Енрико Гаспарото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енрико Гаспарото
Гаспарото на Тур де Франс 2013.
Лични податоци
Цело име Енрико Гаспарото
Прекар Џало
Роден 22 март 1982 (1982-03-22) (воз. 34 г.)
Сачиле,  Италија
Висина 1,74 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Ванти-Груп Гобер
Дисциплина друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2005–2007
2008
2009
2010–2014
2015-
Ликвигас-Бјанки
Барловорлд
Лампре-НГЦ
Астана
Ванти-Груп Гобер
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 ТТТ (2007)

Етапни трки

Стер Електротур (2008)

Еднодневни трки и класици

MaillotItalia.svg Национален друмски првак (2005)
Амстел Голд Рејс (2012, 2016)

Други

Европска турнеја UCI (2007–2008)
Последна промена
1 мај 2016

Енрико Гаспарото (италијански: Enrico Gasparotto; р. 22 март 1982 во Сачиле) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Ванти-Груп Гобер, а претходно возел за UCI World Tour екипата Астана, каде се приклучил во 2009 година. Станал професионалец во 2005 година со екипата Ликвигас-Бјанки и останал таму три години.

На Џиро д’Италија 2007, Гаспарото ја предводел екипата Ликвигас на првата етапа кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.

Гсзпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот,[1] и Гаспарото ги поминал возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт и Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[2] Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од Астана, Максим Иглински.[3] На Вуелта а Еспања, Гаспарото и екипата Астана ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зајтс и самиот Гаспарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Гаспарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради скршеници на три места на неговата клучна коска.[4]

Во ноември 2014 година, Ванти-Груп Гобер објавиле дека Гаспарото ќе им се приклучи за сезоната 2015.[5]

Гаспарото ја освоил трката Амстел Голд Рејс по втор пат во 2016 година, поразувајќи го Михаел Валгрен во меѓусебниот спринт откако двоецот се одвоил од главната група во завршните километри на трката. Тоа било прва победа за Гаспарото по победата во 2012 година и ја посветил на Антоан Демоатје, негов колега кој починал по падот и судирот на Гент-Вевелгем претходниот месец.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2005
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. Етапа 2 Волта а Каталуња
2006
1. Меморијал Кимури
3. Копа Сабатини
2007
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д‘Италија
Ја носел розовата маичка Jersey pink.svg на етапите 1 & 3
2. Краен пласман Трка околу Данска
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 3
1. Џиро дела Ромања
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
3. ГП ди Лугано
2009
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман Тур де Свис
2010
1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
3. Астел Голд Рејс
9. Страде Бјанке
2011
4. Тре Вали Варезине
2012
1. Амстел Голд Рејс
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Трофео Лагвелја
2013
5. Џиро ди Ломбардија
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Гран при Монтреал
9. Астел Голд Рејс
2014
8. Астел Голд Рејс
8. Гран при Квебек
9. Гран при Монтреал
2015
8. Амстел Голд Рејс
9. Копа Уго Агостони
2016
1. Амстел Голд Рејс
2. Брабантсе Пејл
5. Флеш Валон

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 97 92 60 СО 66 97
Jersey yellow.svg Тур 95
Jersey red.svg Вуелта 82 68 78

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фреир вели дека ветрот ги уништил неговите шанси за освојување на Амстел Голд Рејс“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 април 2012 (конс. 16 април 2012 г).
  2. Гаспарото го освоил Амстел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 април 2012 (конс. 16 април 2012 г).
  3. Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Velo News“, VeloNews.com, 22 април 2012 (конс. 22 април 2012 г).
  4. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Скршеница на клучната коска за Енрико Гаспарото по падот во екипниот хронометар“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012 г).
  5. „Енрико Гаспарото се враќа во Ванти-Груп Гоберт“ (на француски). 21 ноември 2014. http://www.rtbf.be/sport/cyclisme/detail_enrico-gasparotto-rejoint-wanty-groupe-gobert?id=8423912. конс. 26 ноември 2014 г. 
  6. „Enrico Gasparotto dedicates Amstel Gold win to Antoine Demoitié“. 17 април 2016. http://www.theguardian.com/sport/2016/apr/17/enrico-gasparotto-amstel-gold-win-antoine-demoitie. конс. 19 април 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]