Жофре Суп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жофре Суп
Суп на Четири дена Денкерк 2013
Лични податоци
Цело имеЖофре Суп
Роден22 март 1988 (1988-03-22) (32 г.)
Вирја,  Франција
Висина1,77 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубГрупама-ФДЖ
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови
2005–2006
2007–2008
2009–2010
ВК Бресан (јуниор)
ВК Вол ан Велен (јуниор)
Етупе ле Дуа
Професионални клубови
2011–2014
2015-
ФДЖ
Кофидис
Последна промена
28 август 2018

Жофре Суп (француски: Geoffrey Soupe; р. 22 март 1988) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис. Суп бил национален друмски првак во конкуренцијата под 23 години во 2010,[1] и завршил втор зад Британецот Алекс Даусет на Европското хронометарско првенство под 23 години.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Вирја, Ен, Суп настапувал за ВК Бресан и ВК Вол ан Велен како јуниор и во составот на Етупе ле Дуа како аматер, пред да му се приклучи на професионалниот состав на ФДЖ за сезоната 2011.[3] На првата трка за екипата, Суп ја освоил воведната етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго во Габон - победувајќи го возачот на Тим Јуропкар Антони Шарто во меѓусебниот спринт[4] – пред да заврши на трката на осмото место во генералниот пласман.[5] Подоцна Суп додал уште една етапна победа на Тур Алзас,[6] пред да се откаже од трката следниот ден.[7]

Суп го направил своето деби на Гранд Тур трка на Џиро д’Италија 2012, заземајќи го третото место во текот на првата масовна етапа во Хернинг, Данска; резултат за кој Суп изјавил дека „жали“, бидејќи претпоставил дека треба да го води главниот спринтер на екипата Арно Демар, кога тој бил зафатен во падот во последната кривина.[8]

Во август 2014 година, Кофидис објавил дека потпишале со Суп, заедно со неговиот колега од ФДЖ Насер Буани, за сезоната 2015.[9] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Краен пласман Тур ди Беарн
2009
2. Национално друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Букл де ла Марна
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Сувенир Мишел Рок
5. Хроно на народите
2010
1. MaillotFra.PNG Национално друмско првенство под 23 години
2. Европско хронометарско првенство под 23 години
2011
1. Етапа 1 Тур Алзас
5. ГП де Пон а Марк
8. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
2013
10. Краен пласман Четири дена Денкерк

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 76
Jersey yellow.svg Тур 123 142
Jersey red.svg Вуелта СО 94 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gilson, Michael (22 август 2010). "France – Espoirs : Les réactions". Directvelo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 8 мај 2012. Unknown parameter |trans_title= ignored (help)
  2. Ричардсон, Сајмон (16 јули 2010). "Даусет го освои златото на Европското првенство под 23 години". Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 8 мај 2012.
  3. Gilson, Michael (18 август 2010). "Geoffrey Soupe néo-pro à la FDJ". Directvelo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 8 мај 2012. Unknown parameter |trans_title= ignored (help)
  4. "Суп победи на воведната етапа". Cycling News. Future Publishing Limited. 25 јануари 2011. Посетено на 8 мај 2012.
  5. "Шарто победи во Габон". Cycling News. Future Publishing Limited. 30 јануари 2011. Посетено на 8 мај 2012.
  6. Gachet, Nicolas (27 јули 2011). "Tour Alsace – Et. 1 : Classements". DirectVélo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 8 мај 2012. Unknown parameter |trans_title= ignored (help)
  7. "Double success for Albert in Alsace". Cycling News. Future Publishing Limited. 28 јули 2011. Посетено на 8 мај 2012.
  8. "Суп „жали" што завршил трет на етапа на Џиро д'Италија". Cycling News. Future Publishing Limited. 7 мај 2012. Посетено на 8 мај 2012.
  9. Фаранд, Стивен (1 август 2014). "Трансфери: Кофидис го потврди пристигнувањето на Насер Буани". Сyclingnews.com. Посетено на 3 август 2014.
  10. "Стартна список на Тур де Франс 2015". Velo News. Посетено на 2 јули 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]