скршил десното рамо. Се вратил еден месец подоцна за време на класиците, пропуштајќи ја првата цел во годината, Париз-Ница. Започнал добро, завршувајќи втор зад Јенс Дебишер во мал групен спринт на [[Дварс дор Вландерен. По етапна победа на Сиркут де ла Сарт, неговата форма продолжила на ридските класици, Брабантсе Пејл и Амстел Голд Рејс, завршувајќи четврти на обете трки. Во мај, ја освоил својата прва професионална етапна трка, Четири дена Денкерк, освојувајќи и три етапи. Следниот месец, го освоил првиот хронометар, пролог на Букл де ла Мајен, остварувајќи победа и на следната етапа. Како подготовка за Тур де Франс, го победил Арно Демар на првите две етапи на Рут ди Сид.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски[уреди | уреди извор]

2009
1. Jersey rainbow.svg Светско јуниорско првенство во омниум
2010
1. Jersey rainbow.svg Светско јуниорско првенство во омниум
2011
Национални првенства
1. MaillotFra.PNG Екипна потера
1. MaillotFra.PNG Скреч
2. Silver medal blank.svg Медисон (со Морган Ламоасон)
2. Европско првенство во омниум
2012
Национални првенства
1. MaillotFra.PNG Омниум
1. MaillotFra.PNG Медисон (со Морган Ламоасон)
3. Bronze medal blank.svg Скреч
2. Silver medal icon.svg Олимписки омниум
2. Шест дена Гренобл (со Морган Кнајски)
2013
Европски првенства под 23 години
1. Медисон
2. Екипна потера
2. Бодовна трка
2015
1. Jersey rainbow.svg Светско првенство во медисон (со Морган Кнајски)
1. UEC Champion Jersey.svg Европско првенство во елиминациска трка

Друмски[уреди | уреди извор]

2012
2. Светски друмски првенства под 23 години
2013
1. Шатору Класик
1. ГП Челинџ Спринт Про
Етоал де Бесеже
1. Jersey yellow.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Тур де Лангкави
1. Етапа 8
1. Етапа 9
2. Краен пласман Француски друмски куп
1. Пласман за млад возач
2. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 2
2. Гран при де Денен
2. Вал д’Ил У Класик 35
3. Гран при де Фурмие
5. Париз-Камемберт
5. Буклс де л’Олн
6. Тур де Вандеја
8. Гран при д’Исберг
2014
1. Рут Адели
1. Париз-Камемберт
Етоал де Бесеже
1. Етапа 3
1. Етапа 4
3. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 1
2015
Рут ди Сид
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3 Етоал де Бесеже
5. Трофео Плаја де Палма
9. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
2. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 1
4. Краен пласман Тур де Пикарди
4. Велосипедски класик Брисел
5. Трофео Плаја де Палма
9. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
10. Гран при де Денен
2016
1. Jersey pink.svg Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Букл де ла Мајен
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Пролог
Етоал де Бесеже
1. Jersey yellow.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Рут ди Сид
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 2а Сиркут де ла Сарт
1. Рут Адели де Витре
2. Дварс дор Вландерен
3. Гран при де Фурмје
3. Тур де Вандеја
4. Брабантсе Пејл
4. Класика де Алмерија
4. Амстел Голд Рејс
5. Париз-Тур
6. Гран при д’Изберг

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 104 110 113
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Златен успех за Хансен“, Лондон 2012, 5 август 2012 (конс. 6 август 2012 г).
  2. Вајсло, Лора. „Сребрениот медалист во омниум Кокар во Јуропкар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 август 2012 (конс. 6 август 2012 г).
  3. Бријан Кокар ја освои втората етапа на Етоал де Бесеже 2013; Михаел ван Стејен го држи водството“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 31 јануари 2013 (конс. 31 јануари 2013 г).
  4. Емил Акселгард. „In-form Coquard conquers the cobbles in Dunkerque opener“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 6 мај 2015 (конс. 6 мај 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]