Арно Демар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арно Демар
Лични податоци
Цело име Арно Демар
Роден 26 август 1991 (1991-08-26) (27 г.)
Бове,  Франција
Висина 1,81 м
Маса 78 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Групама-ФДЖ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2008–2009
2010–2011
2011
Тим Васкехал
Ножан сир Оаз
ФДЖ (стажант)
Професионални клубови
2012– ФДЖ-БигМет
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2017, 2018)

Етапни трки

Четири дена Денкерк (2013, 2014)
Тур де Пикарди (2014)

Еднодневни трки и класици

MaillotFra.PNG Национален друмски првак (2014, 2017)
Милано-Сан Ремо (2016)
Ватенфал Класик (2012)
Класик Лондон-Сари (2013)
Гран при де Денен (2013, 2017)
Бриселски велосипедски класик (2017)
Последна промена
21 август 2018

Арно Демар (француски: Arnaud Démare; р. 26 август 1991) — француски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1]

Во 2011 година ја освоил трката под 23 години на Светското друмско првенство,[2] а во 2016 година го освоил класикот Милано-Сан Ремо.

Кариера[уреди | уреди извор]

2012[уреди | уреди извор]

Демар ја прославува победата на последната етапа на Трката околу Катар 2012

Во август 2012 година, Демар ја освоил својата прва трка од Светската турнеја во неговата кариера, победувајќи на Ватенфал Класик, пред локалниот фаворит Андре Грајпел и Џакомо Ницоло.[3] Французинот преовладал на масовниот спринт на крајот на трката од 245,6 километри во неверојатна жештина.[4]

2013[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, Демар освоил три етапи по ред на Четири дена Денкерк и генералниот пласман.[5] На третата етапа, неговиот водечки човек Жофре Суп му помогнал и го довел до целта и обајцата завршиле еден-два победа во масовниот спринт, додека Рамон Синкелдам од Аргос-Шимано го зазел третото место.[6]

2014[уреди | уреди извор]

Демар на Тур де Франс 2015 го носел националниот дрес

Демар ја освоил етапна трка Четири дена Денкерк втора година по ред, при тоа освојувајќи две етапи. Исто така ги освоил бодовниот и пласманот за млад возач.[7] Исто така имал силни настапи на калдрмисаните класици, завршувајќи втор на Гент-Вевелгем и дванаесетти на Париз-Рубе.[8]

2015[уреди | уреди извор]

Демар се борел за форма во текот на сезоната 2015, забележувајќи само една завршница помеѓу првите десет на пролетните класици со десеттото место на Омлоп Хет Ниувсблад. Меѓутоа, успеал да забележи две етапни победи на Трката околу Белгија.[8]

2016[уреди | уреди извор]

Во јануари 2016 година, Демар ги објавил своите планови за првата половина на новата сезона, започнувајќи ја својата кампања на домашните трки Етоал де Бесеже и Медитеранска трка, по што следеле калдрмисаните класици Омлоп Хет Ниувсблад, Курне-Брисел-Курне, Милано-Сан Ремо, Гент-Вевелгем, Трка околу Фландрија и Париз-Рубе, заедно со етапните трки Париз-Ница и Три дена Де Пане.[8] Исто така, најавил дека ќе го избегне Тур де Франс и ќе се насочи на Џиро д’Италија.[9] Имал успех на Медитеранската трка, каде неговата екипа ФДЖ го освоил воведниот екипен хронометар, а тој ја освоил следната етапа.[10] Демар ја освоил првата целосна етапа на Париз-Ница[11] а потоа и најголема победа во својата кариера на Милано-Сан Ремо. Неговата победа била доведена во прашање од соперниците Матео Тосато и Ерос Капеки, кои навеле дека Демар наводно бил потпомогнат од екипното возило на искачувањето Чипреса откако паднал на 30 километри пред целта. Меѓутоа, организаторите на трката одлучиле да не преземат ништо поради отсуство на фотографски доказ или видео.[12]

2017[уреди | уреди извор]

На 4 јули, Демар ја освоил својата прва етапна победа на Тур де Франс, а со тоа и на некоја голема трка, освојувајќи ја четвртата етапа на Тур де Франс 2017 во страотен спринт; тоа било прва етапна победа за Французин во масовен спринт од победата на Жими Каспер во 2006 година.[13] На шестата етапа, Демар бил поразен повторно на второто место од Марсел Кител, кој отпочнал точно навремено спринт на околу 200 метри до целта.[14] Демар бил болен во текот на планинската осма етапа и отпаднал многу рано. Двајца колеги биле со него и му помогнале да стигне во рамки на временското ограничување. На крајот завршил на 188. место, 37 минути и 33 секунди зад победникот на етапата.[15] Демар, кој бил втор во бодовниот пласман на почетокот на деветтата етапа, ја завршил предизвикувачката планинска етапа во група околу 40 минути зад победникот. Тоа го ставило надвор од временската граница и со тоа надвор од Тур, заедно со шест други возачи.[16]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
3. Европско јуниорско хронометарско првенство
2010
1. Етапа 4 Куп на народите
1. ГП де Переншис
5. Светско друмско првенство UCI под 23 години
2011
1. Светско друмско првенство UCI под 23 години
1. Ла Кот Пикард
Куп на народите
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. ГП де Пон-а-Марк
1. Етапа 3 Тур Алзас
2012
1. Ватенфал Класик
1. Ле Самин
1. Коле По де Лоар
1. Етапа 6 Трка околу Катар
1. Етапа 2 Рут ду Суд
4. Курне-Брисел-Курне
9. Краен пласман Три дена во Западна Фландрија
1. Етапа 2
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2013
1. Jersey pink.svg Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Гран при де Денен
1. Класик РајдЛондон-Сари
1. Гран при д’Исберг
1. Етапа 4 Тур де Свис
1. Етапа 2 Енеко Тур
2. Париз-Бурж
3. Париз-Тур
9. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
9. Омлоп ван хет Хутланд
10. Ватенфал Класик
2014
1. MaillotFra.PNG Национално друмско првенство
1. Jersey pink.svg Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Пикарди
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Трка околу Катар
1. Хале-Ингоигем
1. Фландриско првенство
1. Гран при д’Исберг
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Гент-Вевелгем
10. Омлоп Хет Ниувсблад
2015
Трка околу Белгија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
4. Париз-Бурж
4. Тур де Вандеја
6. Ватенфал Класик
10. Омлоп Хет Ниувсблад
2016
1. Милано-Сан Ремо
1. Бинше-Шиме-Бинше
Ла Медитеранен
1. Етапа 1 (TTT)
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Париз-Ница
Рут ди Сид
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 5
2. Париз-Тур
2. Бриселски велосипедски класик
5. Гент-Вевелгем
6. Гран при де Фурмје
8. Хале-Ингоигем
2017
1. MaillotFra.PNG Национално друмско првенство
1. Етапа 4 Тур де Франс
Критериум ди Дофине
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
Етоал де Бесеже
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Бриселски велосипедски класик
1. Гран при де Денен
1. Хале-Ингоигем
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 2 Четири дена Денкерк
2. Јуроајс Класик
6. Курне-Брисел-Курне
6. Милано-Сан Ремо
6. Париз-Рубе
7. Тро-Бро Леон
2018
1. Етапа 18 Тур де Франс
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 8 Тур де Свис
1. Етапа 1 Тур Поату-Шарант ан Нувел-Аквитан
2. Јуроајс Класик
2. Курне-Брисел-Курне
3. Милано-Сан Ремо
3. Гент-Вевелгем
9. Омлоп Хет Ниусблад

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро СО СО
Jersey yellow.svg Тур 159 138 СО 141
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FDJ.fr (FDJ) — ФРА“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(33nydlsckz0kkk4e1kaa2grw))/Teams/detail/en/ROA/2996. посет. 2 јануари 2014 г. 
  2. Арно Демар победи на Светското првенство во трката до 23 години
  3. Сузан Вестемајер. „Демар победи на Ватенфал Класик“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 август (посет. 20 август г).
  4. Грајпел ќе го пропушти Светското првенство во Лимбург“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (посет. 20 август 2012 г).
  5. Кредер ја освои четвртата етапа во Денкерк“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 4 мај 2013 (посет. 4 мај 2013 г).
  6. Four Days of Demare in Liévin“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 мај 2013 (посет. 3 мај 2013 г).
  7. Axelgaard, Emil. „Engoulvent and Demare share the spoils in Dunkirk“, „CyclingQuotes“, JJnet.dk A/S, 11 мај 2014 (посет. 11 мај 2014 г).
  8. 8,0 8,1 8,2 „Demare details 2016 race programme“. 13 јануари 2016. http://www.cyclingnews.com/news/demare-details-2016-race-programme-news-shorts/. посет. 28 март 2016 г. 
  9. Косинс, Питер (18 јануари 2016). „Demare opts for Giro d'Italia instead of Tour de France“. http://www.cyclingnews.com/news/demare-opts-for-giro-ditalia-instead-of-tour-de-france/. посет. 28 март 2016 г. 
  10. „Demare wins stage 2 at La Méditerranéenne“. 12 февруари 2016. http://www.cyclingnews.com/races/la-mditerranenne-2016/stage-2/results/. посет. 28 март 2016 г. 
  11. „Paris-Nice: Team Sky's Ben Swift pipped by Arnaud Demare“. 7 март 2016. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/35749329. посет. 28 март 2016 г. 
  12. „Demare hits back at Milan-San Remo tow allegations“. 20 март 2016. http://www.cyclingnews.com/news/demare-hits-back-at-milan-san-remo-tow-allegations/. посет. 28 март 2016 г. 
  13. „Tour de France: Demare wins in Vittel - French champion takes stage 4 victory in crash-marred sprint“. 4 јули 2017. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-4/results/. 
  14. „Marcel Kittel Wins Stage 6 of 2017 Tour de France Ahead of Arnaud Demare“. 6 јули 2017. http://bleacherreport.com/articles/2720159-marcel-kittel-wins-stage-6-of-2017-tour-de-france-ahead-of-arnaud-demare. 
  15. „Tour de France: Calmejane wins stage 8 - GC unchanged in blisteringly fast stage in the Jura mountains“. 8 јули 2017. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-8/results/. 
  16. „Tour de France: Demare, Trentin, Renshaw and others finish outside time limit on stage 9“. 9 јули 2017. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-demare-trentin-renshaw-and-others-finish-outside-time-limit-on-stage-9/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]