Серхио Енао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серхио Енао
Енао во 2016 година
Лични податоци
Цело име Серхио Луис Енао Монтоја
Прекар Ел Венао (El Venao)[1]
Роден 10 декември 1987 (1987-12-10) (воз. 28 г.)
Рионегро, Колумбија
Висина 1,73 м
Маса 61 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2006
2010
Оргулјо Паиса
Индепортес Антиоквија
Професионални клубови
2007–2009
2011

2012–
Колумбија ес Пасион
Гобернасион де Антиокија-Индепортес Антиокија
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 ТТТ (2013)

Етапни трки

Вуелта а Колумбија (2010)
Последна промена
4 јули 2016

Серхио Луис Енао Монтоја (шпански: Sergio Luis Henao Montoya; р. 10 декември 1987) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[2]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Енао е роден во Рионегро во 1987 година, истата година, кога колумбискиот возач Лучо Ерера ја освоил Вуелта а Еспања.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Во 2005, Енао освоил две етапи на јуниорската трка Вуелта дел Порвенир и завршил втор во генералниот пласман зад Ригоберто Уран. Исто така, завршил втор во и на јуниорската Вуелта а Венецуела. Во текот на 2006, собрал бројни генерални пласман и победил на Класик Норте де Сантандер. во 2007, се придружил на екипата Колумбија ес Пасион и започнал да вози надвор од Јужна Америка. Тој бил 15. во генералниот пласман на Вуелта а Комунидад де Мадрид, две етапи на венецуелската трка Класико Сиклистико Банфоандес и втор во крајниот пласман на Норте де Сантандер. Со само 20 години, завршил трет во генералниот пласман на Вуелта а Антиоквија, неговата домашна трка и трет на колумбиското национално првенство во хронометар за под 23 години.

Во 2008, ја освоил верзијата за до 23 години на Вуелта а Колумбија, освојувајќи две етапи на трката; две години подоцна го повторил успехот на главната трка, освојувајќи две етапи и генералниот пласман. Во 2011, на една од последните негови трки пред да се пресели во Европа, го освоил воведниот пролог на Трката околу Јута и потоа го зголемил неговото водство на првата етапа, кога бил вклучен во бегството од пет членови, заедно со Леви Лајпхајмер.

2012[уреди | уреди извор]

Во 2012, го направил неговото европско деби, придружувајќи му се на неговиот сонародник и пријател Ригоберто Уран во Тим Скај, откако потпишал двегодишен договор.[3][4] Енао завршил 13. на крај на Трката околу Баскија во април и исто така возел на арденските класици, забележувајќи 14. место на Флеш Валон, 21. место на Амстел Голд и 29. на Лиеж-Бастон-Лиеж.

Енао во воведниот хронометар на Џиро д’Италија 2012

Во мај, Енао бил избран во составот на Тим Скај за Џиро д’Италија. Тој се покажал со силна форма на неговиот прв Гранд Тур, каде на две етапи завршил во првите десет (4. на етапата 15 и 9. на етапата 20); исто така ја носел и белата маичка за најдобар млад возач два дена, преземајќи ја маичката и повторно губејќи ја од неговиот колега и крајниот победник Ригоберто Уран. Енао имал исклучително добар хронометар, со што се поместил за две места во генералниот пласман на деветтото место и втор во пласманот за млад возач. По Џиро, Енао возел на Трката околу Полска, каде завршил трет во генералниот пласман по завршувањето втор на етапата 6. Ја претставувал Колумбија на олимписката друмска трка и завршил 16. место. Завршил втор во генералниот пласман на Вуелта а Бургос. Исто така, Енао возел на Вуелта а Еспања како поддршка на Крис Фрум и завршил 14. во генералниот пласман. Потоа учествувал на Светските друмски првенства UCI, завршувајќи деветти на друмската трка. Енао ја заокружил импресивната сезона со петтото место на Џиро ди Ломбардија.

2013[уреди | уреди извор]

Енао го претекнал Карлос Бетанкур за победа на третата етапа на Трката околу Баскија 2013

Сезоната 2013 за Енао започнала на трките во Мајорка, каде завршил втор на Трофео Сера де Трамунтана и деветти на Трофео Платха де Муро. Потоа, возел на Волта ао Алгарве и ја освоил третата етапа, со што прв пат освоил победа во боите на Скај. На Трката околу Баскија, Енао повторно дошол до победа, освојувајќи ја третата етапа. Победата му го донела водството во обата пласмана, генералниот и бодовниот, кое го одржувал до етапата 5. Меѓутоа, Енао не можел да го задржи своето водство на последната хронометарска етапа, но сепак успеал да се задржи на подиумот освојувајќи го третото место во генералниот пласман зад Наиро Кинтана од Мовистар Тим и колегата Ричи Порт.

2014[уреди | уреди извор]

За сезоната 2014, на Енао во Тим Скај му се приклучил и неговиот братучед Себастијан Енао.[5]

Во март 2014, Тим Скај објавил дека ќе го повлечат Енао од распоредот на трките во следниве осум недели откако се подигнале прашања за резултатите за тестот земен надвор од сезоната откако се вратил во Рионегро во октомври 2013 за зимата. Главниот на Тим Скај Дејв Брејлсдорф изјавил дека способноста на екипата да ги толкува резултатите на Енао била попречена од недостигот на истражувања за физиологијата на големи височини и екипата ќе набави независно истражување за случајот.[6][7] Подоцна во јуни 2014 година, екипата објавила дека истражувањето, спроведено од Шефилдскиот универзитет во соработка со колумбиската антидопинг агенција било завршено и наодите биле испратени во ВАДА (Светската антидопинг агенција), УЦИ и колумбиските антидопинг агенција и дека Енао ќе се врати со настап на Тур де Свис 2014.[8] Меѓутоа, на повратничкото возење на хронометарот со колегите, Енао бил удрен од автомобил, здобивајќи се од фрактура на коленото и исфрлајќи од остатокот од сезоната.[9]

2015[уреди | уреди извор]

Енао се вратил на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, каде му помогнал на колегата Бен Свифт да заврши втор. Потоа возел на Трката околу Баскија каде завршил втор на третата етапа и го зел водството на трката. Го задржал водството до завршниот хронометар на шестата етапа, каде неговото четврто место не било доволно да го спречи Хоаким Родригез да победи (со 13 секунди пред Енао).

2016[уреди | уреди извор]

Енао ја започнал сезоната 2016 на Тур Даун Андер, каде завршил трет во генералниот пласман и го освоил планинскиот пласман,[10] завршил на второто место на националното друмско првенство.[11] Негова прва европска трка во годината била Париз-Ница во март, каде завршил шести во генералниот пласман и одиграл важна улога во успешното бранење на водството на колегата Герант Томас на завршната етапа со достигнувањето на неколкуте напади на Алберто Контадор.[12] Продолжил со својата добра форма во април, кога завршил втор на ГП Мигел Индураин[13] и на Трката околу Баскија, каде исто така го освоил бодовниот пласман.[14]

На 20 април било објавено дека Енао се повлекол од тркање откако UCI отворил истрага за неговиот биолошки пасош, што воделе до истите причини кои довеле до негово повлекување во 2014 година. Енао самиот изјавил дека бил „мирен и сигурен дека ќе биде решено скоро“, додека Дејв Брејлсфорд изјавил дека „веруваме во Серхио“. Забележал дека истрагата на UCI досега била непозната и се надевал дека истрагата ќе дојде до истите заклучоци како екипата од истражувањето во 2014 година.[15] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2016.[16]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Класико Сиклистико Банфоандес
1. Етапа 4
1. Етапа 6
3. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
1. Етапа 3
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години
1. Етапа 2
1. Етапа 5
2009
1. Jersey yellow.svg Краен пласман ГП ду Португал
1. Етапа 3
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Синтурион Сиклиста а Мајорка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Куп на народите
1. Етапа 3
2010
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Колумбија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 4
1. Етапа 10
2. Краен пласман Класико РЦН
1. Етапа 7
2. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
1. Пролог (ТТТ)
1. Етапа 3
2011
4. Краен пласман Вуелта а Колумбија
1. Етапа 2a (ТТТ)
2. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
1. Етапа 2
2. Краен пласман Трка околу Јута
1. Пролог
1. Етапа 5
1. Етапа 2 Класико РЦН
2012
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
3. Краен пласман Трка околу Полска
3. Трофео Деја
5. Џиро ди Ломбардија
9. Краен пласман Џиро д’Италија
Ја носел Jersey white.svg на етапите 16-17
2013
1. Етапа 3 Волта ао Алгарве
1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија
2. Флеш Валон
2. Трофео Сера де Трамунтана
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 3
5. Краен пласман Трка околу Полска
6. Амстел Голд Рејс
9. Трофео Платха де Муро
2014
7. Краен пласман Трка околу Оман
10. Трофео Сера де Трамунтана
2015
2. Краен пласман Трка околу Баскија
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Флеш Валон
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
9. Џиро ди Ломбардија
2016
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
2. Национално друмско првенство
2. ГП Мигел Индураин
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Jersey white.svg Планински пласман
6. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016
Pink jersey Џиро 9 16
Yellow jersey Тур
golden jersey Вуелта 14 28 22

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Енао“. Colombia + Ciclismo. Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија. http://colombiaespasioncafedecolombia.wordpress.com/about/henao/. конс. 28 април 2013 г. 
  2. Тим Скај (SKY) – ВБР“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (конс. 4 јануари 2014 г).
  3. Колумбискиот искачувач Серхио Енао му се придружува на Тим Скај со двегодишен договор“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 12 август 2011 (конс. 26 март 2012 г).
  4. Фратини, Кирстен. „Енао потпишал двегодишен договор со Скај“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 август 2011 (конс. 19 декември 2011 г).
  5. Со десет возачи со проширува Тим Скај“, „Тим Скај“, BSkyB, 23 декември 2013 (конс. 1 јануари 2014 г).
  6. Накрани, Сашин (19 март 2014). „Тим Скај откачи возач поради „прашањата“ околу резултатите за анти-допинг тестот“. http://www.theguardian.com/sport/2014/mar/19/team-sky-sergio-henao-anti-doping. конс. 19 март 2014 г. 
  7. Велосипедизам: Допинг-сомнеж за Енао“, 19 март 2014 (конс. 19 март 2014 г).
  8. „Енао ќе се врати на трките“. 11 јуни 2014. http://www.teamsky.com/article/0,27290,17546_9345254,00.html#YUGB6x0plXd2AClB.99. конс. 11 јуни 2014 г. 
  9. http://www.cyclingnews.com/news/sergio-henao-out-for-the-season-after-tour-de-suisse-crash
  10. Вудпауер, Зеб (24 јануари 2016). „Simon Gerrans wins the 2016 Tour Down Under“. http://www.cyclingnews.com/tourdownunder/stage-6/results/. конс. 14 април 2016 г. 
  11. „Avila wins Colombian national road title“. 21 февруари 2016. http://www.cyclingnews.com/races/colombian-road-national-championships-2016/results/. конс. 14 април 2016 г. 
  12. „Thomas wins Paris-Nice despite Contador attack“. 14 март 2016. http://www.cyclingnews.com/paris-nice/stage-7/results/. конс. 14 март 2016 г. 
  13. „Izagirre wins GP Miguel Indurain“. 3 април 2016. http://www.cyclingnews.com/races/gp-miguel-indurain-2016/results/. конс. 14 април 2016 г. 
  14. Бенсон, Даниел (9 април 2016). „Contador wins final time trial to secure overall title at Vuelta al Pais Vasco“. http://www.cyclingnews.com/races/vuelta-ciclista-al-pais-vasco-2016/stage-6/results/. конс. 15 април 2016 г. 
  15. UCI opens biological passport case against Sergio Henao“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 20 април 2016 (конс. 20 април 2016 г).
  16. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=163736&c=3. конс. 30 јуни 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]