Тибо Пино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тибо Пино
Лични податоци
Цело име Тибо Пино
Роден 29 мај 1990 (1990-05-29) (воз. 25 г.)
Мелизе, Франција
Висина 1,80 м[1]
Маса 63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб ФДЖ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2010– Франсес де же
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2014)
2 индивидуални етапи (2012, 2015)
Последна промена
22 ноември 2015

Тибо Пино (француски: Thibaut Pinot; р. 29 мај 1990 во Мелизе, Горна Сона) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ФДЖ.[2] Тој е означен како еден од најветувачките таленти во францускиот велосипедизам и победил на планинска етапа на Тур де Франс 2012, и покрај тоа што бил најмладиот возач на трката.

Кариера[уреди | уреди извор]

Пино на возраст од 22 години бил најмладиот возач на Тур де Франс 2012. Освоил престижна победа на осмата етапа, која била составена од седум категоризирани искачувања, вклучувајќи и едно од категорија 1 Кол де ла Кроа, каде кратко пред врвот го поминал Фредрик Кесијакоф (Астана). Потоа продолжил по спустот и по рамниот дел на патот кон самиот крај на етапата на 16 километри по искачувањето. Ја држел предноста пред групата, која вклучувала некои од кандидатите за генералниот пласман на Тур, и покрај ветерот во гради, но неверојатно бодрен од неговиот екипен менаџер Марк Мадио. Ја поминал линијата сам со предност од 26 секунди пред останатите членови.[3] И покрај тоа што бил најмладиот возач на Тур,[4] тој успеал да заврши 10. во генералниот пласман. Со 22 години и 54 дена, станал најмладиот возач кој завршил во првите десет по Рајмонд Импанис во 1947, кој тогаш имал 21 година и 8 месеци.[5]

На Тур де Франс 2013, Пино ја напуштил трката на шеснаесеттата етапа. По разочарувачкиот Тур, тој завршил на високото седмо место на Вуелта а Еспања.

На Тур де Франс 2014, Пино ја завршил трката во бела маичка и трето место во генералниот пласман. Тој и Жан Кристоф Перо биле првите Французи на подиум на Тур де Франд од 1997 година.

Во 2015 година, Пино ја имал својата прва победа во сезоната на Тур де Романди. Ја освоил кралската етапа на трката со седум секунди предност пред најблискиот соперник, Илнур Закарин од Катјуша.[6] Завршил четврти во генералниот пласман и му била доделена маичката за најдобар млад возач.[7] Во јуни започнал да се подготвува за Тур де Франс, учествувајќи на Тур де Свис и ја освоил кралската етапа, долга и тешка етапа со планинска завршница. Победил сам на подножјето на ледникот Ретенбах.[8] На Тур де Франс, Пино завршил 16. во генералниот пласман, но ја освоил дваесеттата етапа на Алп д’Ез.[9]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
Јуниорска Тур де Гваделуп
Јуниорски Дром Провенсал
Јуниорски Челинџ де л’ест
2008
Тур де Горна Сона
Јуниорска Тур д’Ардеш
Јуниорски Савојарде
2009
Трка околу долината Аоста
Етапа 3 на Трка околу Горна Савоја
Тур ду Кантон де Марел Вертелак
ГП де ла вил де Дел
2010
1. Планински пласман Тур де Романди
1. Планински пласман Париз-Корез
2011
1. Краен пласман Тур д’Алзас
1. Етапа 5
1. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Етапа 1
Тур де л’Ен
1. Етапа 2
1. Етапа 4
3. Краен пласман Трка околу Турција
7. Краен пласман Трка околу Баварија
Jersey white.svg Пласман за млад возач
9. ГП Бруно Бегели
2012
1. Етапа 5 Тур де л’Ен
10. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 8
2013
4. Краен пласман Тур де Свис
6. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Краен пласман Волта а Каталуња
2014
3. Краен пласман Тур де Франс
1. Бела маичка Пласман за млад возач
5. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
9. Краен пласман Трка околу Баскија
9. Гран при де Валони
10. Краен пласман Тур де Романди
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур ду Жеводан Лангедок-Русијон
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 20 Тур де Франс
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 5
4. Милано-Торино
6. Гран при де Валони
6. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
10. Краен пласман Трка околу Баскија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 10 СО 3 16
Jersey red.svg Вуелта 7 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Тибо Пино“. 
  2. „FDJ.fr (FDJ) — ФРА“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(33nydlsckz0kkk4e1kaa2grw))/Teams/detail/en/ROA/2996. конс. 2 јануари 2014. 
  3. Пино возел до слава во Порентру“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 јули 2012 (конс. 8 јули 2012).
  4. „Најстариот започнал да напаѓа; најмладиот победи - Браво Тибо!“. www.letour.fr. 8 јули 2012. http://www.letour.fr/le-tour/2012/us/stage-8/news/flm/the-oldest-starts-the-attacking-the-youngest-wins-bravo-thibaut.html. конс. 8 јули 2012. 
  5. http://www.lefigaro.fr/cyclisme/2012/07/22/02007-20120722ARTSPO00117-vicement-2013.php
  6. Садб О’Ши. „Пино ја освои победата на етапата 5 на Тур де Романди“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 мај 2015 (конс. 2 мај 2015).
  7. Садб О’Ши. „Закарин победи на Тур де Романди“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 мај 2015 (конс. 3 мај 2015).
  8. Спенсер Паулисон. „Thibaut Pinot climbs to Tour de Suisse stage 5 win, GC lead“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 17 јуни 2015 (конс. 17 јуни 2015).
  9. Tour de France: Pinot lands huge win for France on l'Alpe d'Huez“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 јули 2015 (конс. 25 јули 2015).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]