Фернандо Гавирија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фернандо Гавирија
Гавирија во 2013 година
Лични податоци
Цело име Фернандо Гавирија Рендон
Роден 19 август 1994 (1994-08-19) (24 г.)
Ла Сеја,  Колумбија
Висина 1,80 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Квик-Степ Флорс
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2013–2015 Колдепортес-Кларо
Професионални клубови
→ 2015
2016-
Етикс-Квик Степ (стажант)
Етикс-Квик Степ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2017)
4 индивидуални етапи (2017)
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2018)

Еднодневни трки и класици

ГП Импанис-Ван Петегем (2016)
Париз-Тур (2016)
Последна промена
5 август 2018

Фернандо Гавирија Рендон (шпански: Fernando Gaviria Rendon; р. 19 август 1994) — колумбиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кое добро познат како спринтер, а вози за UCI World Tour екипата Квик-Степ Флорс.

Возејќи за колумбиската екипа, Гавирија го привлекол меѓународното внимание на Тур де Сан Луис, каде го поразил поранешниот светски првак Марк Кевендиш во две спринтерски завршници. Негови први победи на некоја голема трка се случиле на Џиро д’Италија 2017. Тој е брат на велодромскиот велосипедист Хулијана Гавирија.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Гавирија освојува спринтерска победа на Тур де Сан Луис 2015

Пред друмската кариера, Гавирија ги освоил трките во омниум и медисон на Светското велодромско јуниорско првенство 2012.[2][3] Во 2014 година ја освоил друмската трка на Панамериканското првенство под 23 години.[4][5] Исто така, настапил на Тур де л’Авенир 2014. Иако не освоил етапа, победил во масовниот спринт зад бегството на првата етапа[6] и ја завршил трката втор во бодовниот пласман.[7][8] Подоцна, истата година, победил на трка омниум во Лондон, како дел од Светскиот велодромски куп.[9]

Прв поголем успех во друмскиот велосипедизам за Гавирија бил двете победи на Тур де Сан Луис 2015, една од поголемите трки на почетокот на сезоната. Освоил изненадувачка победа на првата етапа на трката, поведувајќи го својот спринт рано и поразувајќи го светскиот првак Марк Кевендиш од екипата Етикс-Квик Степ. Кевендиш по трката изјавил дека не слушнал за Гавирија пред трката.[10] Потоа, Гавирија ја освоил и третата етапа на трката, повторно победувајќи го Кевендиш.[11] На крајот, Кевендиш ја освоил завршната етапа, додека Гавирија завршил втор.[12]

По овие победи, имало извештаи дека неколку екипи го побарале Гавирија, вклучувајќи го Аг2р-Ла Мондијал, иако изјавил дека во сезоната 2015 ќе вози за колумбиската национална екипа.[13] ПОдоцна, извештаите навеле дека негова екипа за 2016 година најверојатно ќе биде истата екипа како на Кевендиш, Етикс-Квик Степ.[8] Исто така, било откриено дека Гавирија бил препорачен во 2014 година на Патрик Лефевр, менаџерот на Етикс-Квик Степ, но екипата одбила да потпише со него. По успехот на Гавирија на Тур де Сан Луис, Лефевр ова го нарекол „грешка“.[14] Во февруари 2015 година, Лефевр објавил дека Гавирија ќе помине тестови со Етикс-Квик Степ по Светското велодромско првенство, понатамошен чекор за договор во 2016. Лефевр исто така изјавил дека договорот не го спречува Гавирија да настапи на Летните олимписки игри 2016.[15] По овие тестови, Гавирија потпишал договор за 2016 со Етикс-Квик Степ, заедно со сонародникот Родриго Контрерас. Плановите на Гавирија да вози на Олимписките игри 2016 биле потврдени од Лефевр; исто така навел дека Гавирија можел да вози како стажант за екипата во текот на 2015 година.[16]

Во февруари 2015 година, Гавирија настапил за Колумбија на Светското велодромско првенство во омниум. Иако не освоил ниедна од шесте трки, сепак бил постојан. Во завршната бодовна трка, успеал да избие напред во првиот круг; подоцна успеал да го држи најблискиот соперник, Елија Вивијани, и да ја обезбеди крајната победа за освојување на виножито-маичката.[17][18]

Етикс-Квик Степ (2015-)[уреди | уреди извор]

Гавирија по победата на четвртата етапа на Трката околу Британија 2017

Гавирија го имал своето деби за Етикс-КвикСтеп како стажант во август 2015 година на РајдЛондон-Класик Сари 2015.[19] Завршил осми, највисок пласман во екипата.[20] Негова следна трка за екипата била Трката околу Чешка, каде Етикс-Квик Степ ја освоиле првата етапа, екипен хронометар.[21] Следниот ден, Гавирија ја освоил својата прва индивидуална етапна победа за екипата, победувајќи во помал масовен спринт.[22] По оваа трка, следела Трката околу Британија, каде Гавирија успеал да освои една етапна победа пред неколку спринтери како Андре Грајпел и Елија Вивијани.

Сезоната 2016 ја започнал силно како и претходната сезона. Го освоил екипниот хронометар со екипата и уште една етапа на Тур де Сан Луис. Подоцна, паднал на трката со што бил спречен од уште една победа. Во февруари, освоил етапа и бодовен пласман на новата трка Тур Ла Прованс. Во почетокот на март станал првиот возач кој освоил два златни медали во омниум на Светското велодромско првенство со одбрана на титулата од претходната година.[23] Ја освоил третата етапа на Тирено-Адријатико, негова прва победа во Светската турнеја.[24]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017 и ја освоил третата етапа од Тортоли до Калјари во спринтерска завршница, освојувајќи ја розевата маичка.[25] Подоцна ги освоил етапите 5, 12 и 13 во масовен спринт, што го направило прв Колумбиец со четири етапи на едно издание на Џиро д’Италија.[26] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[27]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски[уреди | уреди извор]

2012
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско јуниорско првенство - омниум
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско јуниорско првенство - медисон
2013
1. Gold medal world centered-2.svg Панамериканско велодромско првенство - омниум
2. Silver medal world centered-2.svg Панамериканско велодромско првенство - екипна потера
2014
1. Gold medal world centered-2.svg Средноамерикански и карипски игри - омниум
1. Gold medal world centered-2.svg Јужноамерикански игри - омниум
1. Коло 2 Светски велодромски куп - Лондон - омниум
2015
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско првенство - омниум
1. Gold medal world centered-2.svg Панамерикански игри - омниум
1. Gold medal world centered-2.svg Панамерикански игри - екипна потера
2016
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско првенство - омниум

Друмски[уреди | уреди извор]

2013
1. Gold medal world centered-2.svg Боливарски игри - друмска трка
2014
1. Gold medal world centered-2.svg Панамериканско друмско првенство - друмска трка под 23 години
2. Silver medal world centered-2.svg Средноамерикански и карипски игри - индивидуален хронометар
4. Средноамерикански и карипски игри - друмска трка
2015
1. Етапа 4 Трка околу Британија
Тур де Сан Луис
1. Етапа 1
1. Етапа 3
Трка околу Чешка
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 2
8. РајдЛондон-Класик Сари
8. Панамерикански игри - индивидуален хронометар
9. Панамерикански игри - друмска трка
2016
Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 2
Тур Ла Прованс
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
Трка околу Полска
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. ГП Импанис-Ван Петегем
1. Париз-Тур
2. Гран Пиемонте
2. Фландриско првенство
6. Гент-Вевелгем
7. Хале-Ингоигем
10. Дварс дор Вландерен
2017
1. Фландриско првенство
Џиро д’Италија
1. Jersey violet.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 12
1. Етапа 13
Трка околу Гуангси
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Вуелта а Сан Хуан
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 4 Трка околу Британија
4. ГП Импанис-Ван Петегем
5. Милано-Сан Ремо
8. Светско друмско првенство
9. Гент-Вевелгем
2018
Тур де Франс
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Трка околу Калифорнија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 7
Колумбија Оро и Пас
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Вуелта а Сан Хуан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Fernando Gaviria Rendon“. Cycling Archive. http://www.cyclingarchives.com/coureurfiche.php?coureurid=79781. посет. 7 февруари 2015 г. 
  2. „Колумбија го освои машкиот медисон“. Track Cycling News. http://www.trackcyclingnews.com/jworlds12-madison.html. посет. 7 февруари 2015 г. 
  3. „Гавирија Рендон го освои машкиот омниум“. Track Cycling News. http://www.trackcyclingnews.com/jworlds12-momnium.html. посет. 7 февруари 2015 г. 
  4. „Double Tour de San Luis stage winner Gaviria narrows choice to two WorldTour teams“. CyclingTips. http://cyclingtips.com.au/2015/01/after-stunning-wins-in-tour-de-san-luis-gaviria-choosing-between-two-worldtour-teams/. посет. 7 февруари 2015 г. 
  5. „Champ. Panaméricain en ligne / Panamerican Champ. RR - MU - Classic“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race/Champ_Panamericain_en_ligne_Panamerican_Champ_RR_MU_2014. посет. 7 февруари 2015 г. 
  6. „Скјерпинг ја освои првата етапа во Бриуд“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-lavenir-2014/stage-1/results. посет. 7 февруари 2015 г. 
  7. „Мигел Анхел Лопез победи на Тур де л’Авенир“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-lavenir-2014/stage-7/results. посет. 7 февруари 2015 г. 
  8. 8,0 8,1 „Etixx-Quick-Step favourite to sign Fernando Gaviria“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/etixx-quick-step-favourite-to-sign-fernando-gaviria. посет. 7 февруари 2015 г. 
  9. „UCI Cyling Track World Cup - Trott, star of the final day“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uci.ch/track/news/article/uci-cyling-track-world-cup-trott-star-the-final-day/. посет. 7 февруари 2015 г. 
  10. Рајан, Бери. „Тур де Сан Луис: Гавирија ја освои првата етапа во Вила Мерседес“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-san-luis-2015/stage-1/results. посет. 7 февруари 2015 г. 
  11. Браун, Грегор. „Марк Кевендиш втор пат губи спринт на Сан Луис од Фернандо Гавирија“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/mark-cavendish-loses-second-san-luis-sprint-fernando-gaviria-153692. посет. 7 февруари 2015 г. 
  12. Рајан, Бери. „Дијаз победи на Тур де Сан Луис“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-san-luis-2015/stage-7/results. посет. 7 февруари 2015 г. 
  13. „News shorts: Gaviria courted by WorldTour, Greipel and Valverde to Mallorca“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/news-shorts-gaviria-courted-by-worldtour-greipel-and-valverde-to-mallorca. посет. 7 февруари 2015 г. 
  14. „Lefevere admits mistake in not offering contract to Gaviria last year“. Cyclingtips.com.au. http://cyclingtips.com.au/2015/02/lefevere-admits-mistake-in-not-offering-contract-to-gaviria-last-year/. посет. 7 февруари 2015 г. 
  15. Бенсон, Даниел (20 февруари 2015). „Gaviria set for Etixx tests as Lefevere talks about Cavendish's future“. http://www.cyclingnews.com/news/gaviria-set-for-etixx-tests-as-lefevere-talks-about-cavendishs-future. посет. 20 февруари 2015 г. 
  16. Рајан, Бери (24 февруари 2015). „Гавирија потпиша двегодишен договор со Етикс-КвикСтеп“. http://www.cyclingnews.com/news/gaviria-signs-two-year-deal-with-etixx-quickstep. посет. 24 февруари 2015 г. 
  17. „Men's Omnium / Omnium hommes: Current Standing“ (PDF). 20 февруари 2015. http://www.tissottiming.com/File/Download?id=00030C0003010A64FFFFFFFFFFFFFF01. посет. 20 февруари 2015 г. 
  18. „Colombia's Gaviria wins men's omnium world title“. 21 февруари 2015. http://tenplay.com.au/news/2015/02/22/colombia-s-gaviria-wins-men-s-omnium-world-title. посет. 21 февруари 2015 г. 
  19. „Кратки вести: Gaviria to debut with Etixx-Quickstep alongside Cavendish in RideLondon“. 2 август 2015. http://www.cyclingnews.com/news/news-shorts-gaviria-to-debut-with-etixx-quickstep-alongside-cavendish-in-ridelondon/. посет. 2 август 2015 г. 
  20. „Prudential RideLondon & Surrey Classic 2015 - Classic“. http://www.procyclingstats.com/race/Prudential_RideLondon_Surrey_Classic_2015. посет. 13 август 2015 г. 
  21. „Czech Cycling Tour 2015 - Stage 1 (TTT)“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=150692&c=1. посет. 13 август 2015 г. 
  22. Tour de République Tchèque: Fernando Gaviria brille avec le maillot Etixx“, „cyclingpro.net“, 14 август 2015 (посет. 14 август 2015 г). (на француски)
  23. http://www.cyclingnews.com/news/track-world-championships-gaviria-defends-omnium-title-after-epic-battle./
  24. http://www.cyclingnews.com/races/tirreno-adriatico-2016/stage-3/results/
  25. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_dItalia_2017_Startlist. посет. 2 мај 2017 г. 
  26. http://www.steephill.tv/giro-d-italia/#spoiler
  27. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. https://www.procyclingstats.com/race/tour-de-france/2018/startlist. посет. 5 јули 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]